Неготино ја доби првата жена градоначалничка – Марија Нацева


 Неготино ја доби првата жена градоначалничка  – Марија Нацева, напишаа вечерва од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино на Фејсбук.  – Горди сме што уште една успешна, мудра и упорна жена од нашите редови покажува дека со силна волја, посветеност и чесна работа може да се постигнат извонредни резултати. Нејзиниот успех е пример и поттик […]

„Вреди“ го доби Дебар, Фисник Меља прогласи победа во трката за градоначалник


Во Дебар, по вториот круг на гласање вечерва победа прогласи Фисник Меља, кандидат на „Вреди“ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Според изборниот штаб тој освоил над 700 гласови повеќе наспроти неговиот против кандидат Рамадан Имери, кој беше независен кандидат. Фисник Меља (41) е магистер по ИТ, оженет е и татко е на две деца. Тој е актуелен […]

ВРЕДИ слави во Тетово: Касами победник, Дурмиши најавува уште посилен втор мандат


Бесар Дурмиши, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ за Општина Тетово објави дека Биљал Касами победил со 5000 гласови повеќе од Бајрам Реџепи.  Тој оцени дека во најголем број тетовски населби имаат победа затоа што граѓаните ја ценат работата на градоначалникот Касами и му дадоа поддршка за втор мандат. -Граѓаните го кажаа своето мислење […]

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов, е нов градоначалник на Кочани


Општина Кочани го доби нов градоначалник по вториот круг од локалните избори штп се одржаа денеска. Станува збор за Владко Грозданов, кој беше кандидат на  коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој обезбеди убедлива победа. По обработени 100 отсто од гласачките места, Грозданов освои 52,71 отсто од гласовите, или 7.368 гласови, додека неговиот противкандидат, Венко […]

Митески се заблагодари за довербата во Аеродром: „Од утре почнуваме со работа!“


Актиелниот градоначалник на Аеродром останува во градоначалничката фотелја, и прогласи голема победа со 18.000 гласа.   „Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба! Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме!“, ветува […]

Менди Ќура прогласи победа во Струга


Кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура, поддржан од „Вреди“, прогласи победа во вториот круг на локалните избори, и вети дека ќе биде градоначалник на сите граѓани. Во обраќањето вечерва пред неговите поддржувачи, тој рече дека има предност пред против кандидатот, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција со околу 500 гласови, што според него […]

Максим Димитриевски по трет пат е градоначалник на Куманово


  Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, по трет пат е градоначалник на Кумово. Со пребројани најголем дел од гласовите тој има недостижна предност.  Излезноста во вториот круг во Куманово беше многу мала, околу 34 отсто. Од тие гласови Димитриевски добил 16.000 гласови, додека неговиот противкандидат Горан Стојковски околу 15.000 гласови. Во обраќањето пред поддржувачите Димитриевски […]

Сотир Лукровски слави во Карпош (видео)


Сотир Лукровски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош, слави. -Драги мои карпошани, сакам да ви се заблагодарам на сите на огромната поддршка и да ја објавам историската поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, изјави вечерва Лукровски. „Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за […]

Дејан Митески останува градоначалник на Аеродром?


По пребројани гласови од 71 гласачко место во Аеродром, во двојно водство е актуелниот градоначалник Дејан Митески, од ВМРО-ДПМНЕ. Тој има псвоено 59,64 отсто од гласовите или 13.626 гласале за него, наспроти Александар Трајановски поддржан од СДСМ, кој има 30,29 отсто од гласовите или за него гласале 6.921. Остануваат да се сумираат и гласовите од […]

Муцунски: Во Кичево победи Јовановски


Во Кичево победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Јовановски, изјави вечерва потпретседталто на партијата Тимчо Муцунски. Инаку, вечерва во Кичево е раздвижено, по затворањето на гласачките места на кои се гласаше за градоначалник, а на кои противкандидати беа досегашниот градоначалник Фатмир Дехари, кандидат на Националната алијанса за интеграција, НАИ, и Александар Јовановски, кандидат на коалицијата […]

Ќе го „даде“ ли Јакимовски Карпош? Лукровски води со 800 гласови предност


По пребројани речиси 58 отсто од гласовите во скопски Карпош во водство е кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски. Досегашниот градоначалник Стевче Јакимовски во неколку мандати, заостанува зад својот противкандидат за 800 гласови. Сепак, засега пребројани се 46 од 74 гласачки места, односно  35.375 од 56.856 гласачи.

