Француската вечер на „Охридско лето“ препознатлив симбол на културната сцена: Магичен концерт со пијанистката Софија Вајан


Реномираната француска пијанистка со богато музичко минато, Софија Вајан синоќа беше вистинско освежување за публиката на „Охридско лето“ одржувајќи концерт во рамки на традиционалната Француска вечер на фестивалот. Пијанистката Вајан, на подиумот во црквата „Света Софија“ изведе дека од Клара Шуман, Моцарт, Лист, Дебиси, Рамо и Шопен. Инаку, нејзиниот репертоар е широк и содржи дела […]

Драган Бјелогрлиќ на „Охридско лето“ : Појавите на масовно скратување на слободата во Србија, одеднаш повторно го оживуваат МекМарфи


Култната претстава „Лет над кукавичјото гнездо“ во изведба на бројна актерска екипа на Драмскиот театар од Белград вечерва за сладокусците на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето“. Главниот лик во претставата Рендал МекМарфи го толкува актерот Драган Бјелогрлиќ,  добро познат на овие простори зад кого стојат бројни театарски и филмски улоги. За овој лик, од […]

Македонските лекторати во светот – интерес има, услови нема


Министерката за образование и наука Весна Јаневска, вчера, на отварањето на  57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Охрид, во присуство на пола државен врв, со опоменувачки тон, потцрта, дека е поразувачка реалноста што сега има помалку лекторати по македонски јазик во […]

Пола државен врв на отворањето на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик 


Шеесет и пет семинаристи – македонисти од 17 земји од целиот свет, како и 81 учесник на Меѓународната научна конференција денеска ќе впловат во македонистиката, со учеството на 57. Издание на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ што наредните две седмици ќе се одржува во Охрид. Семинарот […]

Со високо кренати главици кромид во рацете отворен 15. МакеДокс“


Со традиционалниот поздрав, високо кренати главици кромид во рацете на целата екипа и сите волонтери што работат на фестивалот, синоќа во Куршумли ан беше отворено јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Со мото „Копање емоции низ времето“, фестивалот се одржува од 15 до 22 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, […]

„Време е за училиште“ – подароци и попусти до 50 отсто во „Литература.мк“


Во пресрет на новата учебна година, за посреќен и поуспешен почеток на сите ученици, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 50 отсто, како и подароци за купени производи од големиот избор на школски материјали. Продажната акција „Време е за училиште“ ќе трае од 16 август до 14 септември 2024 година во сите книжарници на […]

Актерот Жарко Спасовски е новиот в. д. директор на Велешкиот театар


Актерот Жарко Спасовски е нов в.д. директор на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес. Тој вчера е именуван од министерот за култура и туризам Зоран Љутков со шестмесечен мандат. Во изминатите четири години функцијата директор на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ја извршуваше драматургот Сашо Димоски. Жарко Спасовски дипломирал на Факултет за […]

Француска вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Софија Вајан


 Француската вечер на „Охридско лето“ на вљубениците во класичната музика ќе им понуди несекојдневно естетско доживување со концертот на уметничката на пијаното Софија Вајан. Софија Вајан е пијанистка со богато минато. Започнува да учи пијано  во класата на Женевјев Ибанез, дипломира со највисоки оценки во класата на Пјер Понтие на Конзерваториумот во Лион, и продолжува […]

Од вечерва 36. издание „Поетска ноќ во Велестово“


Поети од Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Северна Македонија ќе бидат дел од годинешното 36-то по ред издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ што од денеска ќе се одржува во истоименото охридско село. Настаните за ова поетско издание предвидено е наредните два дена да се случуваат на повеќе локации ов Велестово и […]

Се бараше карта повеќе за концертот на Васил Хаџиманов и НЏЗ во Охрид


Совршен енергетско-музички спој ја обои вчеравечер охридската летна сцена. Оваа возбудлива концертна ноќ, ќе биде запаметена по изведба на исклучително квалитетен светски саунд, раскошна џез вибрација која го разбранува охридското крајбрежје и која ја комплетираше сликата на културниот живот во Охрид, создавајќи неизбришлива концертна меморија.   Хаџиманов го поздрави институционалното врамување на џезерите, нарекувајќи го […]

