Гран при за „М“ на Вардан Тозија на фестивалот „Дракула“ во Брашов


Филмот „М“ на Вардан Тозија во продукција на „Фокус покус филмс“ ја доби главната награда „Гран при“ за најдобар филм и трофејот „Дракула“, во рамките на 12. издание на Филмскиот фестивал Дракула во Брашов. Фестивалот се одржа од 30 октомври до 3 ноември, а за наградите одлучуваше жирито во состав на Пол Арион, Валентин Гројтерт […]

Дигитализација на аудио ленти од 1940 до 2000 година во НУФЦ „Вардар филм“


 Во просториите на НУФЦ „Вардар филм“ деновиве започна дигитализација на аудио ленти во период – 1940 до 2000 година, кои беа зачувани во депото, информираат денеска оттаму. Станувало збор за околу 400 ленти што содржат радио драми, документарни филмови, македонска и албанска музика, репортажи и работни фајлови од филмските класици во продукција на „Вардар филм“. […]

Пристигнале 2.900 апликации на Годишните конкурси за културата


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ги поздрави членовите на комисиите за оценување на пријавите пристигнати на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата и на нацрт-годишните програми за работа на националните установи од областа на културата, пожелувајќи им успешна работа во креирањето на националната програма […]

Љутков се сретна со Рокас, разговараа за европските фондови за финансирање проекти


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари средба со новиот евроамбасадор, Михалис Рокас. На средбата, министерот Љутков  потенцираше дека соработката со ЕУ e еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам. Тој истакна дека Северна Македонија вложува значителни напори во развојот на културниот и туристичкиот потенцијал на земјава, особено на […]

Изложба на слики од Владимир Темков во КИЦ


Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложба на Владимир Темков. Темков ќе се претстави со 30 досега неизложувани слики од неговиот последен циклус. Изложбата ќе трае до 18.11.2024 година. Темков е роден, живее и работи во Кавадарци. Завршил факултет за ликовни уметности, отсек графика, во класата на проф. д-р Трајче Блажевски, а […]

Отворање на изложбата „ФЛУ Апертура 2024“


Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот за уметности од Белград со изложбата „ФЛУ Апертура 2024“ гостува во Галерија ФЛУ (објект Педагошка) на Факултетот за ликовни уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изложбата, како што е најавено, ќе биде отворена вечер, во 20 часот, со присуство на деканската управа на ФЛУ Белград, професори […]

„Ајде да се запознаеме“ – серија проекции на современи грчки филмови


Во Кинотека вечер почнува серијата проекции на современи грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“ што ја организира Амбасадата на Грција во Северна Македонија. Прв ќе биде прикажан повеќенаградуваниот филм „Мала Англија“ (2013) на Пантелис Вулгарис, а влезот е бесплатен. Вулгарис е еден од најзначајните грчки режисери, кој заедно со Теодорос Ангелопулос е главен […]

„Поезија во фармерки“: Анте е национално богатство за кое треба сите заедно да се грижиме


Должност наша е да зборуваме, размислуваме и пишуваме македонски, да го сакаме својот јазик, својот народ и својата култура. Ние има со што да се гордееме оти земјата македонска создала многу великани. Тие се нашето културно богатство и инспирација. Тие се нашите учители и нашиот национален белег, тоа е нашиот голем поет Анте Поповски. Ова […]

„Саботна ноќна треска” : Изложба на Игор Сековски, Иван Блажев и Марија Ветероска во Сули ан


Изложбата со наслов „Саботна ноќна треска” на Игор Сековски, Иван Блажев и Марија Ветероска ќе биде отворена во четврток, на 7 ноември во 20 ч., во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Сули Ан. Трите автори изложуваат дела на една заедничка тема, но низ три различни изразни форми. Куратор на изложбата е д-р Ана Франговска која во […]

Љутков објасни зошто се споија културата и туризмот


Првата јавна дискусија, по трансформација на ресорот култура во Министерство за култура и туризам, се отвори на денешната Конференција во просториите на Јавна соба, како најава за утрешниот почеток на фестивалот Skopje Design Week. Првиот конференциски панел го отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, а воведен збор имаше организаторот на Skopje Design Week, […]

Со „Мала Англија“ во Кинотека започнува серијата проекции на грчки филмови 


Амбасадата на Грција во Северна Македонија започнува серија проекции на грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“. Целта на проекциите, како што нагласуваат од амбасадата, е да се претстават современите грчки филмови кои се многу сакани во Грција, но и во странство. Серијата на проекции „Ајде да се запознаеме“ ќе започне со повеќепати наградуваниот […]

