Балетски бисер „Шехерезада“ вечерва на сцената на Националната опера и балет


На сцената на Националната опера и балет, вечер со почеток во 20:00 часот ќе биде изведен балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, ремек-дело кое ја обединува магијата на ориенталните приказни со раскошната балетска уметност. Базирана на мотивите од „Илјада и една ноќ“, оваа балетска класика ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата […]

Концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“ на Факултетот за музичка уметност – Скопје


Факултетот за музичка уметност – Скопје, вечер со почеток во 20:00 часот во Големата концертна сала на македонската Филхармонија, ќе одржи годишен концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, по повод 59-годишнината од постоењето на институцијата. Концертната програма ќе ја изведат Симфонискиот оркестар на ФМУ; Мешаниот хор „Драган Шуплевски“; Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“; […]

Битолски театар и Бабец театарот гостуваат во Шведска


Екипата на Битолскиот театар со претставата ,,Ако останеш дома” по мотиви на Карој Сакони и екипата на Бабец театарот со „На гости кај Кате и Фреда“, по делото на Ингеборг Фон Задов, двете претстави во режија на Јован Ристовски, гостуваат во Трелеборг, Шведска на покана на македонско шведското друштво Пелистер. Битолскиот театар ќе ја изведе […]

Браќата Дарден, македонска ко-продукција и концерти вечерва на Синедејс


 Со вечерашниот репертоар започнува официјалната натпреварувачка програма на 24 CINEDAYS. Во двете селекции, Официјална конкуренција и СЕЕ се натпреваруваат европски филмови и копродукции кои ја претставуваат флуидноста и непосредноста на можни соработки меѓу филмските работници. Филмот ЕРА, во режија на Парта Келменди е првата македонска копродукција која ја гледаме на овогодинешниот фестивал, а е селектиран […]

Гости од Вуковар за Божиќниот концерт на Хрватскиот културен центар во Битола


На 5 декември  во петок, од 19 часот, во свечената сала на Културно информативниот центар Битола, Македонско-хрватското друштво и Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ”, организираат Божиќен и предновогодишен концерт, кој овoј центар традиционално го организира секоја година на радост на љубителите на хрватската култура во Битола. На програмата се концерт на учениците и професорите на […]

„Оние работи: Есеи за женската сексуалност“- промоција на книга од Јасна Јасна Жмак


Тиииит! Инк. Ве поканува на промоција на книгата „Оние работи: Есеи за женската сексуалност“ од хрватската авторка Јасна Јасна Жмак,  ќе се одржи на 9 декември од 19:30 часот, во просторот „Netaville“ на ул. Никола Тесла бр. 9, во Скопје.   „Оние работи“ претставува збирка есеи во кои Жмак се занимава со теми за кои општеството често молчи: женското тело, […]

Промоција на новиот роман од Венко Андоновски „Александар јава на Запад“’


Вечерва со почеток во 19 часот, на Малата сцена во МНТ, ќе се одржи промоција на „Александар јава на запад“, новиот роман од Венко Андоновски. -По точно три години од големиот книжевен спектакл што го одбележа пристигнувањето на „Папокот на светлината“ во Кино „Милениум“, и по големиот успех на оваа книга што досега доби 6 […]

Во македонскиот КИЦ во Софија концерт на квинтетот „СаксКлар“


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи концерт на квинтетот саксофонисти – „СаксКлар“. Македонските музичари пред софиската публика, преку аранжманите на Нинослав Димов специјално подготвени за овој неконвенционален музички камерен ансамбл, ќе се претстават со исклучителен репертоар, кој вклучува разни музички стилови, и ќе ги задоволат сите сетила и вкусови на љубителите на […]

Доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман


Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година и промоцијата на победничкиот роман „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска ќе се одржат на 9 декември (вторник) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Кон наградата и победничкиот роман ќе се осврнат Иван Додовски (професор, писател, книжевен и театарски критичар) и Бисера Бендевска (уредничка во […]

Премиера на „Анна“ во режија на Нина Николиќ во Театар Комедија


Претставата „Анна“ по текст на Драгана Лукан Николоски, а во режија на Нина Николиќ, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија во Скопје. Ова е десетта премиера на Театар Комедија за 2025 година.   Ана има сè – углед, стабилност, совршено семејство. Но зад затворените врати се крие една […]

