Гала настан „Жените на Пучини“ во НОБ со најпопуларните арии


На 19 ноември  во 20 часот во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи ексклузивен гала настан, насловен како „Жените на Пучини“, во рамките на проектот „Месец на Пучини“.   Публиката ќе има единствена можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии од  големиот италијански композитор Џакомо Пучини. На […]

Во Кина прославена 30-годишнината од класикот „Пред дождот“ на Манчевски, ќе се прикажува и во Бразил и Словенија


Македонскиот светски признат филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во чест на 30-годишнината од премиерата во 1994, изминатата недела беше прикажан во Сужу, Кина. Во организација на Државниот филмски архив на Кина, режисерот Манчевски со видео-обраќање го претстави „Пред дождот“ пред кинеската публика, а филмот имаше имаше три проекции за три дена проследени со […]

Гена Теодосиевска член на официјалното жири на Меѓународен фестивал во Амстердам (IDFA)


  На 37. Меѓународен фестивал на документарен филм во Амстердам (IDFA) што годинава се одржува од 14-24 ноември, на покана на уметничкиот директор Орва Нирабија, за член на официјалното жири за најдобар холандски филм е поканета новинарката и филмска критичарка од Македонија, Гена Теодосиевска, која со почит ги споделува сознанијата за исклучителноста на холанските филмски […]

Во Битола се слават 80 години од формирањето на Народен театар


Со изведба на претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, вечер на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, во Битола ќе биде одбележан јубилејот 80 години од формирањето на битолскиот Народен театар. Во архивата на театарот е забележано дека на 14 ноември 1944 година во Битола изведена е првата претстава на македонски јазик, едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот […]

Промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф во МКЦ


Новиот роман од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовиран вечер во 20 часот во Младинскиот културен центар – Скопје. Книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовира Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Специјална гостинка, во улога […]

Промоција на книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985 ‒ 2023)“ од Сергеј Андреевски


Во Културно информативниот центар – Скопје, вечерва ќе се одржи промоција на книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985 – 2023)“ од уметникот Сергеј Андреевски. Како што стои во соопштението на КИЦ, книгата претставува прошетка низ времето уште од самите почетоци на сликарската кариера на Андреевски и се состои од неговите лични ставови кон уметноста, животот […]

Ревија на наградувани македонски филмови во Белград


Во Културниот центар Пароброд од Белград, денеска започнува првата Ревија на македонскиот филм, посветена на наградуваните македонски филмови кои освоиле признанија на меѓународни фестивали. Како што се наведува во соопштението на организаторите, на манифестацијата ќе бидат прикажани документарци, играни филмови и класики од македонската кинематографија, а свои музички настапи ќе имаат „Пијан Славеј“ и „Новоградска“.  […]

Концерт на Роберт Бонфиљо – Паганини на усна хармоника со Филхармонија


 Оркестарот на Македонската филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Наостри ги сетилата“ на кој како солист на усна хармоника ќе настапи Роберт Бонфиљо од САД, а диригент е Борјан Цанев. На програмата се дела „Музичка жртва“ од Стојче Тошевски, Концертот за усна хармоника и оркестар од Х. Вила –Лобос […]

Во Кинотека „Ден на корејската култура во Скопје“


Амбасадата на Република Кореја во соработка со Кинотека на Македонија денеска организира „Ден на корејската култура во Скопје“. Предвидени се проекции на два филма во Кинотека. Од 17:00 часот ќе биде прикажан играниот филм „Помеѓу боговите: двата света“, јужнокорејски фантастичен акционен филм од 2017 година, во режија на Ким Јонг-хва. Филмот е прв дел од […]

„Орбитал“ од Саманта Харви ја доби Букеровата награда за 2024


Британската авторка Саманта Харви ја освои овогодинешната посакувана книжевна награда со нејзиниот роман „Орбитал“. Тоа е првата книга која се одвива во вселената за да ја освои наградата, а Харви е првата жена автор што го освои Букерот по Бернардин Еваристо во 2019 година. Книгата од 135 страници е вториот најкраток роман- добитник на наградата […]

Промоција на „Прирачникот за заштита од измами и интернет криминал“ од инспекторот Роберт Атанасов