Со романот „Ветрилиште“ Игор Анѓелков прославува неколку јубилеи


Од издавачката куќа „Или-Или“ за денеска го најавуваат излегувањето од печат на романот „Ветрилиште“ од Игор Анѓелков, со кој авторот прославува неколку јубилеи – десеттата издадена книга, петти роман, 18 години од објавувањето на дебитанската збирка раскази „Кротки приказни“ и неговиот педесетти роденден. – Петтиот роман на Игор Анѓелков, неговата десетта книга, и покрај бруталната […]

Долгото враќање на филмската правдина дома


Интернационалниот филмски фестивал во Солун (TIFF) во неговото славеничко 65 издание (интернационален формат од 1989 година) беше отворен на 31 октомври со свечената проекција на филмот „Марија“ во режија на извонредниот чилеански автор Пабло Лареин (Pablo Larraín), со оскаровската холивудска ѕвезда Анџелина Џоли во улогата на Марија Калас. До крајот на фестивалот, кој ќе биде […]

Само во мислите…


  ЈЕЛЕНА ЛУЖИНА Големата Дама на „малата“ македонска литература – совршено организирана, образована, луцидна, креативна до вишните неба, одговорна, трудољубива и правдољубива до пароксизам, тактична, децентна, растена и воспитувана во пристојна граѓанска куќа… – таа и таква Оливера Николова навистина ги имаше сите можни предиспозиции за избор/градење на ептен сериозна кариера. Во која било област. […]

ДЛУМ ја отвара изложбата „Експериментален цртеж“ во Венеција


На 7 ноември, ДЛУМ ја отвара изложбата Експериментален цртеж во Венеција, во галеријата Кунст Депот. Ова претставување е значајно како за ДЛУМ така и за можноста да го претставиме ресентното творештво на нашите членови на ДЛУМ на меѓународна сцена. Изложбата Експериментален цртеж оваа година беше посветена на македонскиот ликовен уметник Борко Лазески каде и беше […]

Мастерклас за креативно пишување со Венко Андоновски


Од денес,  4 ноември, во 18 часот, во Јавна соба, започнува серијата (три) предавања за креативно пишување, наменети за идните писатели, под менторство на еден од највлијателните македонски писатели, професорот по книжевност Венко Андоновски, во организација на „ТРИбина“. „Искористи ја можноста да се запознаеш со вештините на пишувачкиот занает низ крими-приказните, трилерот и мелодрамата. Ѕирни […]

Новогодишна музичка идила со Симон Трпчески и пријателите во  „Борис Трајковски“


На 20 декември, арената „Борис Трајковски“ ќе биде местото каде што музичката магија и празничната еуфорија ќе се спојат во една незаборавна вечер. Имено, Симон Трпчески, македонскиот пијанист, ценет во светски размери,  се враќа повторно дома за да го сподели својот неверојатен талент со македонската публика. Во организација на „Прагма продукција“, на 20 декември, маестро […]

Почина Оливера Николова, една од најчитаните македонски писателки


Почина Оливера Николова (Скопје, 1936) , македонска писателка за возрасни и за деца, една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки. Оливера Николова, која многумина ја нарекуваат „мајка на сите македонски писателки“, ја одбележа македонската книжевност во втората половина на 20 и почетокот на 21 век, затоа со право може да се смета за книжевен бард […]

„Моцартовите перипетии“ в четврток во Филхармонија


Во Филхармонија в четврток ќе се одржи концертот „Моцартовите перипетии“. На програмата се дела од Моцарт и Чајковски, а како солист и диригент ќе настапи Сергеј Малов од Русија. Како што информира Филхармонија, рускиот виолинист Сергеј Малов е еден од славните виртуози во светот на класичната музика. Свири виолина, виола, барокна виолина и виолончело да […]

Завршува „Златна лира 2024“, наградата за врвни уметнички достигнувања за фаготистот Даниел Апостолов


Со концерт на пијанистката Даница Стојанова и доделување на наградите на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) вечер ќе биде затворен Фестивалот Златна лира 2024.  Наградата „Златна лира“ која СМУМ ја доделува за врвни уметнички достигнувања во изминатата година, за 2023 година му се доделува на фаготистот Даниел Апостолов, информираа од СМУМ. Програмата на […]