Забранет влез во Грција за сите возила
Од 18:40 часот граничниот премин Евзони е целосно блокиран за сите видови сообраќај за влез во Република Грција. Излезот од Грција кон соседните држави е дозволен и функционира исклучиво за товарни моторни возила (ТМВ). На патниците им се препорачува да ги следат официјалните информации и, доколку е можно, да користат алтернативни гранични премини.