„Љубовта е пак овде“: 250 години од појавувањето на „Страдањата на младиот Вертер“ од Гете


  Средина на септември 1774 година. Во витрините на книжарниците во Лајпциг е изложен роман во два тома, „Страдањата на младиот Вертер“,чиј автор дотогаш не го знаат многу луѓе. Освен неколку критики со дрзок тон, сѐ што знаеме за него е дека има драма која предизвика внимание, потекнува од богато и влијателно семејство, има голема […]

Нов мурал во Театар Комедија: Шпанска Керамика во срцето на Скопје


Во центарот на Скопје, Театар Комедија сега се гордее со ново, живописно уметничко дело! Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика „Talavera de la Reina“. Ова прекрасно дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ […]

Министерството подготвува нацрти за нов закон за култура и за нова национална стратегија


Нов закон за култура подготвува Министерството за култура и туризам, а наскоро ќе биде подготвен и нацрт за нова национална стратегија за културата, соопшти вчера министерот Зоран Љутков.  -Вработените во Министерството работат на нацртот на новиот закон кој сега ќе го имаме прво како еден вид контура и реални потреби коишто ќе ги имаат уметниците, […]

Разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти…почнува десеттото издание на „Букстар“


Под слоганот „Метаморфозис“ или „Преобразба“ денеска почнува десеттото издание на Фестивалот за европска литература „Букстар“. На програмата на фестивалот се разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти, панел-дискусии, книжевни читања, креативни работилници поткасти, музички концерти, изложба, стендап шоу, доделување на наградите „Драги“, како и втората фелоушип конвенција „Publishing Europe“.   Фестивалот ќе трае до […]

Љупчо Каров, Владимир Темков и Јовица Михајловски меѓу добитниците на наградата „11 Октомври“


Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седницата одржана на 11.9.2024 година донесе одлука за годинашни добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им  се доделува на: Љупчо Каров, […]

„Вечер со Руми“ во Друштвото на писателите на Македонија


Друштвото на писателите на Македонија денеска од 19 часот ќе организира „Вечер со Руми“ – поетско читање по повод 817 години од раѓањето на великанот на класичната персиска поезија.  Настанот ќе го водат членовите на ДПМ Ана Пејчинова и Тихомир Јанчовски, поети и препејувачи на поезијата на Руми. Писателската асоцијација соопшти дека го организира настанот […]

Изградбата на Универзална сала засега е стопирана, се прават анализи за владението


  Министерството за култура во минатата влада незаконски ја презело Универзална сала од Град Скопје затоа што по закон тоа не може да гради објект што е локална установа. Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека против сите инволвирани ќе бидат поднесени кривични пријави „за сите […]

Самостојна изложба на Марија Чепишева во „КО-РА“


Во галеријата „КО-РА” – нов салон вечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Бескрајна приказна за една точка“ на Марија Чепишева, академски графичар и графички дизајнер. Како што информираат од „КО-РА“, делата на Чепишева се работени во фузија на повеќе експериментални техники, често и со богата колажна структура. -И овој циклус, како и нејзините […]

Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман


Џудит Кауфман од Германија, кинематограферка во филмот „Наставничка канцеларија“ е годинашна добитничка на златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“. Стручното жири одлучи највиското фестивалско признание да и го додели на Кауфман заради одличната кинематограферска поддршка и конзистентна слика која како што рече претседателот на жирито Џон Сил, кинематограферката Кауфман меѓепснички ја прикажа […]

На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен тимот на македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“


Македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец вечер во Битола, на големото платно ќе го означи крајот на годинешниот ИФФК „Браќа Манаки“. Учеството на фестивалот на кинематограферите за кинематограферот Владимир Самоиловски е значајно, а снимањето на филмот предизвик, истакна на прес конференција во Битола, Владимир Самоиловски. -Драго ми е што младата […]