Во Струга ќе одлучува фото-финишот


Осумдесетина гласови ги делат кандидатие за избор на градоначалник на Струга. Таму води независниот кандидат Менди Ќира, поддржан од „Вреди“, со 10.425 гласови пред Арсим Далипи од националната алијанса за интеграција со 10.304.  Остануваат да се пребројат уште 13 гласачки места. Овие резултати се од избројани 87,13 отсто од гласовите.

Во Могила, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, прогласи победа


Во Могила, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, прогласи победа во вториот круг на локалните избори за градоначалник на општината. !Во Могила победи ВМРО-ДПМНЕ, победи вербата, упорноста и љубовта кон нашата општина“, објави Саботковски на Фејсбук. „Продолжуваме со уште поголема енергија и една цел — да ја направиме Могила поубава, поразвиена и подобра за живеење“, објави […]

Во Куманово е тесно, Димитриевски е во предност од неколку стотици гласови


Независниот кандидат Горан Стојковски има извонреден пораст на гласовите во вториот круг на изборите за градоначалник на Куманово и таму трката е неизвесна, барем според пребројаните 64 отсто од гласовите. Градоначалникот Максим Димитриевски (ЗНАМ) се бори за трет мандат. Тој води со 49,99 отсто од гласовите (8.762), додека Стојковски освоил 45,99 (8.062).  За броење остануваат […]

Во Брвеница кандидатот на ВЛЕН во голема предност пред ривалот од ВМРО-ДПМНЕ


  Со избројани 75 отсто од гласовите кандидатот на ВЛЕН, Хаќим Рамадани е во голема предност пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Јовица Илиевски. Рамадани досега има освоено 60,7 отсто од гласовите (3.207), додека Илиевски 37,35 проценти (1.973). За пребројување остануваат уште гласовите од шест избирачки места.

ДИК почна со објавување на резултатите во живо


Државната изборна комисија почна да ги објавува резултатите од вториот круг на локалните избори во кои се гласа за градоначалник во 32 општини и во Градот Скопје.  Во моментот во во Скопје двојна е предноста на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, спрема противкандидатот Амар Мециновиќ, во Аеродром води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески, во Центар е […]

Обвинителство: Изборниот ден помина без поголеми нарушувања


По затворањето на избирачките места во вториот круг од локалните избори во Северна Македонија, Јавното обвинителство излезе со оценка дека изборниот дел поминал „без поголеми нарушувања на изборниот процес“. „До јавното обвинителство во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени […]

ДУИ со поплаки дека се купувале гласови


Во име на ДУИ, пратеникот Арбер Адеми се заблагодари на сите граѓани и припадници на дијаспората кои гласаа на локалните избори, нагласувајќи дека процесот бил повеќе од обична локална трка – тој бил, како што рече, „тест на политичкиот и моралниот карактер на државата“. „Успешно се соочивме со нечесна и незаконска кампања која го оцрни […]

ВМРО-ДПМНЕ очекува поголема разлика во споредба со противниците – први впечатоци


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, соопшти дека според сите досегашни извештаи, изборниот ден поминал во мирна и достоинствена атмосфера, без поголеми неправилности. „Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Ние како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме одличен изборен резултат. Во вториот круг очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог – очекуваме голема […]

ВЛЕН: Гласањето во вториот круг во целина мирно и демократски


Непосредно по затворање на гласачките места, ВЛЕН денеска оцени дека процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини во кои денес се одржа гласањето, вклучително и во општините каде што учествуваше коалицијата ВЛЕН. „Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше […]