„Невидливи светови“ – нова изложба на Киро Урдин во Белгија


Нова изложба насловена „Невидливи светови“ на Киро Урдин е отворена синоќа во Хајде, во близината на Антверпен, која ја реализира интернационалниот галерист Клаус Пас. По минатогодишната успешна презентација на неговите уметнички дела во светот – во Zvarte Panter (Антверпен), El Espacio (Мајами), African Heritage Cultura Arts Center ( Мајами), Art Galery Constantin Brancusi (Мајами), Palace …

„Невидливи светови“ – нова изложба на Киро Урдин во Белгија Read More »

Започнува фестивалот на современа музика „Денови на македонска музика“


 Со концерт на Воениот оркестар на Армијата, под диригентско водство на мајор Горан Илијевски, вечер започнува 47-мото издание на фестивалот на современа музика „Денови на македонска музика“, во неговиот традиционален пролетен термин. На програмата на свеченото отворање, што ќе се одржи во Филхармонијата, се дела за воен оркестар од македонските автори Благој Цанев, Горан Илијевски, …

Започнува фестивалот на современа музика „Денови на македонска музика“ Read More »

Два филма на Тања Балаќ во „Уметничката работилница Лазарети“ во Дубровник


Во Културниот центар „Уметничка работилница Лазарети“ во Дубровник вечер ќе бидат прикажани двата кратки филма „Следна генерација“ и „Заглавени заедно“ на македонската уметница Тања Балаќ. Видеоанимацијата „Следната генерација“ (2023) на Балаќ, која ќе биде прикажана во овој простор, се осврнува на проблемите и апсурдите на денешницата со кои секојдневно се соочуваат децата и младите – …

Два филма на Тања Балаќ во „Уметничката работилница Лазарети“ во Дубровник Read More »

Проекција на грчкиот филм „Евтихија“ во Кинотека


Во рамки на Месецот на Франкофонијата, Амбасадата на Грција во Скопје вечер од 20 часот во Кинотеката  организира проекција на грчкиот филм „Евтихија“ од 2019 година, во режија на Ангелос Франџис. -Филмот „Евтихија” е инспираран од турбулентниот живот на една неконвенционална личност со силен темперамент, текстописецот Евтихија Папајанопулу, која преку своите текстови и соработката со …

Проекција на грчкиот филм „Евтихија“ во Кинотека Read More »

Kаква порака испраќаме со изборот на лауреатот на СВП: Беседа на Елизабета Шелева


Оваа година се соочивме со сериозна и одговорна задача, да одбереме лауреат на СВП од листата на предложени кандидати, составена од автори и авторки, кои се мошне воедначени по својот квалитет. Таков избор никојпат не бил и не е лесен и едноставен. Непосредно по смртоносната ковид пандемија, во светот ни се случуваат две тековни војни …

Kаква порака испраќаме со изборот на лауреатот на СВП: Беседа на Елизабета Шелева Read More »

Европски награди за три македонски драмски автори


Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“ го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2024 година. Меѓу нив се и трите необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „Празни“ од Ева Камчевска, „Параходот замина“ од Блаже Миневски и „Парови“ од Ана Трпеноска. Од Македонскиот комитет на „Еуродрам“ соопштија дека …

Европски награди за три македонски драмски автори Read More »

Светски ден на театарот – тој ни доаѓа како куќна слава


Коле Ангеловски, доајенот на македонскиот театар, и еден од најзначајните театарски и филмски актери и режисер , е автор на македонската порака по повод Светски ден на театарот – 27 Март. Еве што напиша: „27 Март  –  Меѓународен ден на театарот. Голем празник за нас театарџиите. Тој ни доаѓа како куќна слава. И тогаш театрите …

Светски ден на театарот – тој ни доаѓа како куќна слава Read More »

Нобеловецот Јон Фосе е автор на светската порака по повод Светскиот ден на театарот, еве што напиша


Секој човек е уникатен, неповторлив, посебен, а сепак ист како и секој друг. Нашата видлива, надворешна појава, е различна од сечија друга. И се разбира, сето тоа е добро и убаво, но исто така во секој човек има нешто што му припаѓа само и единствено нему – а тоа е самиот тој. Односно, тоа нешто …

Нобеловецот Јон Фосе е автор на светската порака по повод Светскиот ден на театарот, еве што напиша Read More »

Голем интерес во Прага за уникатната колекција на МСУ: Солидарноста креира нови релации и синергии


  Пред повеќе десетици претставници на чешките медиуми, денеска во Националната галерија во Прага се одржа конференција за печат по повод вечерашното отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје.   …

Голем интерес во Прага за уникатната колекција на МСУ: Солидарноста креира нови релации и синергии Read More »

Кој е францускиот поет Жан Пјер Симеон, годинешен лауреат на СВП ? 