Фестивалот РУТА во Драмски театар со најактуелните претстави од регионот


Драмски театар Скопје од 15 до 20 октомври ќе биде домаќин на третото издание на меѓународниот театарскиот фестивал Рута. На сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје во тек на фестивалската недела, македонската публика ќе има можност да проследи шест репрезентативни претстави на театрите од регионот. Во фестивалската програма ќе играат претстави и копродукции од […]

„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев вечер во НОБ


На сцената на Националната опера и балет вечер ќе се изведе современата балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев. Приказната за „Пепелашка“ е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ од Хрватска, а сценограф е Филип Коруновски. Дизајн на звук е на Георг Драушник од Хрватска, […]

Промоција на стихозбирката „Модра мрежа“ од Марина Икономова Шокева


Промоцијата на стихозбирката „Модра мрежа“ од Марина Икономова Шокева, издание на ПНВ Публикации, ќе се одржи вечер во кафе-книжарницата „Буква“.  ‒ „Модра мрежа“ е интроспекција на душевните доживувања пренесени преку два спротивставени поетски јазика, натурал­на наспрема урбана поезија, метафорите наспрема директните поетски слики од секојдневното живеење, истакнува Снежана Стојчевска, која е промотор на книгата. Стихови […]

Меѓународна премиера на документарниот филм „Време на бетон“ на Игор Иванов во Прага 


Интернационалната премиера на долгометражниот документарен филм „Време на бетон” во режија на Игор Иванов ќе биде во рамките на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. Ова е единствениот фестивал во Чешка со архитектурата во својот фокус, кој има за цел да ја истакне како особено значаен сегмент во секојдневниот живот и да ги […]

Македонска филхармонија гостува во Дубровник


 Оркестарот на Македонската филхармонија денеска ќе гостува во Дубровник, Хрватска. Концерт ќе одржи на сцената на „Кнежев двор“. Солистка ќе биде хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е маестро Бојан Цанев. На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур […]

Изложба на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ


 Во Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски. Кураторка е Мира Гаќина. Пред официјалното отворање, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите кои се заинтересирани одблизу да ја доживеат нивната уметничка практика, која, како што наведува МСУ, ги поместува границите […]

Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска, колегите се простуваат од извонредниот мецосопран на НОБ


Почина оперската пејачка Ирена Кавкалевска, мецосопран во Националната опера и балет (НОБ), соопшти нејзината матична оперска куќа. Кавкалевска имаше 51 година. Погребот ќе се одржи в петок во 12 часот, на градските гробишта во Бутел во Скопје. Ирена Кавкалевска, мецосопран, добитничка на многу награди, школувана во Македониіа, Софиjа, Грац, Загреб, Кавкалевска дебитира на сцената на […]

„Сенки во облаците“: Од 1 октомври самостојна изложба на Емил Шулајковски во Чифте амам


Во Чифте амам, на 1 октомври 2024 (вторник), во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Емил Шулајковски под наслов „Сенки во облаците“. Во најновата изложба на Емил Шулајковски под наслов „Сенки во облаците“ (2024), со која на извесен начин се одбележува и тридецениското творештво на овој автор, не може да се избегне импресијата […]

Отворен е МТФ Денови на комедија Куманово 2024


Вчера вечер пред преполната сала на Центар за култура Трајко Прокопиев во Куманово, свечено беше отворен и започна 27 по ред МТФ Денови на комедија Куманово 2024. Првата Фестивалска вечер публиката имаше можност да ја погледа одличната претстава „Вечера за глупаци“ од Театар Велес која на крајот беше наградена со голем аплауз. На отворањето на […]

Презентација на кинематографери, панел и откривање ѕвезди на лауреати на ИФФК „Браќа Манаки“


Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ претпаднево во Битола продолжува со прес конференција на која ќе учествуваат кинематограферите Пабло Лозано и Душан Хусар, и со панел „Од Трајбек до Манаки, зад сцената“. Во битолското Кино „Манаки“ продолжува проекцијата на филмови во категорија „Кратка програма“, а прв ќе биде емитуван филмот „Состојба на умот“ на […]