Промоција на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски


Со промоција на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски, книгоиздавателството „Матица македонска“ денеска ќе ја одбележи 30-годишнината од физичкото заминување на Блаже Конески. Промоцијата ќе почне во 18 часот, во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите – „Св. Климент Охридски“. Промотори ќе бидат универзитетските професори Венко Андоновски и Димитар Пандев, […]

„Златна лира“ 2023: Концерт на кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска Ивановска


 Во рамки на фестивалот „Златна лира“ вечер концерт на кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска Ивановска. Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба, со почеток во 20 часот. Дуетот ќе настапи со дела од Шуман, Сен-Санс, Лутославски, Ковач, Берксон и Шаловски. Ристо Ѓоревски додипломските и постдипломските студии по кларинет ги завршува на […]

Костадиновска-Стојчевска во Лондон: Музејот „Ашмолеан“ го промовира нашето културно богатство


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска престојува во работна посета на Лондон каде што ќе присуствува и на настанот по повод одбележувањето на јубилејот – 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство. Во рамките на престојот, Костадиновска-Стојчевска, придружувана од вршителот на работите во македонската амбасада во Лондон, Билјана Глигорова и од […]

„Аџиевски има(ше) најкомпликувана и најнеобична биографија, речиси холивудска“: Реч на Јелена Лужина


Денес, на 97 години, почина доајенот на македонската ликовна уметност, скулпторот Илија Аџиевски. Македонската јавност, лани, во октомври, го виде богатото портретно творештво на Аџиевски на изложба во Даут пашиниот амам, насловен „Портретот во фокус“. Инспиративна реч за монументалното портретно творештво, тогаш, на отварањето на неговата ретроспективна изложба , имаше писателката, и поранешен професор на […]

На 97 години почина Илија Аџиевски, еден од доајените на македонската ликовна уметност


Денес почина доајенот на македонската ликовна уметност, скулпторот Илија Аџиевски на 97 годишна возраст. Роден е  во Струга на 22.12.1926 година. Основно училиште завршил во Струга во 1938. Образованието го продолжил во Дебар во Економското училиште. Во 1942 година се вклучил во младинското движење за отпорот против фашизмот. Во 1946 година се запишал во тогашното […]

Брутализам – прва изложба на Зоран Кардула во Вроцлав, Полска


Графичкиот дизајнер и уметник Зоран Кардула ја најави својата прва изложба во Вроцлав во Полска, што ќе се одржи од 27 октомври и ќе биде отворена се до крајот на годината.   „Со големо задоволство ја најавувам мојата прва изложба во Полска, во градот Вроцлав со која ќе започне серијата на презентации на македонски графичари. […]

МНТ со „Народен непријател” гостува во Врање, Србија


На овогодишниот XLII Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани”, по покана на селекторот на фестивалот Слободан Савиќ (театарски критичар и уредник на РТС), во официјалната програма од селектирани 70 претстави, одбрана е претставата „Народен непријател” по текст на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ. Претставата ќе се одигра на 25 октомври на сцената „Бора […]

Балабурски: Денот на операта е момент во вечноста, композиторите треба непрестано да создаваат


Композиторите треба непрестано да истражуваат и создаваат нови опери со истиот жар и интерес како кога ги создавале своите дела легендите на оперската музика. Денот на операта е момент во вечноста, на кој треба да ги сублимираме и прославуваме успесите постигнати низ целата година бидејќи секој ден за некои од нас е ден на операта, […]

Промоција на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски


Во книжарницата на „Матица македонска“ во Скопје утре ќе биде промовирана книгата „Просто и строго – Конески“ од авторот Иван Антоновски. Со промоцијата на оваа книга која претставува ново исчитување на книжевното дело на великанот, книгоиздавателството „Матица македонска“ ќе ја одбележи 30-годишнината од физичкото заминување на Блаже Конески. Промотори на книгата ќе бидат универзитетските професори […]

Омаж во чест на академик Анте Поповски


На 26 октомври (четврток), во 19:15 часот, во Културно информативниот центар во Скопје, ќе се одржи Омаж по повод 20-годишнината од упокојувањето на современиот македонски поет, академик Анте Поповски. Настанот е во организација на Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски, „Антево перо“ и е составен дел од годинешното шесто издание на меѓународната поетско-културна […]