„Македонистички гордорек“, 65 македонисти од 17 земји се во Охрид


Под мотото „Македонистички гордорек“, од денеска во Охрид почнува 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), на која ќе учествуваат 65 македонисти од 17 земји. Летната школа ќе се одржува до 29 август, а за првпат годинава ќе бидат доделени и наградите „Воздејства“. […]

Македокс отвора со филмови од САД и Иран и со концерт на Зарина Првасевда


Денеска (15 август) во Куршумли ќе се отвори јубилејното 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. Ќе се одржува до 22 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и во новиот простор „Лабораториум“ во Скопје. Програмата на отворањето од 20.30 часот содржи проекција на два документарни филма: краткиот филм „Како […]

Објавени плакатот и промотивното видео за СВП 2024


Во пресрет на годинешното издание на Струшките вечери на поезијата што ќе се одржи од 22 до 26 август, објавен е плакатот и промотивното видео. Графичкиот дизајн на плакатот е дело на познатиот графички уметник и дизајнер од Струга, Енкел Дика, видео продукцијата е на ЗООТРОП студио, а музиката е фрагмет од Концертот на Аранхуез. […]

Драмски театар со „Диши“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони


  Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ в петок на 16 август ќе гостува на Бриони во Хрватска во рамки на летното издание на фестивалот на Регионалната унија на театри, РУТА. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на театарот „Ulysses“. Текстот „Диши“ (Бели дробови) на Данкан Макмилан е напишан во 2011 година. Режисер на […]

„Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска најдобра претстава на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“ во Ниш


Претставата „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска е прогласена за најдобра на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“ во Ниш, Србија, соопшти Театар „Златен Елец“. Жирито во состав Франко Унгаро, Наташа Гвозденовиќ и Ана Тасиќ, пое изгледани шест претстави во натпреварувачката програма, донесе едногласна одлука – наградата за најдобра претстава подеднакво да им биде доделена на […]

Промоција на романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во Кавадарци


 Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, вечер во 20 часот ќе биде промовиран романот на годината за 2023 година, „Единствен матичен број“ од книжевницата Лидија Димковска. Романот ќе го промовира Виолета Танчева-Златева, а ќе присуствуваат и претставници на Фондацијата „Славко Јаневски“, како организатор на доделувањето на една од најпрестижните награди за проза кај […]

Луан Старова за Скопје и Охридското езеро: Француска ТВ ја раскажа приказната за егзилот и мостовите меѓу народите (видео)


„Invitation au voyage“ (Покана за патување), емисија на познатиот француски телевизиски канал TVArte посветен на културата, каде се претставуваат  различни земји во светот, преку истакнати личности, овој пат избра да ги претстави Скопје и Охридското Езеро, преку творештвото и личноста на писателот, академик и амбасадор Луан Старова, по повод денот на раѓањето (14.08.1941). Како што […]

Полска вечер на „Охридско лето“ со пијанистките Ана Миерник и Јоана Сохачка


На понудата од музичката програма на 64-тото издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва е настапот на полските уметнички на пијаното, Ана Миерник и Јоана Сохачка. Ана Миерник има настапувано во четириесеттина земји на сите континенти. Во 2015 година настапува во „Карнеги Хол“ во Њујорк. Одржува концерти во престижни концертни сали како во Сиднејската опера, Националниот […]

Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во МКЦ


Самостојна изложба „Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ на уметникот Доротеј Нешковски вечер ќе биде отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ). – Својата најнова уметничка продукција, која Доротеј Нешовски ја насловува како „Ноќна шума“, е продолжување на неговите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едонставни формални елементи и материјали со […]

„Градинарот и смртта“: На 27 август излегува најличната книга на Георги Господинов


„Градинарот и смртта“ е насловот на новата книга на еден од најголемите бугарски, европски и светски писатели Георги Господинов. Веста ја соопшти писателот на социјалните мрежи кој порача дека книгата ќе се појави во книжарниците на 27 август „попладне на годината“. Според Господинов „Градинарот и смртта“ е неговата најлична книга досега после „Природен роман“ и […]