Пет години од смртта на Кирил Ценевски
Денес, на 17 јуни, навршуваат точно пет години од смртта на Кирил Ценевски, еден од најголемите синеасти на македонската кинематографија. Неговиот првенец и дебитантски игран филм ЦРНО СЕМЕ од 1971 година постави нови параметри во филмското творештво и своевремено беше најнаградуван македонски филм („Златна арена“ за режија и „Златен венец“ за дебитанско остварување на Пулскиот […]