„Транскултурни разногласија: Избрани критики и есеи“- промоција на книга од Анастасија Ѓурчинова 


Утре (среда, 25 октомври) во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Транскултурни разногласија: Избрани критики и есеи“ од Анастасија Ѓурчинова. За книгата ќе говори Лидија Капушевска-Дракулевска, а модератор ќе биде Александра Јуруковска. „Транскултурни разногласија“ (издание на МИ-АН) е критичко-есеистичко дело со текстови чија проблематиката е поврзана со книжевната […]

Филмот „М“ на Вардан Тозија од денеска во Кинотека


Најновото филмско остварување на македонскиот режисер Вардан Тозија „М“ – дистописката приказна за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, од денеска ќе се прикажува во Кинотека. Денешната проекција (24 октомври) на филмот е на програмата во 18 часот, а потоа во среда (25 октомври)-18 часот, четврток […]

Драган Теодосиев – најдобар млад џез музичар во 2023 година


Традиционалната награда што Скопскиот џез фестивал ја доделува за најдобар млад македонски џез музичар, годинава ја освои нашиот хиперактивен џез тапанар, импровизатор и композитор Драган Теодосиев. Тој е присутен на македонската музичка сцена речиси две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на Факултетот за музичка […]

Концерт на Александра Коцевска – мецосопран и пијанистот Глигор Гелебешев


Во рамки на Фестивалот „Златна лира 2023“ во Музејот на македонска борба концерт вечер концерт ќе одржат Александра Коцевска – мецосопран и пијанистот Глигор Гелебешев. -Пијанистот Глигор Гелебешев и мецосопранот Александра Коцевска својата професионална соработка ја започнуваат во 2015 година и оттогаш се редовно присутни на концертните подиуми во државата. Оваа вечер на фестивалот „Златна […]

Изложба „Пукнатини/трансформација“ на Благојче Наумоски во македонскиот КИЦ во Истанбул


Во македонскиот Културно информативен центар во Истанбул вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба „Пукнатини/трансформација“ на Благојче Наумоски. -Изложените педесетина дела со својата колоритност и свежина ни најавуваат радост и повторно креативно будење по долгата и исцрпувачка пандемија. Гледаме експлозија на бои и своевиден спој на графика, невербален плакат и сликарство. И покрај изразениот […]

Омаж на Љубомир Бранѓолица во Филхармонија


 Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи последниот концерт од годинашното издание на фестивалот „Денови на македонска музика“ кој ќе биде посветен на делото и творештвото на неодамна починатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица.  На концертниот омаж, публиката ќе има можност да чуе дела од опусот за гудачки оркестар […]

Македонска музика со пијанистот Дино Имери ќе прозвучи во Лондон


Македонскиот пијанист Дино Имери, на 25 октомври (среда), ќе настапи во еден од најважните културни центри во светот – Лондон, каде во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music) ќе одржи концерт со мошне интересна програма. Дино Имери ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин. Ќе […]

Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“


Утревечер (25 октомври) во Камерната сала на Филхармонија концерт ќе одржи пијано трио “30 прсти“. Во триото свират нашите пијанисти Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски. На програмата се дела од Жан Крас, Расим Рамазанов, Стив Рајх/Д.Боукоувалас и од македонските композитори Бете Илин и Дамјан Темков. Марија Вршкова, од Битола, дипломирала на ФМУ во Скопје […]

Трпчески и пријателите низ Балканот со „Македонисимо“


По концертите со Симфонискиот оркестар на Квебек во Канада на крајот од минатиот месец и гостувањата со рецитал во Мајнц, Германија, со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло во Монако и трите настапи со Симфонискиот оркестар на Детроит во овој американски град, нашиот пијанист Симон Трпчески, продолжува со балкански концерти на кои со своите пријатели ќе […]

Салман Ружди со порака: Живееме во тешко време за демократијата


Светот не е добар денес, но јас сум оптимист од причина која не можам да ја објаснам, изјави на Франкфуртскиот саем на книгата познатиот писател Салман Ружди, пренесува германската новинска агенција ДПА.  Британско-индискиот писател денеска на затворањето на Франкуртскиот саем на книгата ќе ја добие Наградата за мир на германските книжарници. Ружди со децении го прогонуваат […]