Базар на рачни изработки во недела во хотел Континентал


Поп-ап базар на ракотворби ќе се одржува на 19 август во хотел Континентал во соработка со Институт „Креативна Македонија“. Настанот ќе започне во 17 часот. – Ова е одлична прилика да се дружите, забавувате, да дознаете нешто ново и да си заминете со нешто уникатно.Покрај занаетчиите и ракотворците, чуварите и одржувачи на духот на рачната […]

На „МакеДокс“ за една недела ќе бидат прикажани 70 филмови


Со прикажување на краткометражниот филм „Вај – Фај плаза Куба“ на режисерот Адријан Келтенборн во чешко, кубанска и шпанска копродукција и на долгометражниот филм „Кеди“ на режисерката Сејда Торун во американска копродукција на 16 август во Куршумли-ан ќе биде отворено деветтото издание на Фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“. На него ќе бидат прикажани 70 […]

Завршен краткометражниот нем филм „Љубовникот“ на Игор Иванов Изи


Краткометражниот филм „Љубовникот“, снимен во манирот на старите неми филмови по сценарио и во режија на Игор Иванов Изи, а во продукција на „Скопје филм студио“, е во завршна фаза на пост-продукција. Од продукциската куќа соопштија дека филмот пред неполни два месеца беше снимен на локација во Скопје во населбата Карпош 2, каде што со […]

Со интеркултурната комуникација до прогресивно општество


Мултиетничките општества и средини бездруго изискуваат кохезија помеѓу населението на една држава со цел истото да биде прогресивно. Клучот на кохезијата на едно општество е интеркултурната комуникација и интеракција. Засегнатите страни во мултикултурните општества треба постајоно да работат на обезбедување нови можности за младите да бидат проактивни во напорите да ги разберат сличностите и разликите […]

„Во агонија“ од Крлежа на „Охридско лето“


Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечер, во предворјето на црквата „Света Софија“, ќе биде изведена театарската претстава „Во агонија“ од Мирослав Крлежа. Улогата на Лаура Ленбахова ќе ја игра Нела Кочиш, Иван племенитиот Крижовец е Озрен Грабариќ, а Барон Ленбах го толкува Дарко Стазиќ. Сценографијата е на Петра Крилетиќ, додека изборот на костимите го […]

Колос Цури и Кира Гоголадзе најдобри на „Езерски бисери 2018“


Пијанистот  Колос Цури (Македонија) и пејачката Кира Гоголадзе (Русија) се лауреати од прв степен и  добитници на највисокото признание „Бисер на фестивалот“  на Езерски бисери 2018. Колос Цури освои најголем број поени од интернационалното жири во програмата класика, а Кира Гоголадзе во програмата естрада. Тие добија фестивалски статуетки, парична награда и охридски бисери од семејството […]

(Фото) Сараево филм фестивал: Северина со сопругот на црвениот килим


БиХ– Најпрестижниот филмски црвен килим деновиве е распослан во Сараево каде се одржува 24. издание на престижниот филмски фестивал,  најголема регионална филмска смотра во овој дел од Европа. До 17 август фестивалот ќе донесе 266 филмски остварувања од 56 земји во светот и многу ѕвезди и оскаровци. Во Сараево уживаат и се дружат оскаровците Денис […]

Филмот „Јавачи на коњи“ награден во Америка


Филмот „Јавачи на коњи“, социјална драма по сценарио на Никола Кузелов и во режија на Марјан Гавриловски, доби награда за најдобар филм на филмскиот фестивал „Fam Fest International 2018“ во Северна Каролина, САД. Како победник на фестивалот, македонскиот филм е автоматски селектиран и влегува во трка на „World Film Fair“ во Њујорк оваа година. Покрај […]

Почина нобеловецот В.С. Нејпол


Англија–  Британскиот писател и добитник на Нобеловата награда за книжевност, В.С. Нејпол почина на 85-годишна возраст во својот дом во Лондон, соопшти неговото семејство. Неговата сопруга Надира Нејпол истакна во соопштението дека тој беше „голем во се што постигна и оти почина опкружен со луѓето кои ги сакал во текот на животот, исполнет со величенствена […]

Концерт на Дрилон Чочај на „Охридско лето“


Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичката програма, со соло концертот на косовскиот гитарист Дрилон Чочај во катедралната црква „Света Софија“. Дрилон Чочај со гитарата се запознава на седумгодишна возраст во кругот на семејството. Подоцна се запишува во музичкото училиште „Лоренц Антони“ во Призрен, а во 2004 година ги запишува своите додипломски студии […]

