„Фич“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на САД


„Фич рејтингс“ (Fitch Ratings) во вторникот го намали долгорочниот рејтинг на американскиот издавач на странска валута на АА+ од ААА, укажувајќи на „очекуваното фискално влошување во следните три години“, ерозијата на владеењето и растечкото оптоварување на долгот. „Повторениот политички ќорсокак околу лимитот на долгот и решенијата во последен момент ја нарушија довербата во фискалното управување“, […]

Џек Ма се насочува кон земјоделството


Џек Ма започна како учител во училиште и го изгради „Алибаба“, кинескиот „Амазон“, а три години откако Пекинг им објави војна на технолошките фирми, Ма се сврте кон земјоделството. Откако се обидел да предава во Хонг Конг и Токио, 58-годишникот неодамна инвестирал во нова фарма-технолошка компанија, според извештајот на South China Morning Post, пишува „Бизнис […]

Родова (не)еднаквост: жени vs мажи според пари, моќ и знаење


„Жените во Северна Македонија заработуваат помалку и се наоѓаат во повисок ризик од сиромаштија во споредба со мажите. Пониските приходи, пократкиот работен век и високата неактивност на пазарот на труд придонесуваат за поголем ризик од сиромаштија, поголема економска несигурност и влошени финансиски изгледи за жените во секоја фаза од нивниот живот“ – пишува во новообјавеното […]

Намалената побарувачка за вакцината против корона ги преполови приходите на „Фајзер“


Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ (Pfizer) во вторникот објави дека го завршил вториот квартал со половина од приходите од истиот период минатата година поради послабата побарувачка за нејзината вакцина и лек за КОВИД-19. Во периодот од април до јуни, приходите на „Фајзер“ беа половина од истиот период минатата година, и паднаа на 12,73 милијарди долари. Американскиот […]

За прв пат во историјата, Кина направи повеќе трансакции во јуани отколку во американски долари


  Минатиот квартал, Народна Република Кина, за прв пат во својата историја, направи повеќе странски трансакции во сопствената валута, јуанот, отколку во американскиот долар, пишуваат медиумите во источна Азија. Поточно, според податоците на кинеската државна агенција за девизи, во јули кинеските компании и организации направиле 49 отсто од нивните деловни трансакции со странски земји во […]

Министерот Николовски не очекува проблеми при увозот на пченица


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека нема стравувања околу годинашното производство на пченица, ниту ќе има проблеми за драстично да се зголеми увозот. Како што рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања, квалитетот на пченицата е незадоволителен, но тоа не е случај само во земјава, туку и во Србија, Грција и […]

Лагард: ЕЦБ може да ги зголеми каматните стапки или да направи пауза до следната седница


Европската централна банка (ЕЦБ) може повторно да ги зголеми каматните стапки или да направи пауза до следниот состанок, со која било одлука во зависност од најновите податоци, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. ЕЦБ додека се бори со висока инфлација на 28 јули деветипат ги зголеми трошоците за заеми. Лагард во интервју за францускиот весник […]

Украина ќе извезува жито преку Дунав во Хрватска, а потоа со бродови од Јадранот


Украинското Министерство за надворешни работи во денеска соопшти дека ќе извезува жито преку хрватските пристаништа на Јадранското Море, а житото ќе биде доставено до Хрватска преку Дунав, а потоа со железница до јадранскиот брег. Министерството наведува дека за ова прашање постигнало договор со Хрватска. Во Киев вчера престојуваше хрватскиот министер за надворешни и европски работи […]

Доделени 12 договори на мали дестилерии за неповратни грантови до 300 000 денари


Ова е година на мали производители. Сите програми, целокупната политика на Министерството за земјоделство, беше креирана да ги поддржиме малите производители, оние кои со многу труд и могу љубов ја продолжуваат традицијата и го развиваат наследството од генерациите пред нив. Можеби имаат мал капацитет за производство, но имаат големи планови. Знаат како треба, имаат мотивација […]

Ненадејно почина еден од најбогатите Хрвати. Му се слошило на плажа, починал неколку часа подоцна


