Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен јавен обвинител


 Министерството за внатрешни работи соопшти дека во врска со видеото кое вчера беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа како лице кое управува патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки има врзано коњ за куката од возилото и така се движи низ градското подрачје, од страна на полициски службеници од СВР […]

Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан


Во четвртокот, во 19.30 часот на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале пет лица при обид илегално да ја преминат државната граница.   Притоа, од слобода биле лишени Л.Ј.(35) и 17 – годишник од Кина и У.К.(23) од Авганистан, […]

Тетовското обвинителство вложи жалба на пресудата за сообраќајна несреќа во која беше усмртена Теодора


Тетовското Основно обвинителство вложи жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7-ми овој месец со која обвинетиот М.П., кој со возило го усмрти пешакот Тетодора Ристовска, беше осуден на казна затвор во траење од две години, поради тоа што смета дека  е преблага во однос на тежината на стореното кривично дело и степенот […]

Уапсени тројца разбојници на Бит Пазар, ограбиле седум малолетници


Вчера околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полицијата ги уапсил 19-годишниот С.А од с.Кондово, скопско, 20-годишниот Р.Ф и 22-годишниот М.И., двајцата од Скопје поради разбојништво. „Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од с.Кучевиште, скопско, а […]

Пет лица повредени во сообраќајка кај месноста Стамерски Преод, Делчевско, сообраќајот во прекин


 Поради сообраќајна несреќа во близина на месноста Стамерски Преод, во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Пехчево – Берово. Според првични информации, во несреќата учествувале три возила, а на местото на настанот излегле Итна медицинска помош и екипа на ТППЕ Делчево, при што од страна на медицинскиот тим констатирани се повреди кај пет лица.  […]

Возел пијан и без возачка, па лажно се претставил дека работи во АНБ


Денеска во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297 А од Кривичниот законик. Претходно, управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, удрил во објект на бензинска […]

Цариниците спречија обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица


На граничен премин Богородица спречен е обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик, соопшти денеска Царинската управа. Случајот, како што е наведено во соопштението, е откриен од мобилен царински тим кој на влез […]

ОЈО Прилеп: Се истражува финансиското работење на Прилепската болница од 2020 година од денеска


 По вчерашните претреси на осум локации во Прилеп обезбедена е целокупна документација за финансиското работење на прилепската болница од 2020 година па до денеска. Сега документацијата ќе се анализира, велат од прилепското Основно јавно обвинителство. Оформен е предмет во фаза на предистрага заедно со Финансовата полиција. -По претресот кај осомничени лица на осум локации е […]

Сериозно повреден работник на јавно претпријатие во Битола


  Јавното претрпијатие „Нискоградба“ од Битола соопшти дека негов работник бил повреден на работа. Поради сериозноста на повредите работникот е префрлен на скопските клиники. Настанот се случил денеска. „Во 8 часот се случи несреќен случај при работа. Се повреди работник на КЈП ‘Нискогардба’. Со возило на итната медицинска помош е однесен е во Клиничката болница […]

Со 10 евра се обидел да ги поткупи граничарите на „Блаце“


На граничен премин Долно Блаце, на влез во државата синоќа околу 19.30 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Б.(51) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик. Од МВР денеска соопштија дека при гранична контрола, тој на увид дал документи за […]

Со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски, којшто треба да одговара на вкрстени прашања на Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. На минатото рочиште, Палевски одговарајќи на прашања од неговиот бранител Јовица Страшески негираше одговорност за двојното убиство, тврдејќи дека […]

По сообраќајка во Аеродром, автомобил превртен на покрив – повредена е жена


Во несреќата е повредена 41-годишната В.Ш. која била зад воланот на возило марка „киа“, кое завршило превртено на покривот. Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случи на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром во непосредна близина на „Веро“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Фотографиите од местото сведочат […]

Социјални работници од Македонски Брод не заштитиле дете жртва на силување


СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Првопријавениот, директор на […]

Украдени бронзени бисти од гробиштата во Бутел


На 14.04.2025 во СВР Скопје, С.А.М.(47), С.Ш.(68) и М.Г.(69), сите од Скопје, пријавиле дека на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полицијата го пронајде шестгодишното девојче од Куманово


Полицијата го пронајде шестгодишното девојче од Куманово откако нејзината мајка попладнево пријавила дека се оддалечила од домот, информираше СВР Куманово. Детето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба. – Денеска во 15: 00 часот во СВР Куманово С.Т. (28) од Куманово пријавила дека нејзината 6 годишна ќерка се оддалечила од домот. Девојчето било пронајдено на […]

Осумгодишно дете од Битола каснато од куче со ушна маркица


  Осумгодишно дете од Битола се здобило со повреда на челото и имало неколку скопци откако куче со ушна маркица го нападнало додека со родителите било во пицерија во строгиот центар на Битола. Детето е однесено на болница и раната му е санирана. Настанот се случил вчера кога детето додека седело со родителите во пицеријата […]

Уапсени пет возачи од Куманово и Крива паланка, возеле пребро или биле пијани


Вчера, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишиле од слобода пет лица по член 297А од Кривичниот законик. М.П.(52) од Куманово бил лишен од слобода затоа што при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со брзина од 94 километри на час […]

Исчезнат велешанецот Стојче Пецевски


Вчера околу 10.50 часот во реонот на велешкиот рид Гроот е исчезнат планинарот и пензионер од Велес Стојче Пецевски. ланинарот Игор Смилев од „Грин Пауер“ сподели апел до велешките планинарски друштва, клубови и поединци да се вклучат во потрагата по исчезнатиот планинар од Велес, Стојче Пецевски кој од неделата е исчезнат во реонот на ридот […]

Седум возачи уапсени во Тетово – возеле и со 193 км/ч


Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење, при што биле констатирани 128 прекршоци (ТЕ-67 и ГВ-61). За време на контролата по член 297А – безобѕирно управување на моторно возило од слобода […]

ЦУК: Пронајдени рачни бомби во нива во тетовско и авионска бомба во битолско


За пронајдени неексплодирани убојни средства известува РЦУК Тетово. Конкретно, преку 112 во ЦУК е пријавено пронаоѓање рачни бомби на приватна нива во близина на „Еко Флор Плус“ во село Боговиње. Веднаш по примањето на пријавата, вработени од Полициската станица Камењане пристигнале на местото. Известени беа и ДЗС Тетово за случајот, а преку консултација со надлежните […]