Издавачкиот центар ТРИ со денешниот промотивен настан го најавува второто, дополнето издание на „Прирачникот за заштита од измами и интернет криминал“ од економистот и експерт во борбата против економски криминал, Роберт Атанасов. Ова е прва книга од ваков вид на македонски јазик, чиј автор има долгогодишно искуство како инспектор во областа корупција и фалсификати, финансиски […]

Џијан Емин меѓу светската музичка елита во Португалија


 Препознавајќи ја автентичноста и ингениозноста, нарекувајќи го нашиот Џијан Емин „идиосинкратски македонски музичар“, го најавуваат концертот како „исклучително современо патување низ хибридни звуци без граници“. Престојното 33. издание на џез фестивалот во Гимараеш, Португалија, што ќе се одржи од 7- 16 ноември, ќе биде заокружено со настапот на Октетот Џијан Емин со Симфонискиот оркестар на […]

Почна најобемната реставрација на Рембрантовата „Ноќна стража“ досега


Амстердам- Во холандскиот Националeн музеј во Амстердам во тек е најголемата реставрација на ремек-делото на барокниот сликар Рембрант Херменсон ван Рајн – „Ноќна стража“. По пет години истражување, осум реставратори почнаа да користат техники како дигитална фотографија и вештачка интелигенција заради обновувањето. „Ноќна стража“ е реставрирана најмалку 25 пати, а овој нов проект за истражување и […]

КИЦ-Битола домаќин на изложбата „Париски рефлексии 2 и 3“


 Културно информативниот центар-Битола вечер во соработка со Француското конзуларно претставништво и Француската Алијанса ќе отворат изложба „Париски рефлексии 2 и 3“. Пред битолската јавност ќе се претстави втората генерација автори кои се родени до 1930 година, и се вклучиле во дефинирањето на ликовната сцена кај нас по Втората светска војна, односно Борислав Траиковски, Димитар Кондовски, […]

„Тоа сме ние“ – книжевно читање на новата генерација


Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ денеска во Младинскиот културен центар организира книжевно читање „Тоа сме ние“. Настанот ќе започне во 20 часот и ќе вклучи настапи на десет млади автори од новата книжевна генерација, меѓу кои Ивана Јовановска, Моника Стојановска, Ива Петреска и други. „Култура Бета“ најавува дека настанот ќе биде потсетник […]

„Поетот и градот“ со Влада Урошевиќ – осумдесет години слободно Скопје


Културно-информативниот центар денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со настанот „Поетот и градот“. Настанот ќе се одржи во салонот Империјал 2 со почеток во 12 часот.  Како што соопштуваат од КИЦ, главен гостин на настанот ќе биде академик Влада Урошевиќ, минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика. Оваа година се одбележуваат […]

Отворање на „Годишната изложба“ на ДЛУМ вечерва во Мала станица


Во Националната галерија, објект Мала станица, вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи отварањето на „Годишната изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Како што соопштуваат од ДЛУМ, изложбата претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ. – Изложбата е хетерогена и обединувачка, прикажувајќи различни ликовни дела. […]

„Арс Ламина“ го реобјави книжевниот класик „Книга на небото“ од Крсте Чачански


Книжевниот класик во македонската литература „Книга на небото“, од еден од најзначајните наши постмодернистички писатели Крсте Чачански, излезе од печат во ново руво и со нов поговор од Димитрие Дурацовски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис “, дел од „Арс Ламина – публикации“, е класифицирана во едицијата „Македонски книжевни класици“, придружувајќи им се […]

Силвана Блажевска е нова в.д. директорка на „Стоби“


Силвана Блажевска е нова в.д.  директорка на Националната установа „Стоби“, наш најголем археолошки локалитет. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор, Спасе Перовски. Блажевска, која е именувана на оваа позиција од министерот за култура, Зоран Љутков, е доктор по археолошки науки, вработена како кустос советник за архитектонска пластика и скулптура. Таа и во минатото беше […]

Предавања на Плевнеш на „Пантеон Асас Сорбона“


Во текот на ноември, Јордан Плевнеш како македонски автор со меѓународно реноме  и Претседател на ИУ Еуропа Прима, одржува серија предавања на постдипломските студии на универзитетот „Пантеон Асас Сорбона“ на тема : Драмата во политичката историја на светот од Антика до денес,  каде се разработуваат темите на драмскиот жанр на светски план со историските превирања на […]