Две нови фестивалски селекции во Италија за „Јон Вардар“


Македонскиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со успешното фестивалско патешествие, со две нови селекции во Италија. Филмот ќе биде прикажан во главната програма на Ariano International Film Festival, каде што ќе има прајм-тајм проекција овој вторник, 29 јули, како и на International Tour Film Festival во Рим, во текот на октомври. Двата […]

Дуото Емир Имеров на виолина и Ваг Папијан на пијано вечерва на „Охридско лето“


Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на уметниците Емир Имеров од Република Северна Македонија на виолина во пијано придружба на Ваг Папиан од Израел. Емир Имеров е роден во Скопје, а живее во Германија од 1991 година. Студира на Музичката академија во Вурцбург со професорот Г. Жислин во чија класа дипломира […]

„Косонанс“ воодушеви со изведбата на македонски автори на „Охридско лето“


Камерниот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ синоќа се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. Извонредните уметници, флејтистката Елена Дојчинова, Маја Чанаќевиќ која свири на англиски рог, кларинетистот Здравко Ангелов, Сашо Темелковски на бас-кларинет и  Дарко Илиевски на хармоника кои се и професионални музичари во Македонската филхармонија, ја збогатија фестивалската програма на класична музика со […]

Нашиот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вечерва на „Охридско лето“


На програмата на „Охридско лето“ вечерва е одржина од музичкиот дел, со концертот „Мозаик“ на македонскиот ансамбл „Консонанс“ и уметниците Елена Дојчинова на флејта, Маја Чанаќевиќ на англиски рог, Здравко Ангелов – кларинет, Сашко Темелкоски – бас кларинет и Дарко Илиевски на хармоника.  Ансамблот „Консонанс“, основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на своите […]

Заеднички концерт на Ана Руцнер и битолскиот Камерен оркестар на Хераклеја на 30 јули


Регионално познатата хрватска виолончелистка Ана Руцнер на 30 јули за прв пат ќе гостува во Македонија, каде во античкиот локалитет Хераклеја ќе одржи заеднички концерт со битолскиот Камерен оркестар. Од Националната установа Камерен оркестар на Битола,  информираа дека за публиката се подготвува впечатлив настап, со музичко и визуелно доживување, хармонија меѓу традицијата и современото. -Хрватската […]

И американски археолози на античкиот град Градиште крај Битола


На 12 километри од Битола има град од античко време, град кој егзистирал во времето на македонската држава и подоцна во римскиот период. Македонско-американски тим од археолози, предводени од Енгин Насух, советник кустос археолог во НУ Завод и Музеј-Битола и Николас Ангелоф од Универзитетот Поли Хамболт во Арката, Калифорнија, неодамна на локалитетот Градиште-Црнобуки открија и […]

Објавена програмата на 37. Поетска ноќ во Велествово


Шеснаесет поети, музичари и уметници од Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија ќе настапат на 37. Поетска ноќ во Велестово.  Програмата ќе започне на 15 август во 21 часот во Велестово со поетски портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува интернационаланото поетско читање „Имаго“. Ќе […]

Магија под отворено небо: Стоечки овации за „Рибарски караници“ во Ротино


Под ѕвезденото небо на Ротино, синоќа се создаде вистинска симбиоза меѓу актерите и публиката – тие играа, овие се смееја… и обратно. Очигледно на битолската публика, но и гостите од другите градови, им недостигаше една автентична претстава во автентична атмосфера, под отворено небо, до и на Ротинското езеро. Од тука и долготрајните аплаузи, стоечки овации, […]

Грчка вечер на „Охридско лето“ – импресивен настап на пијанистката Данае Доркен


Младата грчко-германска пијанистка Данае Доркен  со своето вдахновено музицирање синоќа ја почести публиката на „Охридско лето“ со прекрасен концерт кој се одржа во рамки на Грчката вечер на фестивалот, поддржана од Амбасадата на Грција во нашата земја. Со својот возвишен пијанистички артизам,  Доркен вечерта ја започна  со една од нејзините омилени композиции, „Фантастична пиеса“  од […]

Номи Рапас го избра Никола Ристановски меѓу тројца кандидати за филмот „Мајка“, вели продуцентката Лабина Митевска


Како холивудска ѕвезда, беше тешко да се дојде до шведската актерка Номи Рапас, светски позната по улогата во „Девојката со тетоважа на змеј“ од 2011. Сепак, имавме среќа да стапиме во контакт, благодарение на нејзината агентка Стела, која била фан на мојот филм „ Господ постои, името ѝ е Петрунија“, сподели денес, на прес-конференцијата во […]

