Загина 16-годишник на мотор по судир со тротинет управуван од 14-годишно дете: Ова се деталите
Еден малолетник загинал, а друг е повреден во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на ул. „Цветан Димов“ во скопски Чаир. Како што информира денеска МВР, од здобиените повреди на местото на несреќата починал 16-годишен мотоциклист, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Четиринаесетгодишник кој управувал електричен тротинет, пак, се здобил со телесни повреди […]