Не е потребна револуција за да се врати оптимизмот


Потребни ни се нови идеи за да ги решиме трите најголеми економски предизвици на нашето време: климатските промени, исчезнувањето на средната класа и сиромаштијата. Првиот предизвик е егзистенцијална закана за нашата физичка средина; другите создаваат поларизација и ја загрозуваат демократијата; третиот е морална неволја за целиот свет. Но, со оглед на порастот на авторитаризмот и […]

Епидемија на брбливост во власта


Логореа на македонски би можело да се преведе со брбливост, или дрдорење. Тоа е лесно душевно заболување кога непрестано се зборува, зборува и зборува. На скопски жаргон така се вели кога некој ломоти и меле како воденица, или кога ќе се каже чука празна слама. Некои тоа го викаат паламудење. Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и […]

Корупцијата го поткопа претседателството на Зеленски


Огромниот корупциски скандал што се одвива во Украина длабоко го оштети имиџот на земјата. Исто така, сериозно ја еродираше довербата во претседателот Володимир Зеленски, претворајќи го во млитав лидер дома. Вклучувајќи заговор за изнудување на околу 100 милиони долари од енергетскиот сектор на Украина, скандалот досега ги зафати министерот за правда на Зеленски, Герман Галушченко, […]

Истече рокот на лажните ветувања


Владата и вечерва ќе ја спушти „завесата“ за да скрие од нас што се случува зад сцената. Во важен момент во земјата доаѓа шефот на германската дипломатија, а средбите се затворени и за нив ќе има само соопштенија во кои повторно од власта ќе ни ја сервираат својата реторика за евроинтеграцијата на Македонија. Целта е […]

Стапицата на Тукидид: Дали е неизбежна војната помеѓу Русија и НАТО?


Таканаречената Тукидидова стапица стана основна компонента на вокабуларот за надворешна политика во текот на изминатата деценија, редовно повикувајќи се за да се објасни растечкото соперништво меѓу Русија и НАТО и САД и Кина. Формулиран од страна на политичкиот научник Греам Алисон – прво во статија во „Фајненшел тајмс“ од 2012 година, а потоа развиен во […]

Може ли надежта да се продава?


Како и цел свет така и Македонија беше на свој начин зафатена од треската наречена Зохран Мамдани и начинот на кој младиот демократски социјалист роден во Уганда успеа да однесе неверојатен триумф на изборите за градоначалник на Њујорк. „Главниот град на светот“ не е Америка во својата срж, тој е космполитски конгломерат составен од наследниците […]

Ацо Чирибирибела


Секоја година во ова време го посетувам Саемот на книгата во Белград, секоја година мојот српски издавач љубезно ме поканува да се сретнам со нивните други таканаречени домашни автори, предводени од познатата писателка Мирјана Бобиќ-Мојсиловиќ, на нивниот штанд со кафе и ракија, и секоја година учтиво им се заблагодарувам, бидејќи ги познавам нивните други таканаречени […]

Рушвет земјоделие


Рушвет врати отвора – ама рушвет врати и затвора. Ако не се пофали тој што зел, ќе се пожали тој што дал. Вака искусни земјоделци во една реченица, со турски архаизам, ја објаснуваат ситуацијата во македонското земјоделие по големиот ИПАРД скандал кој ја тресе Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделието или како што ја […]

Зборовите на една песна


Во месецот на тага и сеќавање на жртвите од Вуковар, ни треба единство, достоинство и мир, а не поделба и нетолеранција – изјави градоначалникот на Сплит, член на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Шута, осудувајќи го „инцидентот“ во квартот Блатине. „Инцидент“ беше името дадено на организираниот марш на околу стотина црнокошулаши кои, скандирајќи го усташкиот […]

Какво соломонско решение очекува Сиљановска?


  Интервјуто на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во емисијата „360 степени“ на МРТ буди потреба од промптна реакција, не само заради искуствата од три и пол децениското макотрпно етаблирање на земјата како самостоен, суверен меѓународен фактор, туку и како потреба од исчекор во и од нашата инертна политичка практика. Самата изговорена референца на претседателката дека очекува […]

Што ни кажува цената на златото?


