„Просто и строго – Конески“ од Антоновски ги обедини генерациите – ново исчитување на делото на великанот
Книжарницата на „Матица македонска“ во центарот на Скопје синоќа беше премала за големиот број присутни на промоцијата на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски, со која се одбележуваат 30 години од физичкото заминување на великанот. Писатели од сите генерации, академици, универзитетски професори, актери, музичари, ликовни уметници, новинари, режисери,издавачи и граѓански активисти, но …