„Златен објектив“ за Коле Манев и Спасе Тасевски


Режисерот Коле Манев и монтажерот Спасе Тасевски се добитници на годинашните „Златни објективи“. Манев и Тасевски добија пригодни плакети и стилизирани значки, а доделувањето се одржа вчера во дворот на на кинотечното летно кино „Мирно лето“. -Признанието „Златен објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на […]

Трет концерт од серијалот „Филхармонија за Филхармонија“


Вечерва, во 20 часот ќе се одржи третиот концерт од серијалот „Филхармонија за Филхармонија“ на кој ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија во различни камерни формации. На програмата се дела од Бетовен, Моцарт, Гајдош, Лотер, Глиер, Стравински, Хофмајстер и Менделсон. Во рамки на концертот ќе настапат Квартет „Филхармонија“ (Ана Кондратенко – виолина Бојан Илкоски – виолина, […]

„Четири соби“ премиерно во Велешкиот театар


Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Четири соби“ во режија и адаптација на Синиша Евтимов. Таа е прва премиера од сезоната 2021 „Да се почне одново“. Како што информираат од Театарот, претставата „Четири соби“ е работена според мотиви од сценариото на истоимениот култен филм од […]

Чествување во Небрегово: Македонскиот јазик и делото на Конески не може да бидат загрозени


Со манифестацијата „Поетско читање во Небрегово“ , членови на Друштвото на писателите на Македонија во родната куќа на Блаже Конески и  спомен-дом во прилепско Небрегово, со стихови и беседа го чествуваа делото на првиот претседател на ДПМ и негов основач. Соња Стојменска-Елзесер, претседател на ДПМ, рече дека оваа манифестација е во програмата за чествување на […]

Објавена драмата „Последниот ден на Мисирков“ од Плевнеш


Во рамките на јубилејот – триесет години од основањето, „Матица македонска“ ја објави драмата „Последниот ден на Мисирков –еднодневна драмска сага за животот и смртта на балканскиот лингвистички Моцарт Крсте Петков Мисирков ( 1874-1926) “ од современиот македонски писател Јордан Плевнеш. – Во ова драмско дело, познатиот драмски писател, поет и романсиер, како на филмско […]

Саемот за книга 2021 ќе се одржи од 8 до 14 септември


Саемот на книга 2021 ќе се одржи од 8. до 14. септември, во A1 Арена, СЦ Борис Трајковски. Саемот традиционално е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и оваа година ќе биде организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи […]

Друштвото на писатели во Небрегово ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на Конески


Пред спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово, членови на Друштвото на писатели на Македонија, денеска ќе читаат стихови и ќе говорат во чест на овој великан на нашата книжевност. Манифестацијата е сегмент од програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ по повод 100-годишнината од неговото раѓање, што се реализира под покровителство на претседателот […]

Премиера на „Игри на животот“ во Националната опера и балет


Во Националната опера и балет вечерва ќе се одржи премиерната изведба на музичко-сценското дело „Игри на животот“. Главната тема-идеја на проектот е Љубовта, прикажана низ делата на Хендел, Бах, Персел, Рамо. Споени во една приказна Кралицата Шиба, Кралицата самовила, Осман Паша… кои низ своите приказни ни покажуваат како војувале за љубов, се одмаздувале и љубеле […]

Врачување на годинешните признанија „Златен објектив”


Во дворот на кинотечното летно кино „Мирно лето“, денеска на режисерот Коле Манев и на монтажерот Спасе Тасевски ќе им бидат врачени годинешните награди „Златен објектив“,  признанија кои Кинотеката на Република Северна Македонија ги доделува секоја година по повод својот роденден. Манев и Тасевски ќе добијат пригодни плакети и значки стилизирани во духот на кинотечните […]

Праизведба на музичката драма „Само глас“ на Нина Плавањац во МНТ


На сцената на Македонскиот народен театар вечерва ќе биде одиграна праизведбата на комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од младата авторка Нина Плавањац. Претставата „Само глас“ е во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото. Во улогите на Таа и Тој играат првенците од ансамблот на Македонскиот […]

Османагиќ: Македонија е бисер на светската археолошка мапа, но мора да се заштити


