За квалитетно реновирање на „Македониумот“ во Крушево треба странска помош


 Ќе ни треба странска помош за квалитетно реновирање на витражите на споменикот „Илинден“, или поконкретно „Македониумот“. Очекуваме во текот на јануари да се комплетира документацијата за да имаме квалитетна и целосна обнова, зашто станува збор за комплициран процес, изјави Бисера Костаниновска-Стојчевска, министерка за култура при денешната посета на Крушево. Претходната консултација на експерти од Полска, […]

„Риба во(н) мрежа“ од Jована Mатевска Aтанасова е добитник на наградата „Пегаз“ за 2023 година


Ракописот „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова е победник на петтото издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2023 година.   На годинашниот конкурс за наградата за најдобар необјавен роман на годината „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните […]

Незаборавен спектакл – „Танец“ одржа два концерта во Бугарија


Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ – Скопје одржа два концерта во Бугарија, во општините Гоце Делчев и во Белица.  Како што информира денеска „Танец“, на покана на градоначалникот на бугарската општина Гоце Делчев Владимир Москов и неговата соработка со градоначалникот на општина Белица Радослав Ревански, ансамблот „Танец“ одржа концерти на 21 и 22 […]

„Брас фантазија за Тоше” – концерт на Скопскиот брас квинтет во Филхармонија


 Скопскиот брас квинтет вечер од 20 часот во малата сала на Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Брас фантазија за Тоше”. На програмата ќе бидат најпознатите песни од дискографијата на Тоше Проески, преработени за лимени дувачки инструменти. Како што соопштија од Скопскиот брас квинтет, идејата за овој концерт потекнува од минатите концерти на квинтетот со програма […]

Новогодишни концерти во Филхармонија


Во Филхармонија ќе се одржат два новогодишни концерти. Денеска премиерно ќе биде изведен Новогодишниот концерт за деца „Девојчето со книгите“ кој ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, а актерка е Симона Спировска. На 28 декември, пак, односно в четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи и традиционалниот новогодишен концерт […]

Меѓународниот семинар за македонски јазик одбележа 56 години постоење


На денешен ден, пред 56 години, бил основан Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје. Семинарот има богата традиција на македонистиката кај нас и во светот. Меѓународниот семинар има 11 македонстички лекторати во девет земји: Франција, Руската федерација, Турција, Хрватска, Полска, Унгарија, Романија, Кина, а од декември годинава и во […]

Промоција на збирка аудиодрами од Горан Стефановски во Скопје


„Збирка аудиодрами од Горан Стефановски“ ќе биде промовирана вечерва (петок) во 17 часот во просториите на Европска куќа – Скопје. На постоечката платформа за аудио книги „Самоглас“ додадени се аудиодрамите „Гоце“, „Дупло дно“ и „Диво месо“. „Ова е нова категорија која го збогатува постоечкиот каталог и ги промовира радиодрамите, како еден речиси заборавен медиум. Ова е одличен начин да се приближи […]

Со двата распродадени новогодишни концерти Филхармонија ја заокружува годината


Македонската филхармонија годината ќе ја заокружи со двата новогодишни концерти кои се распродадени уште пред неколку недели. В сабота во 12 часот премиерно ќе биде изведен Новогодишниот концерт за деца „Девојчето со книгите“ кој ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, а актерка е Симона Спировска. „Годината ќе ја испратиме со прекрасната музика од славните класични композитори и […]

Промоција на стихозбирката „Ѕвонливи тишини“ на Верица Мукоска, добитник на наградата „Бели мугри“


Во рамки на традиционалната манифестација „Денови“ вечер од 18 часот во Домот на култура „Кочо Рацин“ ќе биде промовирана стихозбирката „Ѕвонливи тишини“ на Верица Мукоска,  добитник на наградата „Бели мугри“ за најдобра поетска книга од автор до 35-годишна возраст. На манифестацијата ќе говори директорот на Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, Сафет Камбери, а […]

Во МНТ премиера на претставата „Божествена рапсодија“


 Во Македонскиот народен театар вечер со почеток од 18 часот ќе биде премиерно изведена претставата „Божествена рапсодија“. На сцената настапуваат членовите од инклузивен ансамбл на возраст од 10 до 55 години, актери кои досега успешно соработуваат во поставување на заеднички претстави како „Шумска бајка“, „Други приказни за Алиса“ и „Дрво низ времето“, односно членови кои […]

Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во Националната опера и балет


 Во Националната опера и балет вечер од 20 часот репризно ќе биде изведен балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ – инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов, а по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот. Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на […]

Совршена поезија и совршен балет – Молитвите на Ацо Шопов го маѓепсаа Скопје (галерија)


90 минути публиката, синоќа, во Националната опера и балет ја следеше без здив балетската претстава – триптих „Молитвите на моето тело“ според истоимениот циклус поезија на Ацо Шопов,  маѓепсана од креативното „сплотување“ на тим од тринаесет уметника, од различен профил. Тоа беше волшебна ноќ каде талентот, технологијата, естетиката, искреноста, страста, животот, емоцијата, душата, совршенството, харизмата, […]

По 40 години: Со 9,6 милиони денари подновена салата во Спомен домот АСНОМ во Делчево 


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во беше во работна посета на Делчево, каде заедно со градоначалникот Горан Трајковски  направија увид во активностите на новата сала во Спомен домот на АСНОМ, проект финанскиски поддржан од Програмата на Министерството за култура за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа, за 2023 година.  – Проектот е прва […]

Второ издание доживеа романот посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче


Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје го објави второто издание на романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, верзија раскажана од позиција на Јанка Каневче. -Романот посветен на љубовта на Гоце и Јанка го отвора прашањето за тоа дали може да се биде среќен без чувства, трансформирајќи ја дилемата „да се биде или не“ […]

Почнува 14. „Анимакс Скопје фест“


Во Кинотека на Северна Македонија денеска и утре ќе се одржува 14. „Анимакс Скопје фест’ на кој во официјалната селекција ќе бидат прикажани 30-ина анимирани филмови  избрани од над 1800 пријавени остварувања од светот. Селектор на годинашното фестивалско издание е Диме Ратајковски, а членови на жирито кои ќе одлучуваат за добитниците на наградите Златна, Сребрена […]

Изложба „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“ во Даут пашин амам


Во Даут пашин амам, објект на Националната галерија вечер ќе биде отворена изложбата „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“. -Одбележувајќи го 90 годишниот јубилеј од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989), еден од најзначајните толкувачи на енформелната практика во македонската ликовна уметност, нашата цел е интегрално презентирање на неговото богато творештво. Досегашните истражувања […]

Промоција на „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски


 Театар Комедија денеска ќе ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски во превод на Наташа Атанасова.  Како што соопшти театарот, македонското издание „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ содржи два есеја – „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, и предговор од театрологот Деспина Ангеловска, а се […]

„Бескрај“ – концерт со виолинистката Албена Данаилова


 Оркестарот на Македонската филхармонија вечер ќе го изведе концертот насловен „Бескрај“ на кој како солистка ќе настапи бугарската виолинистка Албена Данаилова, а диригент е маестро Најден Тодоров од Бугарија. На програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур од Јоханес Брамс и Симфонијата во де-мол од Цезар Франк. Албена Данаилова е прва жена која […]

Ми се оствари голема желба, вели Милка Ефтимова за изложбата на нејзините лични предмети (фото)


Импресивна кариера  со 1.200 настапи на оперската и на концертната сцена, во дваесетина земји на светот на оперската дива Милка Ефтимова ( 1936, Радовиш) која и  во деветтата деценија изгледа отмено, не излегува надвор недотерана и без шминка, а меморијата ѝ работи како швајцарски часовник, е распослана во фоајето на Музејот на македонската борба во […]

Идејата на балетска сцена да се пренесе делото на Шопов е несекојдневен чин, вели ќерката Јасмина Шопова


Богат опус на културно-образовни содржини годинава нè потсетија на безвременските дела на македонскиот великан, поетот Ацо Шопов, кои се одржаа по повод 100 години од неговото раѓање. Во чест на неговиот роденден, вечерва, во 20 часот, во Националната опера и балет (НОБ) премиерно ќе биде изведен балетскиот триптих насловен „Молитви на моето тело“. Токму оваа […]