Прес-конференција со лауреатот на Златен венец на 64. СВП (видео)
Прес-конференција со добитникот на Златен венец на 64-те Струшки вечери на поезијата, словачкиот поет Иван Штрпка
Прес-конференција со добитникот на Златен венец на 64-те Струшки вечери на поезијата, словачкиот поет Иван Штрпка
Бурни овации за европската премиера на „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски која вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ го затвори 65. „Охридско лето“. Изведбата на претставата, не само што се истакна со својата оригинална интерпретација на оригиналот на Софокле, реализирана на квадратно платно, туку понуди и уникатно искуство […]
Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“, во состав: д-р Анастасија Ѓурчинова (претседател), д-р Јана Михајловска и Иван Шопов на својот работен состанок одржан на 20 август 2025 (среда) во просториите на издавачката куќа „Антолог“ одлучи во првиот круг на селекција да влезат 22 изданија од 13 издавачки куќи, во превод на 23 преведувачи и од […]
Актерот Реј Винстон, како признание за неговата извонредна актерска кариера и исклучителен придонес во кинематографијата, синоќа во Националниот театар Сараево го прими Почесното срце на Сараево. „Наградите се смешни работи. И некако најзборувани. А она што го прави ве тера да размислите за причините зошто. Го правам ова 50 години и ве тера да размислите […]
Ретроспективна изложба на Жанета Вангели ќе биде отворена, вечерва, во 20 часот, во „Чифте-амам“. Овој проект на Националната галерија на Македонија финансиски е поддржан од Министерството за култура и туризам. Кураторка на проектот е Маја Крстевска, а стручен соработник е Горанчо Ѓорѓиевски. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани, а […]
Урбано Скопје синоќа се собра на специјална проекција под ѕвездено небо на „Rooftop Open Air Cinema“ во Скопје Сити Мол, во чест на јубилејот– 20 години од премиерата на култната македонска црна комедија „Балканкан“ во режија на Дарко Митревски. На настанот присуствуваше дел од филмската екипа, актерите Владо Јовановски, Ѕвезда Ангеловска, Ирена Ристиќ, Емил Рубен, ѕвездите од К15 – Васко Тодоров […]
64-тото издание на Меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата почнува денес, 21 август. Фестивалот, кој ќе трае до 25 август, со учество на 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, земјава и регионот, традиционално ќе започне со садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ […]
Отворањето на 16. „Македокс“ ќе се одржи вечер со почеток од 20:30 часот во „Куршумли-ан“. На програмата се краткиот документарен филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ на Робин Петре, информираат организаторите на настанот. – Филмот „Бардо“ носи длабок здив со искуства што навлегуваат уште подлабоко и темна […]
„Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Ѓеорги М. Унковски, синоќа, имаше регионална премиера во конкуренцијата за наградата Срцето на Сараево на 31. Сараевски филмски фестивал (15-22 август). На црвениот тепих на најпрестижниот филмски фестивал во регионот и пошироко, зачекори дел од екипата на филмот. Тие отпосле ставија и свои потписи на нивните портрети во фоајето на […]
Потпишувањето на Меморандумот на Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт за истражување, вчера, го врати од заборав римскиот град Скупи, едно од најзначајните археолошки места во Македонија, лоциран на падините на Зајчев Рид и оддалечен одвај пет километри од центарот на Скопје. Локалитетот, дотогаш запуштен, со густа вегетација, диви животни и отпад, […]
НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата. Целта на потпишувањето на Меморандумот е интензивирање на соработката помеѓу фестивалите, како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички. […]
Англискиот дистрибутерски гигант „Dogwoof“ од Лондон ги откупил светските права за интернационална продажба на „Сиљан“ [The Tale of Silyan] – најновиот документарен филм на Тамара Котевска. „Dogwoof“ е компанија позната по современи документарци со Оскар и BAFTA номинации, а ова е нивна втора соработка со Котевска по успехот со „Медена земја“. Вклучувањето на „Dogwoof“ е […]
Репертоарот на класична музика на годинешното 65.издание на фестивалот „Охридско лето“ синоќа беше заокружен со концерт на извонредните уметници на хармоника од „Моушн трио“ од Полска. Нивниот настап во црквата „Света Софија“ се одржа во рамките на традиционалната Полска вечер што секоја година се одржува на фестивалот.Вечерта ја отвори полскиот амбасадор во земјава, Мариуш Бримора. […]
Стихозбирката „Ние сме Ева“ од Оливера Андоноска е наградена со „Антево Перо“ за 2025 година. Одлуката едногласно ја донесе жири-комисијата за доделување на наградата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател) и д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови). Наградата „Антево перо“ ќе озвоможи печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори. […]
Годинава се изведува десеттата археолошка кампања на локалитетот Врбјанска Чука, која е резултат на континуираната соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Прилеп. Целта на ова мултидисциплинaрно истражување, во кое се вклучени и бројни европски институции, е темелно разбирање на неолитската населба на локалитетот и неговото подоцнежно функционирање во антиката […]
Книжевна средба со Капка Касабова ќе се одржи вечер во кафе-книжарницата „Буква“. Низ разговор со авторката, творештвото на Касабова, со фокус на двете книги преведени на македонски јазик, „Кон езерото“ и „Граница“, ќе го претстават Ана Витанова Рингачева и Александар Маџаровски, а за преведувачките предизвици на нејзините дела ќе зборува Бранислав Мирчевски. Организатор на книжевната […]
Годинешното јубилејно 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ ќе биде затворено со европската премиера на театарската претстава „Приказната на Електра“, работена според текст на Сашо Димовски, режија на Дејан Пројковски, во копродукциска изведба на Театарска асоцијација на Јужна Кореја, АРТЕМА – Театарска лабораторија и Националната установа „Охридско лето“. Во описот за претставата се наведува дека […]
Изградбата на Универзална сала ќе биде во една фаза, за тоа се обезбедени се 20 милиони евра и се очекува нејзино отворање до крајот на 2027 година, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, одговарајќи на новинарски прашања при посета на локалитетот Скупи. -Како што најавив уште на почетокот на моето министерување, некаде […]
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со делегација од Германскиот археолошки институт од Берлин и претставници од Музејот на град Скопје, денес го посетија археолошкиот локалитет Скупи. Во рамки на настанот беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството и Институтот, како и Договор за соработка меѓу Римско-германската комисија и Музејот на град Скопје. […]
Потпишување Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт од Берлин на Археолошкиот локалитет Скупи.