 Истражувачот на пирамидални и мегалитни локации ширум светот и член на Руската академија на природни науки, Семир Османагиќ по шестдневната обиколка на важни археолошки подрачја во Северна Макеоднија со заклучок дека државава претставува бисер на светската архелошка мапа, но дека е потребна поголема заложба на граѓаните и институциите во делот на заштитата на културното и […]

Стефоска на министерска конференција: Културата e движечка сила која ги отвора границите што ги затвори вирусот


Министерката за култура Ирена Стефоска денеска учествуваше на Седмата министерска конференција на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа – Јакнење на културата во функција на одржливиот развој (CoMoCoSEE) која, поради пандемијата, се одржа онлајн. Домаќин на конференцијата беше Министерството за култура и спорт на Република Грција, коe во изминатиот период претседаваше со Советот. […]

„Метакосмија“- изложба на македонски уметници во Софија


Бугарија– Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска во 17 часот ќе биде отворена изложбата „Метакосмија“, составена од слики на македонските уметници Ангелина Спировска и Владо Муковски. Изложбата се состои од околу 20 слики создадени со мешана техника – акрил и смола. Како што јави дописникот на МИА од Софија, отворањето на […]

Јованова-Грујовска: Предизвик за лингвистите во глобализацијата е влијанието на туѓите зборови


Во минатите седум децении, современиот македонски јазик си ја најде својата соодветна употреба во сите сфери на општествениот живот. Секогаш може да биде подобро. Секогаш има нови предизвици. Најновиот е влијанието на туѓата лексика во глобализацијата и дигиталната ера, вели проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во интервју за […]

Во Белград отворени Денови на Македонската култура 


Во Белград е отворена јубилејната 10 манифестација Денови на македонската култура „Допир на Македонија“ во рамки на која премиерно беше изведена театарската претстава „Ветер во тапетите“. Тоа е прва театарска претстава на македонската заедница во Србија реализирана во продукција на Здружението Македониум и Форумот на младите Македонци во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. […]

Проектот „Сега“ – национален претставник на 17. Венециско биенале за архитектура


Со проектот „Сега“ на бирото за проектирање БИНА (Биро за инвентивна архитектура) нашата држава ќе биде претставена на 17-то Биенале на архитектура во Венеција, што ќе се одржи од денес до 21 ноември годинава. Проектот/изложба е на група архитекти предводени од Бекир Адеми, куратор на изложбата, ко-куратор е Јордан Шишовски, комесар на проектот е Дита […]

„Молитва по Достоевски“ премиерно во битолскиот театар


На големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“, во Битола, вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Молитва по Достоевски“ што ја подготви Валентин Светозарев. Станува збор за колаж од избрани делови на дела од Достоевски, почнувајќи од првиот роман „Бедни луѓе“, опис на амбиент од избраните дела, како и еден настан во Катарга, Сибир, најави во пресрет на премиерата, Светозарев. – Нашата претстава почнува […]

Премиера на „Кармен“ во режија на Дејан Пројковски во Драмски театар


Во НУ Драмски театар Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Кармен“ во режија на Дејан Пројковски, работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ на Мигел Делибес. Претставата „Кармен“ е монодрама на актерката Биљана Драгиќевиќ – Пројковска. -Преку внатрешниот дијалог на жена во криза – Кармен, нејзиниот протагонист – Делибес, открил најголем дел […]

Во Битола поставени знаци кои го презентираат културно-историското наследство на градот


На локацијата на Стариот театар, преку QR код на поставениот знак, туристите во градот имаат можност со помош на интерактивна виртуелна прошетка да го разгледаат некогашниот театар и да се запознаат со неговиот некогашен изглед. Oва останува вечен спомен и за генерациите кои го паметат овој објект и бил дел од нивното живеење, да се […]

Со проектот „Сега“ отворен македонскиот павилјон на Биеналето во Венеција


Со претставување на проектот „Сега“ на Бирото за проектирање – БИНА во палатата „Зорци“, седиште на УНЕСКО во Венеција, денеска официјално е отворен македонскиот павилјон на 17. Биенале на архитектура во Венеција. Куратори на проектот се архитектот Бекир Адеми и универзитетскиот професор Јордан Шишовски, а покровител на изложбата е Министерството за култура. Проектот „Сега” ја зема предвид […]