Дел од парите од казината и обложувалниците ќе одат за македонскиот филм, вели Љутков


„Македонскиот филм долги години беше во криза, но успеавме да излеземе од таа криза. Со ребаланс на Буџетот за оваа година обезбедивме дополнителни 145 милиони денари, што ќе биде многу повеќе од двојно, од она што го имаше филмот во првата половина од годината“. Ова го соопшти денеска на прес-конференција во Скопје по повод светската […]

„Мајка“ на Теона Стругар Митевска е доказ дека македонската уметност може рамноправно да чекори со светот: Прес пред светската премиера на 28 август во Венеција


Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска, кој ќе ја отвори престижната селекција „Хоризонти“ на годинешниот 81. Венецијански филмски фестивал, веќе е распродаден за кино дистрибуција во над 15 европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија, Шпанија, Данска, Шведска, Норвешка, Полска, Чешка, Финска, Белгија и други. Филмот ќе започне да се прикажува во европските кина од […]

Пет книги влегоа во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025


Жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025 година одржан на 18 јули 2025 година По завршување на првата, поединечна фаза на работа, во согласност со Правилникот за наградата, Во текот на првиот дел на состанокот, во согласност со Правилникот, едногласно ја усвои следнава листа на потесен избор од пет поетски книги […]

Скопското Кале мора да заличи за Скопје како европска престолнина на културата во 2028 –  нови 8 милиони денари за симболот на Скопје


На Скопското Кале денеска започна акција за средување на вегетацијата, кој простор подолго време е обраснат со висока и сува трева. Наскоро ќе почне и обновување на двате музеи кои се наоѓаат на тврдината. Министерот за култра и туризам Зоран Љутков денеска при посетата на Калето заедно со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски и неколку […]

Битолскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Рибарски караници“


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола, вечер под отворено, ѕвездено небо, кај Ротинско Езеро, премиерно ќе ја изведе претставата „Рибарски караници“ од Карло Голдони, во режија на Јован Ристовски. -Магијата која ја нуди ова езеро, самиот национален парк Пелистер, за нас беше предизвик да направиме претстава која ќе биде малку поразлична од се она што досега […]

Грчка вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Данае Доркен


Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ оваа вечер ја има резервирано за солистичкиот концерт на германската пијанистка со грчко потекло Данае Доркен. Доркен е една од најбараните уметници на нејзината генерација, позната по нејзината неверојатна техника, фантастична сценичност и длабочина на музичката мисла. На само седумгодишна возраст, Данае Доркен веќе била поддржувана од познатиот Јехуди […]

Претстава којашто тече како музичка партитура: „Амадеус“ на Турски театар воодушеви на „Охридско лето“


Драмскиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“ синоќа донесе премиера на театарската претстава „Амадеус“  од Петар Шефер, во режија на Андреј Цветановски, а во изведба на Турски театар-Скопје. Селпин Ќерим, Јеткин Сезаир, Слаѓана Вујошевиќ, Аксел Мехмет, Џенап Самет, Бурханедин Ибрахим, Емине Халил, Озан Илдриз и Игбал Саидова на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ покажаа […]

Романот „Киклоп“ од Ранко Маринковиќ, по кој се снимаше истоимениот филм, преведен на македонски


Од печат излезе преводот на романот „Киклоп“  од хрватскиот писател Ранко Маринковиќ. Романот е објавен во реномираната едиција ПРОаЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Преводот од хрватски е на Владимир Јанковски и истиот е овозможен со поддршката на фондацијата ТРАДУКИ и Министерството за култура и медиуми на Р. Хрватска. Романот Киклоп на Ранко Маринковиќ е едно од најзначајните […]

Италијанска вечер на „Охридско лето“ со Филхармоника Болоња


Програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ повторно се враќа на музиката, овојпат со италијанската вечер и концертот на Филхаромонискиот оркестар на театарот во Болоња. Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња е основан во 2008 година од дел од музичарите на оперскиот оркестар. Нивната мисија е да ја промовираат класичната музика во Болоња, притоа гарантирајќи […]

„Денови на независната продукција“ во Драмски театар, повик за пријавување претстави


Драмски театар Скопје (ДТС) ќе ја почне новата театарска сезона во септември со проектот „Денови на независната продукција“ за поддршка на уметниците од независната сцена. ДТС соопшти дека утре на нивната веб-страница и на социјалните мрежи ќе биде објавен Јавен повик за уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната […]