На Саемот на книгата ќе биде доделена наградата „Ванѓа Чашуле“


 „Ванѓа Чашуле“, наградата за книжевен превод од шпански и португалски јазик, ќе биде доделена денеска на штандот на ТРИ на Саемот на книгата. Со прогласувањето на победниците, ќе се одбележат 100 години од раѓањето на македонската преведувачка, историчарка и публицистка во чијашто чест се доделува наградата што го носи нејзиното име. Со овој чин, семејството […]

Македонската авторка Бужаровска учествува на 19. Саем на книга во Солун


 Во Солун вчера свечено беше отворен 19. Саем на книгата, на кој учествува и македонската авторка Румена Бужаровска, чија книга е преведена на грчки јазик, јави дописничката на МИА од Атина.  Организаторите очекуваат дека годинешниот саем ќе биде најголем во историјата, учествуваат над 1.000 грчки и странски автори од 40 земји, 600 изложувачи, а планирани […]

Филхармонија пак ќе протестира пред Министерство за култура – се уште немаат одговор


Оркестарот на Македонската Филхармонија, денеска во 13 часот повторно ќе одржи протест пред Министерството за култура, бидејќи, од таму, се уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот кој настана со носењето на одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија. Иако Министерството за култура вети дека интензивно ќе работи на […]

Проекција на документарецот „Во потрага по главната улица Америка“ од Наум Пановски


Проекција на трилогијата „Во потрага по главната улица Америка“ од авторот Наум Пановски ќе се одржи денеска во 18 часот во просториите на КСП Центар – Јадро во Скопје, по што ќе следи и разговор помеѓу авторот Пановски и филмскиот критичар Благоја Куновски – Доре. „Во потрага по главната улица Америка“ е документарен видео колаж/асамблаж […]

Авторски концерт на Љупчо Коскаров во црквата Св. Софија во Охрид


НУ Охридско лето продолжува со реализација на концерти надвор од традиционалната рамка 12 јули-20 август.  По повод денот на Македонската книжевност, на 5 мај (петок) со почеток од 20 часот во црквата Св. Софија авторски концерт на уметничка вокално-инструментална музика ќе одржи Љупчо Коскаров заедно со Марина Јаневска – сопран, Илија Белистојаноски – тенор, Иван […]

„Ој, животе“ – американскиот актер Џек Димиќ со монодрама гостува во Драмски театар


Американскиот актер Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ ќе настапи в петок на 5 мај во 20 часот во Драмски театар Скопје. Гостувањето е овозможено со лична заложба на Н.Е. Драган Јаќимовиќ, амбасадор на Босна и Херцеговина во нашата земја. Претставата е работена по текст на Јосип Пејаковиќ. Станува збор за силна трагикомична драмска приказна […]

„Вилает“- концерт со маестро Шаровски и хорнистот Боштјан Липовшек во Филхармонија


Оркестарот на Македонска филхармонија вечер ќе го изведе концертот насловен „Вилает“ на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел. Како што информираат од Филхармонија, на програмата на концертот се „Унгарски танц“ бр. 1 и Четвртата симфонија од Јоханес Брамс и Концертот за хорна и […]

Отворен 35. Меѓународен саем на книгата, наслови од над 60 домашни и странски издавачи


Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје  од синоќа е отворен 35. Меѓународен саем на книгата, што ќе се одвива до 10-ти мај, со под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“. Во претстојните денови, саемската арена, ќе биде центар на многубројни средби со автори, потпишувања книги, едукативни работилници, трибини, наградувања, притоа одбележувајќи ја важноста […]

Црвен килим за „Нешто слатко“ во „Синеплекс“: Сашко и Јелена ќе ве насмеат до солзи


Скопје со црвен килим ќе ја пречека премиерата на романтичната комедија со Јелена Јованова- Периќ и Сашко Коцев „Нешто слатко“ на 6 мај, в сабота, во „Синеплекс“. Во Љубљана премиерно беше претставена уште во февруари под наслов „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко). Филмот е во режија на стенд-ап комичарот Тин Водопивец, Јелена Јованова ја толкува главната […]

Манифестација „Денови на Благоја Корубин“ во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков “


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков “ – Скопје во оваа јубилејна година (1953 – 2023), по 27. пат ја организира традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“, во чии рамки ќе се одржи Меѓународен научен собир на тема „Од збор до речник“.  Меѓународниот научен собир ќе се одржи денеска и утре во амфитеатарот на Институтот.  […]

Промоција на Зборник „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ во МАНУ


Институтот за национална историја денеска организира промоцијата на Зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“. Промоцијата ќе се одржи во МАНУ. Ќе се обрати претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, а промотор ќе биде Катерина Тодороска. Во Зборникот се застапени трудови кои биле навремено доставени до Организацискиот одбор, а кои биле позитивно оценети од […]

Државниот архив ќе учествува на 35. Саем на книгата


Државниот архив ќе учествува на 35. годишен Саем на книгата, што ќе се одржи од 4 до 10 мај во салата „Борис Трајковски – А1 арена“. На штандот на Архивот ќе бидат изложени голем избор зборници на историски документи, публикации и материјали. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со работата и активностите на Архивот, […]

„Плачеш како кит“ – нов роман на Ѕвездан Георгиевски


Во издание на издавачката куќа Бегемот, излезе од печат романот „Плачеш како кит“ од реномираниот новинар и писател Ѕвездан Георгиевски. „Плачеш како кит“ е негов втор роман и следува по дебитантскиот роман „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“, како и по збирката раскази „Да не бидам покусо“ и збирката есеи „Урбани топоними“. Објавувањето […]

Музика, светлосни проекции и филм на кирилица по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик


По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, в петок ќе се одржат повеќе културни настани во организација на Министерството за култура преку кои ќе се одбележи овој значаен ден. Во Музејот на македонската борба, во 18:00 часот, концерт ќе одржи Музичката младина на Македонија, која годинава одбележува јубилеј – 60 години од формирањето. Во […]

Одложена претставата „Птица со глава меѓу нозе” во Драмски театар


Претставата „Птица со глава меѓу нозе” е одложена од технички причини,  информираат од Драмски театар. Од театарот ги информираат добитниците на доделените гратиси дека билетите ќе важат за утрешната претстава „My name is Goran Stefanovski”.

Од утре 35. издание на Саемот на книга, годинава фокусот на важноста на мајчиниот јазик


Богата седумдневна програма со над 60 издавачки куќи и со присуство на домашни и странски автори најавуваат организаторите на годинашното издание на Саемот на книга, кој почнува од утре а ќе се одржува до 10-ти мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. На Саемот се очекува бројот на посетители да се искачи и до 30 […]

„Набуко“ ги отвора, а „Аида“ ги затвора 51. „Мајски оперски вечери“


 Со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје на 9 мај, ќе биде отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Оваа година фестивалот се вклопува со годишнината 2010 години од раѓањето на Џузепе Верди. Фестивалскиот оган за време на свеченото отворање ќе го запали маестро Томислав […]

Публиката танцуваше на „Кантон 6“ на „Катовице ЏезАрт Фестивалот“


Во концертната сала на Катовице Миасто Огродов (Katowice Miasto Ogrodów), иако седната, публиката танцуваше за време на настапот на „Кантон 6“ кој ја одушеви со современиот електро-џез, комбинација на електроника и тромбон во живо и музика инспирирана од автохтониот бит и фолклор на нашата земја. За впечатливоста на настанот придонесе и адекватната визуелизација од архивски снимки […]

„Заедно“ во Брисел: Илхан Ќучук отвори изложба на уметници од Бугарија и Македонија во Европскиот парламент


Заедничка изложба наречена „Заедно“ на уметници од Бугарија и Северна Македонија беше отворена синоќа во зградата на Европскиот парламент во Брисел од европратеникот Илхан Ќучук. Специјален гостин на настанот беше претседателката на ЕП Роберта Мецола. Според неа, Европската Унија и Парламентот се посветени на унапредување на долгорочните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. „Ќе продолжиме […]

„Македонија виа Италија“ – фотографска изложба на Влатко Рафески


Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од Влатко Рафески, насловена „Македонија виа Италија“. Ќе бидат претставени 20 фотографии во голем формат со најубавите планински пејзажи од Македонија и ОД италијанските Доломити. Влатко Рафески (1980, Скопје) повеќе од 12 години се занимава со пејзажна фотографија и, како […]