Претставата „Марија Калас – Час“ во МОБ


На малата сцена во Македонска опера и балет вечерва од 20 часот ќе биде изведена претставата „Марија Калас – Час“ – Теренс Мекнели во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2018. Режијата и преводот е на Урсула Хорнер, костимографија Марија Пупучевска, графички дизајн Марија Ветероска, светло дизајн Васко Лисичов. Во претставата настапуваат Надежда Рубен, Андреја […]

Влада: Се основа нова национална установа „Гостиварски театар“


Владата на Република Македонија на седница одржана на 30 октомври донесе одлука за основање нова национална установа „Гостиварски театар“ во Гостивар. Одлуката е донесена имајќи го предвид мислењето на Министерството за финансии, како и оправданоста за основање нова национална установа. Основањето на нова театарска установа во Гостивар беше една од заложбите на министерот за култура […]

И еден изгледан филм е богатство


Под слоганот „Збогати се преку ноќ“, на 8 ноември во Младинскиот културен центар ќе стартува Меѓународниот фестивал за европски филм „Синедејс“. Како што информираше директорот на МКЦ, Русе Арсов, мотото е инспирирано од тоа што за рок од една година во Скопје се отворени 30 обложувачници, па овие десет филмски дена препорачуваат духовно збогатување. Неформално […]

Јубилејно издание на интернационалниот фестивал „Музика од Светот“ во Битола


НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на интернационалниот фестивал „Музика од Светот“ ја промовира програмата на јубилејното, 10-то издание кое од 16 до 18 ноември ќе се одржува во овој град. Според Маја Илијевски Андоновска, првата деценија на фестивалот „Музика од Светот“ ќе биде во знакот на македонската група „Синтезис“ и неколку групи од […]

Министерство за култура ќе финансира дефицитарни кадри 


Министерството за култура објави конкурс за поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри во областа на театарот, музиката, танцот, литературата, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот и заштитата на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство за 2019 година. Во конкурсот е наведено дека Министерството за култура ќе обезбеди средства во еднократен износ […]

Веле Смилевски: Не сакам да бидам кандидат за наградата „Книжевно жезло“ на ДПМ


-Замолувам моето име да биде изземено од списокот на кандидати за наградата Книжевно жезло, се вели во писмото на писателот Веле Смилевски до Соња Стојменска-Елзесер, претседателката на Друштвото на писателите на Македонија. Смилевски во писмото вели дека неофицијално бил информиран дека во процесот на одлучување за наградата Книжевно жезло и тој бил на список на […]

Рецензија: „Зое“


Заглавието на рецензијава за „Зое“ во режија на Дрејк Доремус, со Еван МекГрегор, Леа Сејду и Кристина Агилера, е парафраза од филмот на Ридли Скот „Блејд Ранер“ изговорена од преубавата репликантка. Во случајов на оваа продукција, Ридли се јавува како продуцент обработувајќи слична тема. Само тука роботите се наречени синтетични. Според мене, ова е една […]

Целосна заштита на „Чифте-амам“ по штетите од ланските поплави


Вкупно 91.000 американски долари од Амбасадата на САД во Скопје ѝ се доделени во форма на грант на Националната галерија на Македонија. Парите, добиени преку „Амбасадорскиот фонд на САД“, ќе се искористат за санација на оштетувањата од влага, заштита од продор на атмосферска вода, заштита од УВ-зрачење и оградување на културното добро на Чифте амам“. […]

Во МСУ вечерва „Препрочитување на Бергман“


Со проекција на филмот „Седмиот печат”, вечер во Музејот на современата уметност (МСУ) почнува дводневната филмска и видео програма „Препрочитување на Бергман”. Програмата се фокусира на наследството на Бергман во современиот филм, а кураторка е Кумјана Новакова од МСУ. „Преку програмата посветена на Бергман, Музејот на современата уметност Скопје иницира чин на заедничко препрочитување на […]

Еден век од формирањето на Чехословачка: Изложба на дела во Музејот на современа уметност


Во просториите на Музејот на современа уметност денеска во 18 часот ќе биде поставена изложба на тема „Подарени дела од Чехословачка, 100 години од формирањето на Чехословачка“. Во колекцијата се наоѓаат 265 дела од 92 автори од Чехословачка. Изложбата ќе ја отворат амбасадорот на Република Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш, амбасадорот на Република Чешка Н.Е. Мирослав […]