Добитник на „Златен венец“ за 2024 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е истакнатиот француски поет,  Жан Пјер Симеон. Во образложението на одлуката, проф. д-р Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“,потенцира: Жан Пјер Симеон е ценет поет, со широк распон на својот творечки потенцијал,  реализиран во неколку жанровски подрачја. Тој e сестран автор, комплексна …

Кој е францускиот поет Жан Пјер Симеон, годинешен лауреат на СВП ?  Read More »

Жан Пјер Симеон добитник на „Златен венец“, Катрин Пиц на наградата „Мостови на Струга“


Добитник на „Златен венец“ за 2024 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е истакнатиот француски поет,  Жан Пјер Симеон.  Одлуката беше соопштена на свечениот настан во МАНУ, на кој покрај прогласувањето на лауреатите на СВП, беше одбележан 21 март-Светскиот ден на поезијата со поетско читање во кое учествуваа истакнати поети- членови на Македонскиот …

Жан Пјер Симеон добитник на „Златен венец“, Катрин Пиц на наградата „Мостови на Струга“ Read More »

Како „Мојата прва библиотека“ја поттикнува љубовта на децата кон читањето ?


   Со мисија да им помогне на децата во првите чекори во самостојно читање, како и да даде значајна поддршка на наставниците за време на часовите, професорката по одделенска настава Деспина Мукоска го креира проектот „Мојата прва библиотека“. Новиот воспитно-образовен комплет со 31 книга за почетно читање, е во издание на „Либи“, дел од „Арс …

Како „Мојата прва библиотека“ја поттикнува љубовта на децата кон читањето ? Read More »

Омаж на драмскиот автор Едвард Бонд на ФДУ во Скопје


На Факултетот за драмски уметности во Скопје на 21 март, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи омаж посветен на Едвард Бонд, еден од најзначајните драмски автори на нашето време. Тематски наслов на омажот е „Драмата е суштинска за нашата човечност“. На значењето и на различните аспекти на театарот на Бонд ќе се осврнат …

Омаж на драмскиот автор Едвард Бонд на ФДУ во Скопје Read More »

Каде исчезнаа хуморот и сатирата во Македонија: Еве што напиша Иван Џепароски во новата книга 


„Никој не се смее сам. И за смеа се потребни двајца, ако не и повеќемина. Филозофот и нобеловец од областа на книжевноста Анри Луј Бергсон (Henri-Louis Bergson, 1859 – 1941) во своето дело „Смеата: есеј за значењето на комичното“ (Le Rire: essai sur la signification du comique, 1900) вели дека „не постои комично надвор од …

Каде исчезнаа хуморот и сатирата во Македонија: Еве што напиша Иван Џепароски во новата книга  Read More »

Дела од колекцијата на МСУ во Националната галерија во Прага


Дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, денеска ќе бидат претставени во Националната галерија во Прага. Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”, првично беше прикажана минатата година во Кунстхале, Виена. Во изменета верзија, изложбата е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од …

Дела од колекцијата на МСУ во Националната галерија во Прага Read More »

Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ во МАНУ


Во Скопје, Струга и Струмица, со повеќе настани денеска се одбележува Светскиот ден на поезијата. Во рамки на настаните ќе бидат одбележани и 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија. Од денеска …

Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ во МАНУ Read More »

„Стоби“ со над 180 илјади евра неповратни средства од ЕУ, стана поатрактивен за посетителите


               Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска го посетија Археолошкиот локалитет „Стоби“ каде што се во тек активности за реализација на проектот „Конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот Стара железничка станица и нејзина …

„Стоби“ со над 180 илјади евра неповратни средства од ЕУ, стана поатрактивен за посетителите Read More »

Промоција на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“ , А. Чехов во МНТ


Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовирана книгата  „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов. Покрај главниот уредник – Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа – преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски – актер и Гоце Смилевски – писател, а издавач е …

Промоција на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“ , А. Чехов во МНТ Read More »

Одведете го детето на театар или театарот однесете го до секое дете


 Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста кон нив сега, овде и секојдневно е да им овозможиме театар, вели претседателката на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ, Јулијана Мирчевска во пораката по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март. Како што истакнува Мирчевска, гледањето претстави или впуштањето во процесот на создавање театарска претстава ќе им …

Одведете го детето на театар или театарот однесете го до секое дете Read More »

„Патување пеш“ на Тамара Котевска со премиери во Женева и во Копенхаген


Документарниот филм The Walk (Патување пеш) на Тамара Котевска изминатава недела се прикажуваше на два европски фестивали во исто време. Најпрво, филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH,  каде имаше 2 проекции. Веќе 22 години по ред, FIFDH е посветен на промоција на …

„Патување пеш“ на Тамара Котевска со премиери во Женева и во Копенхаген Read More »