Струшки вечери на поезијата од 22 до 27 август


Од 22 до 27 август во Струга ќе се одржат 57. Струшки вечери на поезијата. Според традицијата, манифестацијата треба да почне на 22 август претпладне со садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на највисокото признание „Златен венец“, за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски. Официјалното отворање е вечерта со палење на […]

Луан Старова со нов роман „Полифонисти“


Во “Куќата на Уранија” (зграда на МАНУ), во Охрид, во рамките на Научната и уметничка визита – Охрид 2018, беше промовиран е најновиот -13. роман на Луан Старова, „Полифонисти” . По тој повод, академиците Луан Старова и Васил С. Толе (секретар на Албанската академија на науките и уметносите), одржаа заедничко предавање: „Полифонија и Полифонисти“, а […]

Почна Сараевскиот филмски фестивал


Годинашното 24. издание на Сараевскиот филмски фестивал започна завчера со свечена проекција на црно-белата историска драма „Студена војна“ на реномираниот полски режисер Павел Павликовски. За овој филм Павликовски годинава ја освои „Златната палма“ во Кан како најдобар режисер. Претходно, во утринските часови, филмот  им беше прикажан на акредитираните новинари, а веќе од денес тој термин […]

Севдалинки со Амира Медуњанин трио на „Охридско лето“


Музичката програма на годинешното 58-мо издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со несекојдневното доживување што го носи неповторливата босанска вокалистка Амира Медуњанин, која во „Света Софија“ во придружба на контрабасистот Звонимир Шестак и гитаристот Анте Гело. Станува збор за нестандардна музичка вечер, на која публиката ќе може да ужива во прекрасните преработки и интерпретации […]

Уникатниот неолитски локалитет „Врбјанска чука“ ќе биде претставен на меѓународни конференции


Археолозите ги завршија годинашниве истражувања на неолитскиот локалитет „Врбјанска чука“ во Кривогаштанско, неспорно потврдувајќи дека датира од пред 8000 години, а бројните наоди го вбројуваат во уникатните не само во Македонија, туку на Балканот и во Европа. Локалитетот ќе биде претставен на конференции во Шпанија, Швајцарија и во декември во Македонија. Според Гоце Наумов од […]

Фестивалот „Десонанз“ организира журка во клубот „Грисмуле“ во Берлин


Македонскиот електронски фестивал „Десонанз“, кој годинава обележува 10 години од основањето, на 15 август ќе биде дел од маратонска берлинска журка која се одржува во вториот најголем клуб во Берлин, „Грисмуле“. На тамошна покана, претставниците од „Десонанз“, освен што ќе настапуваат и ќе го промовираат концептот на македонскиот фестивал, тие ќе бидат и куратори на […]

Марија Џунова ќе претстави артвидео во Велес


Ликовната уметница Марија Џунова од Велес ќе го претстави своето арт видео на видеобим на надворешен ѕид од театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“. Видеото ќе се прикажува секој вторник од 14 август до 4 септември од 19 до 19.30 часот. На арт видеото е документиран прерформансот „Мантра за секогаш мрсни времиња за професорот и Герил Брутски“ одржан […]

Весна Ѓиновска-Илкова, примадона: Уметниците треба да се пример за морал


Примадона на оперската сцена, дама во приватниот живот. Весна Ѓиновска-Илкова, сопран, првенец на Македонската опера и балет и редовен професор на ФМУ е актуелна со настапите на „Охридско лето“, но и како гостинка на концертите на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски во Скопје и во Охрид. Плени со својата моќна вокална и драмска изведба во текот […]

Именувани директори на осум национални институции од културата


Министерот за култура Асаф Адеми по спроведените конкурси именуваше директори на осум национални установи со полн мандат од четири години. Како што објави Министерството за култура, Гордана Змејковска е именувана за директор на Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид, Маја Андоновска-Илијевски за директор на Центарот за култура во Битола, Роска Илиева – на Центарот за култура […]

Вечер на камерна музика на „Охридско лето“


Денешната музичка понуда на фестивалот „Охридско лето“ е  Вечер на камерна музика со ансамблот на „Игњац Фукс” што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во 21 часот. Во ансамблот на „Игњац Фукс“ членуваат македонско-австриската виолинистка Фросина Богдановска,  хрватскиот уметник Хрвоје Филипс кој свири на виола, македонско-хрватскиот контрабасист Илин Диме Димовски, српскиот кларинетист Александар Тасиќ, […]