Ивица Пивац, претседателот на Групацијата „Пивац“, ненадејно почина вчера на 71-годишна возраст, јавија хрватските медиуми. Според „Јутарњи лист“, на Пивац му се слошило околу 17 часот и веднаш бил префрлен во сплитската болница. Тој починал во вечерните часови. Ивица Пивац и неговиот брат Невен во родниот Вргорац се занимавале со преработка и увоз на месо. […]

Индустриското производство во јуни со раст од 3,7 отсто на годишно ниво


Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани е зголемено за 3,7 отсто, додека во периодот јануари – јуни 2023 година, споредено со истиот период од минатата година бележи пораст од 1,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни […]

Компанијата на Маск го отстрани светлечкото лого што им пречеше на соседите


Компанијата на Илон Маск вчера го отстрани високиот, светлечки знак „X“ од врвот на своето седиште во Сан Франциско, откако се судри со градските власти поради контроверзниот знак и предизвика протести кај жителите. „X“, инсталиран на покривот на канцеларијата на компанијата во центарот на градот минатата недела, е дел од напорите на сопственикот Илон Маск […]

„Бионтек“ презема британска компанија за вештачка интелигенција


Германската биотехнолошка компанија „Бионтек“ (BioNTech) денеска извести дека го завршила купувањето на британската компанија специјализирана за вештачка интелигенција „Инстадип“ (InstaDeep), која планира да се вклучи во развојот на нови лекови. „Бионтек“ го најави купувањето на „Инстадип“ на почетокот на годината, а во последното соопштение наведе дека ќе плати околу 500 милиони евра за британската компанија […]

„Луфтханза“ бара отштета од активистите за климата кои ги нарушија нивните летови


Берлин – Луфтханза планира да бара компензација од групата за климатски активисти „Последна генерација“ поради протестите што ги нарушија летовите на неколку германски аеродроми претходно овој месец. Портпаролката рече дека компанијата планира да бара компензација во име на сите авиокомпании во групата, која ја вклучува германската Луфтханза, како и Аустриан ерлајнс, Свис ерлајнс, Брисел ерлајнс и […]

Во следната деценија недвижниот имот значително ќе поскапи, оценува германски ИФО


Во следните 10 години цените на недвижниот имот значително ќе се зголемат во сите делови на светот, објави денеска Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Според резултатите од кварталното истражување на ИФО и Институтот за швајцарска економска политика (ИВП), цените на недвижностите ќе се зголемат во просек за девет отсто на глобално ниво во […]

Во банкрот оди една од најголемите шпедиции во САД


 „Јелоу“, една од најголемите логистички компании за транспорт на товар со мал габарит во САД оди во стечај, јави Ен-пи-ар.  За време на пандемијата шпедицијата доби 700 милиони долари федерален пандемиски кредит, соопшти синдикатот Тимстерс џенерал кој претставува 22,000 синдикални работници на оваа компанија.   Синдикатот веќе добил известување од правниците за запирање на операциите […]

„Окта“ ги објави финансиските резултати за вториот квартал и за првата половина од 2023 година


  ОКТА ги објави финансиските резултати за вториот квартал од 2023 година со прилагодена ЕБИТДА од 236 милиони денари, што претставува зголемување од 29% во споредба со вториот квартал од 2022година, и нето приходи од 5 милиони денари. Обемот на продажба достигна 290 илјади м³, останувајќи главно непроменет во однос на вториот квартал од 2022 […]

„Еуромакс“ се потпира врз клучниот акционер, компанијата „Трафигура“, за рудникот Иловица


  Компанијата „Еуромакс ресоурцес“ соопштува дека една од водечките светски компании во рударската индустрија Групацијата „Трафигура“ се јавува како покровител на инвестицијата во рудникот Иловица. „Трафигура“ се занимава и со трговија со метали и други суровини. Оваа компанија е еден од клучните акционери во „Еуромакс“, која во Македонија ги застапува правата кои произлегуваат за рударските […]

Бензините поскапуваат за еден, а дизел горивата за два денара по литар


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 […]

Измените и дополнувањата за данок на добивка проследени на натамошна собраниска постапка


Заврши претресот на амандманите за Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот за додадена вредност, по скратена постапка, на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања. Седницата ќе продолжи во понеделник со амандманска расправа за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, по скратена постапка – […]