Француска експлозија на овации за „Дон Кихот во Скопје“ во срцето на Париз


Француската премиера на делото „Дон Кихот во Скопје“ од Дијана Имери Илкоска и Дино Имери, изведена на 30 ноември во волшебната париска црква „Petite Etoile“, беше дочекана со бурни овации и ентузијазам што ретко се гледа на концертна сцена. Публиката, видливо воодушевена од моќната интерпретација и од уникатноста на делото, не престануваше да ги враќа […]

Македонскиот јазик и култура на голема врата во образованието во Хрватска


Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска потпиша Решение за изучување на македонски јазик и култура по модел Ц во најголемото подрачното основно училиште „Стрмец“, во градот Св. Недела.  Ова го соопшти Желка Ненадиќ, претставничка од Управата за национални малцинства при Министерството за наука, образование и млади на манифестацијата „Македонскиот јазикот е нашиот […]

Премиера на филмот „Луда љубов” од Жил Лелуш


Во организација на Францускиот институт во Скопје вечерва во кино „Синеплекс – Скопје Сити Мол“ ќе се одржи гала филмска вечер со премиерата на филмот „Луда љубов” (2024) од Жил Лелуш. Настанот свечено ќе го отворат Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за соработка и култура при Амбасадата на Франција и […]

Со проекција на два филма истовремено вечерва започнува 24. Синедејс


Добитникот на Златната палма на Канскиот фестивал „Тоа беше само несреќа“ во режија на Џафар Панахи и биографискиот документарец „Човек лавина“ за Драгољуб Ѓуриќиќ, првиот тапанар на Леб и сол во режија на Слободанка Радун, вечерва се отвара 24 CINEDAYS Фестивал на европски филм. „Многу вешто го создадовме ова издание на фестивалот, кое ќе нé […]

Филмскиот фестивал во Маракеш ја слави кариерата на Џоди Фостер


Џоди Фостер беше почестена на Филмскиот фестивал во Маракеш, каде што одржа трогателен говор во кој се потсети на своите шест децении во киното. Фестивалот, кој генерира илјадници локални работни места и претставува извор на гордост за мароканскиот народ, е еден од  меѓународните фестивали од тој обем каде проекциите и мастер-класовите се бесплатни и отворени […]

Зимски „МакеДокс“ на „Синедејс“


Фестивалот на креативен документарен филм со настанот „Зимски МакеДокс“ ќе гостува во програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, што од 3 до 10 декември ќе се одржи во МКЦ и во Кинотеката. Од 5 до 7 декември, во рамки на програмата на 24. „Синедејс“, ќе биде прикажан избор на долгометражни победници од 16-тото издание на […]

Конкурсот за наградата „Оливера Николова“ ќе биде отворен до 11 јануари 2026


Вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади ќе трае до 11 јануари 2026 година. Победникот на наградата востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе биде соопштен на 11 март 2026, на денот на раѓањето на големата македонска писателка Оливера Николова. Право на учество на конкурсот имаат сите полнолетни лица кои ќе […]

Драмски со „Куршуми над Бродвеј“ и „Кармен“ на фестивалот РУТА во Белград


Синоќа во Белград со копродукциската претстава „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ се отвори седмиот театарски фестивал РУТА во организација на Београдско драмско позориште што ќе трае до 6 декември. На свеченото отворање Душан Ковачевиќ, член на бордот на Регионалната унија на театри во […]

ДПМ го отвори конкурсот за годишните награди на ДПМ за 2025


Управниот одбор на ДПМ го отвори конкурсот за традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за дела објавени во 2025 г.: „Стале Попов“ – за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“ – за најдобра збирка песни, „Ванчо Николески“ – за најдобра книга за деца, „Димитар Митрев“ – за најдобра книга критика или есеистика и […]

„Ритамот на душата, бојата на традицијата“ – „Танец“ ја завршува сезоната со годишен концерт


Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со голема чест и задоволство ја најавува својата кулминација на сезоната-Годишниот концерт-„Ритамот на душата, бојата на традицијата“ Дата: 20.12.2025 Сабота Место: Национална Опера и Балет Време: 19:30 часот Ова е вечер кога сцената ќе оживее со „Ритамот на душата, бојата на традицијата“- мотото под кое се одвива […]