Заштитата на културното наследство е почитување на европските вредности, порачаа министрите за култура на ЕУ


Во време на зголемена геополитичка несигурност, културата и културното наследство се од суштинско значење за заштитата на демократијата и почитувањето на европските вредности, порачаа министрите за култура на земјите членки на ЕУ. – Заштитата и промоција на културното наследство на Европа и на културата во сите нејзини форми се клучни фактори во градењето и одржувањето […]

„Хеликон пред микрофон“: Читање антички стихови и современа македонска поезија со одгласи на антиката


Во аулата на Филозофскиот факултет во Скопје денеска во 12 часот ќе се одржи поетскиот настан „Хеликон пред микрофон: читање антички стихови и современа македонска поезија со одгласи на антиката“, во организација на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет. Настанот е дел од серијата настани што Филозофскиот факултет оваа година ги организира по повод […]

Гала концерт во НОБ со светски познатата оперска дива Инва Мула


На сцената на Македонската опера и балет, вечер во 20 часот ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев. Инва Мула, сопран е […]

Фестивал на австралиски филм во Кинотека


Краткиот Фестивал на австралиски филм ќе се одржува денеска и утре во Кинотека на Македонија по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија. Организатори се Австралиската амбасада во Белград, која ги покрива и Македонија и Црна Гора, заедно со Кинотека на Македонија. Публиката вечер, во 20:00 часот, ќе може да го погледне […]

„Единствената жена во просторијата“ – вистинска приказна за Хеди Ламар, холивудска ѕвезда и генијален ум зад WiFi, GPS и Bluetooth


Познатата холивудска ѕвезда Хеди Ламар, која истовремено била и позната иноваторка, е инспирација за новата книга „Единствената жена во просторијата“ од Мери Бенедикт. Романот на македонски јазик e во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, што ја објави и претходната книга на Бенедикт, бестселерот „Другиот Ајнштајн“. Хеди Ламар, покрај тоа што […]

Промоција на „Дијалози за слободата“ на Љупчо Јолевски


Промоција на книгата „Дијалози за слободата“ во авторство на Љупчо Јолевски ќе се одржи в четврток (27 ноември) во галеријата „Метаноја“, во 19 часот. Настанот ќе го отвори директорката на „Метаноја“, Нада Милкова, а за книгата ќе говорат Коста Милков и Маја Чанкуловска-Михајловска. За своето дело на публиката ќе ѝ се обрати и авторот Љупчо […]

„Сè што ни е заедничко“: новата изложба во МСУ го отвора прашањето за воздухот како политичко поле


На 27 ноември во 20 часот, Музејот на современата уметност – Скопје ќе ја отвори изложбата „Сè што ни е заедничко (Институција која дише)“, кураторски проект на Мира Гаќина и Јованка Попова. Изложбата ја развива идејата за „борбено дишење“ – поим што го опишува воздухот како политичко поле, како простор на отпор, но и како […]

Книжевен портрет на Јулијана Величковска во Македонскиот КИЦ во Софија


Книжевен портрет на Јулијана Величковска ќе се одржи денеска во Македонскиот Културно-информативен центар во Софија, по повод наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година. На настанот него ќе биде претставено севкупното книжевно творештво на Јулијана Величковска, со особен фокус на стихозбирката „Рајсфершлус“ (2024, ПНВ Публикации) за која ја освои најзначајната национална награда за поезија „Браќа Миладиновци“ […]

„Звук што трае“ – роденденски концерт на Македонската филхармонија


Вечерва, во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи својот роденденски концерт насловен „Звук што трае“ со кој ќе одбележи 81 година од формирањето. На програмата се суитата бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“ од Трајко Прокопиев, Концерт за виолина и оркестар во де-мол од Арам Хачатуријан и Симфонијата бр.1 од Јоханес Брамс. Како солист ќе настапи […]

Промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева-Улчар


Во Музејот на револуционерната борба вечерва во 19, 30 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева-Улчар, во издание на СИВЕЈАН. Промотор на книгата е професор д-р Владимир Мартиновски, за издавачот Тихомир Методи Јанчовски, а стихови ќе чита Ирена Илиевска. Музичкиот блок е на Благој Ламњов, кларинет, а водител […]

„Диџеј Ахмет“, „Мајка“ и „Утре наутро“ во декември во Кинотека


Програмата во декември на Кинотеката на Северна Македонија ќе понуди премиери, филмови од европски автори и проекции во рамки на фестивалот „Синедејс“.  -Во средиштето на програмата се новите македонски филмови, кои ја реафирмираат свежината и зрелоста на домашната продукција. Премиерите на долгометражните наслови од Георги Унковски – „Диџеј Ахмет“, Теона Стругар-Митевска – „Мајка“ – со […]

Промоција на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска на 3 декември


Во среда, 3 декември од 19 часот во „Јавна соба“, Скопје, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска, посветена на македонската кореографка за современ танц ‒ Рисима Рисимкин. Изданието е на „ПНВ Публикации“ и објавено е со поддршка од Министерството за култура и туризам. Монографијата низ разговор со Јасна Франговска и Рисима […]

Глас, Попер и Чајковски: Ексклузивен концерт под свеќи на Профундис со Петар Пејчиќ


Камерниот оркестар „Профундис“ ќе настапи како дел од оф-програмата на најпрестижниот македонски уметнички фестивал – Охридско лето, која годинава, за првпат, ќе биде претставена пред скопската публика. Концертот ќе се одржи на 29 ноември, во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, во препознатливата candlelight атмосфера, под светлината на илјадници свеќи – амбиент кој […]

„Како сепија, со мастило правам место за себе во светот“ – нова збирка раскази од Живко Грозданоски


Објавена е најновата, четврта збирка кратки раскази од прозаистот, преведувач, поет и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Живко Грозданоски. Книгата „Како сепија, со мастило правам место за себе во светот“ содржи 26 кратки автобиографски раскази, поместени во пет циклуси. – Автобиографските записи се мошне малку распространети во нашата литература, зашто, соочувањето […]

Поезијата на Раде Силјан се чествуваше во Загреб


Универзитетски професори, академици, хрватски македонисти, писатели, дипломати, уметници, новинари, студенти, ученици и членови на македонската заедница, во Загреб, заеднички, на највисоко ниво го чествуваа делото на македонскиот поет Раде Силјан. Салата на централната загрепска библиотека „Богдан Огризовиќ“, вчера, на денот кога пред 86 години е објавена Рациновата „Бели мугри“, имаше љубопитна публика за одбележување два […]

„Период на кентаурите“ – изложба на скулптури од Недим Хаџи Ахметивиќ – Мафа


– Во организација на Културно-информативниот центар – Скопје вечер со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата насловена „Период на кентаурите“ од академскиот скулптор од Србија Недим Хаџи Ахметовиќ – Мафа. Изложбата ќе биде отворена до 12 декември 2025 година. Неговото творештво вклучува неколку различни циклуси насочени кон критикување на насилството на технологијата врз човештвото. […]

Белград прв ги виде делата на македонските бардови на ликовната уметност: Отворена изложбата „Откритија“


Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва министерот за култура Зоран Љутков ја отвори изложбата ОТКРИТИЈА – прва од серијата изложби посветени на македонски ликовни уметници, чии дела се наоѓаат во приватни белградски колекции. – Вечерва Белград повторно е домаќин на македонската душа. Вечерва во овој простор сведочиме за едно посебно интимно случување кое ги […]

Турскиот театар ќе се пресели во нова зграда до крајот на 2026 или почетокот на 2027 , вели Љутков


Турскиот театар, кој  повеќе од една деценија е во изградба, ќе се пресели во нова зграда ( лоцирана во населбата Пролет близу Железничката станица), до крајот на 2026 или почетокот на 2027 , рече Љутков одговарајќи денес на новинарско прашање, при посетата на Театар Комедија, каде ансаблот сцената ја дели со нивните колеги од Турски […]

Театар Комедија се поднови со ново гледалиште и ПВЦ-под, донација од Полска


Театар Комедија има обновено гледалиште со 305 нови столчиња за публиката и нов ПВЦ-под. Реновирањето овозможено и со донација на Република Полска почна пред 20-ина дена и чини околу 9 милиони денари.  -Тие столови имаа историја од шеесетина години, носеа некоја емоција и традиција, но, сепак, веќе беа нефункционални и имаше поплаки од публиката. Им […]

„Дедо Мраз ослабел?” и „Заспаната добрина”: Две новогодишни детски претстави во Драмски 


„Дедо Мраз ослабел?” и „Заспаната добрина”, се двете детски новогодишни претстави што за нашата најмала публика ќе се играат на 25, 26, 27 и 30 декември на големата сцена на Драмски театар Скопје. Претстава „Дедо Мраз ослабел?” со многу хумор и топлина ги учи децата дека: „Вистинската магија не е во мешето, туку во срцето”. […]