91 илјада долари грант од Американците за санирање на Чифте амам


Министерот за култура Асаф Адеми, амбасадорот на САД во РМ Џес Бејли и директорката Дита Старова Керими  утре (31 октомври) во 10:30 часот  во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе се обратат пред присутните по повод потпишувањето на Договорот за грант доделен од Амбасадорскиот фонд за културна заштита на САД за 2018 година. […]

На „Mostra De Valencia“ две награди за македонскиот филм „Исцелител“


Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески доби две награди на свеченото затворање на престижниот фестивалот „Mostra de Valencia“ во Шпанија: сребрена палма и награда за најдобра режија. Членови на жирито на 33-тото издание на фестивалот беа: Сабрина Сејвеку, актерка од Франција, Хедја Лемкечер, режисерка и продуцентка од Тунис, Аманда Вилавиеја, инженер на звук од Шпанија, […]

Кинотека го одбележува Светскиот ден на аудиовизуелното наследство


Кинотеката на Македонија денеска напладне ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство 27 Октомври. „Твојата приказна во движење“ е мотото под кое годинава низ светот се организираат изложби, проекции, предавања и слични настани. По повод овој ден ќе ја потсети домашната јавност за вредноста и значењето на националното кинематографско наследство и потребата тоа да […]

Изложба „Подарени дела од Чехословачка“ во МСУ


Музејот на современата уметност (МСУ) вечер од 18 часот ќе отвори изложба насловена „Подарени дела од Чехословачка“. Ќе бидат претставени 65 дела (слики, графики, скулптури и цртежи) кои се дел од неговата колекција. Куратор е Марија Бочварова-Плавевска. Во периодот на очекуваната транзиција и одбегнувањето на директната конфронтација со советскиот режим, особено за време на Прашката […]

Над 40 концерти на светски и регионални артисти за 20 години „Таксират“


Годинава се одбележуваат две децении на фестивалот „Таксират“. И покрај тоа што преку целата година се одржуваа концерти и настани поврзани со јубилејот, главната вечер ќе биде на 8 декември во салата „Борис Трајковски“. Одбележувањето на дваесетката на „Таксират“ започна со легендарните „Крафтверк“ уште во февруари годинава, продолжи со концертите на „Лајбах“, Акуа Нару, „Гогол […]

Промоција на стихозбирката „Пеперутка од пепел“ од Сузана В. Спасовска


Во Клуб-ресторанот на Младинскиот културен центар, утре, во 19 часот, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Пеперутка од пепел“ на Сузана В. Спасовска. Промотори на нејзината нова, четврта книга поезија, се Владимир Мартиновски и Александра Јуруковска. Авторката магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Досега ги објавила стихозбирките: „И љубов и заговор“ (1996), „Смртно […]

Во чест на Милан Младеновиќ: Концерт на „Деца из воде“ и Срѓан Тодоровиќ во МКЦ


По повод 60 години од раѓањето на Милан Младеновиќ  на 16 ноември во Младинскиот кутурен центар ќе се одржи мултимедијална програма под насловот „Сеќавање на Милан и ЕКВ“. Проектот е на бендот „Деца из воде“ со специјалниот гостин Срѓан Жика Тодоровиќ. „Деца из воде“ е ЕКВ проект бенд создаден пред три години во Белград со […]

Во рамките на „Златна лира“: Музика на гитари од Бах преку Пјацола до Принц


Реномираниот квартет гитари од Минеаполис, САД вечерва во 20 часот ќе одржат, концерт во Музеј на град Скопје во рамките на фестивалот „Златна лира“. Ќе свират дела од Астор Пјацола, Ј. С. Бах, Хиероми Уехара, Алберто Хинастера, Иан Краус, а составот ќе исполни и две македонски песни – традиционалната „Јовано, Јованке“ и композицијата „Македонско девојче“ […]

Промоција на новиот албум на Дуке Бојаџиев


Со почеток во 20 часот, вечерва во ноќниот клуб „Станица 26“, ќе се одржи промоција и јавно преслушување на најновиот студиски албум со наслов „Синергија“ на македонскиот музичар и композитор Дуке Бојаџиев, кој живее и работи во Њујорк. Веднаш по промоцијата на албумот кој содржи 10 музички нумери од 21.30 часот ќе настапи диџеј Илина […]

Кокан Димушевски, музичар: Поборник сум за напуштање на комфорната зона


За себе вели дека е роден пијанист кој подоцна се претвора во клавијатурист. Повеќе од четири децении е активен музички творец и е во постојана потрага по нешто ново. Карактеристичен е по тоа што музиката не ја компонира на хартија, туку ја импровизира мелодијата и потоа ја документира. За работата на Кокан Димушевски би можеле […]