Имав забележително контрадикторни ставови за зачудувачкиот пораст на цените на златото оваа година, особено по неодамнешниот остар пресврт. Од една страна, не би ме изненадило ако падот се покаже како почеток на крајот на растот. Од друга страна, сочувствувам со оние што го имаат спротивното мислење: повлекувањето е само кратка корекција на она што останува […]

Меѓу популистичките баталјони


Андраш Пап е професор по уставно право во Центарот за социјални студии во Будимпешта. Во еден подолг текст за Verfassungsblog, глобален форум за научна дебата за соочувањето на академијата и општеството, тој пишува како унгарските популисти и режимот на Виктор Орбан ги поткопуваа академските слободи за потоа да можат да го контролираат и општеството. Пап […]

Дали овде има Турци (втор пат) или неофашизам од реинкарнација до дело?


На крајот на 2010 година („Вијести“, 13 октомври 2010 година) објавив текст со наслов „Дали овде има Турци?“ Текстот беше мотивиран од настаните од тоа време и започнуваше со овој вовед: „Се фрлаат бомби, се палат муслимански продавници. Се пука по кафулињата со зборовите ‘Дали овде има Турци?’, Љубица Беба Џаковиќ се сеќава на мрачните […]

Една долга, мрачна ноќ


Кога пред два месеци, сега веќе познатиот графит се појави на фасадата на зградата во населбата Утрине во Загреб, каде што живее писателот Миљенко Јерговиќ – напишан со црна боја во спреј „Една августовска ноќ, на Миљенко нема да му биде добро“ и додадено со сина боја „Нашата земја, наши правила“ – цела Хрватска се […]

Митот за Русија како велесила засекогаш исчезна


Лорд Палмерстон е познат по тоа дека се пошегувал за данско-германската војна од 1864 година оти само тројца луѓе ја разбрале причината зад неа: еден кој умрел, еден кој полудел и третиот кој заборавил. Ако тој конфликт некогаш се чувствувал како врв на стратешка апсурдност, војната меѓу Русија и Украина некако ја подигна летвичката. Размислете […]

Војната на вештачката интелигенција против новинарството


Во Европа се води тивка војна – војна што ќе одлучи дали новинарството ќе остане столб на демократијата или ќе се раствори во вревата на економијата на податоци. Со години, новинските организации имаа нелагоден договор со Силиконската долина. „Гугл“ и „Мета“ го земаа лавовскиот дел од парите од рекламирање, но ги испраќаа читателите кон нас. […]

Како да се измерат победата и разочарувањата


„Синоќа сонував дека повторно отидов во Мандерлеј“. Воведната реченица на најпознатиот роман на британската писателка Дафне ду Морие, „Ребека“, е една од најубавите воведни реченици во англиската фикција. Англиските книжевни критичари оценуваат дека Морие со еден потег го воспоставува гласот, местото и атмосферата на сонот во приказната. Романот е издаден во 1938, а само две […]

Како индивидуалниот гнев ги носи поделбите


Секоја генерација верува дека живее во невидена ера со уникатни предизвици. Но, одново и одново, истите модели и мотивации ги ослабнале, па дури и ги уништиле цивилизациите, или ги зајакнале и им овозможиле да напредуваат. За да се учи од минатото, потребно е да се препознаат неговите симетрии и резонанси. На пример, подемот и падот […]

Америка раководи со НАТО, а Европа зависи од НАТО


Живееме во опасен и непредвидлив свет.  Денес, за жал, повеќе нема потреба да се скицира или упатува на  постоењето на можните воени закани. Популациите на Балтикот, Полска, Романија, Молдавија и пошироко, психолошки ги доживуваат хибридните и миграциските последиците од војната од прва рака, и тоа на прагот на Европа. Која денес од овие држави или […]

Зошто работниците се свртуваат кон десницата?


На Западот му се заканува сениште – сеништето на работничката класа која остана без политички претставник. Заведени од песната на сирените на „третиот пат“ – Бил Клинтон, Тони Блер и Герхард Шредер – силите на левиот центар со децении се откажуваат од јазикот на класната борба. Во нивната желба да се прикажат како сигурни, ефикасни […]