Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола


Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа. Според информацијата од АД ЕСМ, исклучувањето е од превентивен карактер. – Имено, во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интезивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да …

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола Read More »

Прекин во работењето на системот Е-даноци од 16:30 часот


Управата за јавни приходи ја известува јавноста и даночните обврзници дека, поради извршување на неопходни интервенции на системот е-Даноци, денес 15.01.2025 година (среда), од 16:30 часот, истиот ќе биде недостапен. Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи …

Прекин во работењето на системот Е-даноци од 16:30 часот Read More »

СЕК го тужи Илон Маск за наводни измами при купувањето на Твитер


Вашингтон – Американската Комисија за хартии од вредност (СЕК) синоќа поднесе тужба против Илон Маск поради тоа што милијардерот во 2022 година извршил измама бидејќи не го декларирал сопствеништво во Tвитер и купувал акции по „вештачки намалени цени.“ Маск, кој е исто така извршен директор на Teсла и СпејсЕкс, плати 44 милијарди долари за социјалната мрежа …

СЕК го тужи Илон Маск за наводни измами при купувањето на Твитер Read More »

Поголеми плати во администрацијата ќе има кога ќе се подобрува економијата, порача Ристески


Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески коментирајќи ги денешните протести на вработените во јавна администрација вечерва нагласи дека доколку биле исцрпени сите демократски инструменти во претходниот период, немаше да мислиме дека зад тоа нема некоја политичка позадина.  – Доколку беа исцрпени сите демократски инструменти во претходниот период и разговори, навистина немаше да мислиме дека …

Поголеми плати во администрацијата ќе има кога ќе се подобрува економијата, порача Ристески Read More »

Трамп ќе формира „Служба за надворешни приходи“ од тарифи


 Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека планира да формира „Служба за надворешни приходи“ за наплата на тарифи, помалку од една недела пред да ја преземе функцијата. Ова доаѓа откако Трамп, кој ја објави изјавата на социјалните мрежи, вети огромни давачки за сојузниците и противниците додека се обидува да изврши притисок врз партнерите да се …

Трамп ќе формира „Служба за надворешни приходи“ од тарифи Read More »

Трамп ќе има онлајн обраќање на состанокот на глобалната политичка и деловна елита во Давос


Женева – Доналд Трамп ќе зборува онлајн на годишниот состанок на глобалната политичка и деловна елита во Давос следната недела, неколку дена по преземањето на функцијата претседател на САД, соопшти денеска Светскиот економски форум. Трамп ќе положи заклетва во Капитол во Вашингтон в понеделник, 20 јануари, на првиот ден од собирот на Светскиот економски форум …

Трамп ќе има онлајн обраќање на состанокот на глобалната политичка и деловна елита во Давос Read More »

Утре завршуваат ограничените новогодишни цени


Денеска е последниот ден од новогодишната кошничка. Со оваа акција 1200 производи се продаваа по намалена цена од најмалку 10 %, а од утре ќе се знае дали повторно цените на производите ќе поскапат. Од Владата се надеваат дека нема да има драстично поскапување на производите и засега остануваат само на апели. „После завршувањето на …

Утре завршуваат ограничените новогодишни цени Read More »

Градежниците предупредуваат: Цените на становите во Скопје ќе растат или ќе бидат исти – сигурно нема да се намалат


Трендот на поскапување на становите во Скопје продолжува со забрзано темпо, покажуваат податоците за последниот квартал од 2024 година. Во овој период, цените пораснале за 10.6% споредено со истиот квартал во 2023 година. Според градежниците, цените на становите можат само да останат исти или да растат, но никако да паднат. Главни причини за тоа се: …

Градежниците предупредуваат: Цените на становите во Скопје ќе растат или ќе бидат исти – сигурно нема да се намалат Read More »

ТикТок демантира дека кинеската Влада ќе му ја продаде платформата на Маск: Тоа е чиста фикција


Пекинг – ТикТок го отфрли како „чиста фикција“ извештајот во кој се тврди дека кинеската влада размислува да ја продаде платформата на Илон Маск за да избегне забрана во САД. Блумберг Њуз објави дека кинеските власти се во прелиминарни разговори за потенцијална продажба, за да се избегне забраната што треба да стапи во сила доколку …

ТикТок демантира дека кинеската Влада ќе му ја продаде платформата на Маск: Тоа е чиста фикција Read More »

Гренланд е отворен за соработка со САД во областа на рударството


Нук – Премиерот на Гренланд, Мут Б. Егед изјави дека данската автономна територија е отворена за поблиски врски со САД, пред сè во областа на рударството. – Мораме да соработуваме со Америка. Почнавме со дијалог и бараме можности за соработка со (новоизбраниот претседател на САД, Доналд) Трамп, наведе Егед. Тој додаде дека Гренланд „ја држи отворена …

Гренланд е отворен за соработка со САД во областа на рударството Read More »

Експресниот пат Градско – Дреново пуштен, од Скопје во Прилеп ќе се стига за час и десет минути


Министерот за транспорт Александар Николоски денес, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, го отворија експресниот пат Градско- Дреново кој е дел од Коридорот десет и ќе го скрати патувањето од Скопје до Прилеп на час и десет минути.  „Навистина е задоволство во рок од само десетина дена второ големо отворање. Денеска го отвораме експресниот пат кој …

Експресниот пат Градско – Дреново пуштен, од Скопје во Прилеп ќе се стига за час и десет минути Read More »

Бугарија ѝ го испрати на Македонија нацрт-договорот за изградба на тунелот на Деве Баир


  Бугарската техничка влада испрати до македонската влада нацрт-договор за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел кој ги поврзува двете земји. Предлогот на бугарската држава е двете влади да преземат конкретни и јасни обврски за имплементација на граничниот железнички тунел, кој е клучен елемент од Коридорот 8. Со потпишувањето на документот подготвен од …

Бугарија ѝ го испрати на Македонија нацрт-договорот за изградба на тунелот на Деве Баир Read More »

СДСМ бара рамноправност околу платите за вработените во јавниот сектор


  СДСМ  ги поддржува барања на административците за покачување на платите и порачува дека Владата има обврска да обезбеди услови за потпишување на колективните договори. -Платите стагнираат, куповната моќ на работнците се намалува, а политиките на Владата на Мицкоски се сведуваат на служење на тесни бизнис интереси на елитата. Во изминатите седум месеци, минималната плата …

СДСМ бара рамноправност околу платите за вработените во јавниот сектор Read More »

Германски суд: Дубаи чоколадото мора да се произведува во Дубаи


Слатките познати како Дубаи чоколадо станаа исклучително популарни и барани во Германија, а судот во Келн одлучи дека под тоа име може да се рекламираат само производите кои всушност се направени во Дубаи. Производите на Alyan Dubai Handmade Chocolate, кои се продаваат во синџирот на попусти Aldi Sud, станаа вистински хит откако беа лансирани во …

Германски суд: Дубаи чоколадото мора да се произведува во Дубаи Read More »

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица


Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 30 септември 2024 година, а неплатени до 31 декември 2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата на должници, која е јавно достапна на веб страницата на УЈП, има …

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица Read More »

Обвинителството води шест предистраги за тендери на „Електрани на Северна Македонија“


Јавно обвинителство работи на повеќе предмети поврзани со „Електрани на Северна Македонија“, РЕК „Битола“ и случаи поврзани со набавка на енергенти, обелодени државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Одговорот дојде на прашањето – дали обвинителството води и други предистражни постапки за работењето на ЕСМ по отворањето на истрагата …

Обвинителството води шест предистраги за тендери на „Електрани на Северна Македонија“ Read More »

„Газпром“ може да отпушти над илјада работници откако го загуби ЕУ пазарот


Рускиот гасен гигант „Газпром“ размислува да отпушти повеќе од илјада административни работници, потврди портпаролот на компанијата, која е потресена од загубата на извозот во Европа. Украина ги прекина децениските договори за транзит на руски гас на 1-ви јануари – договори кои донесоа милијарди долари и на Киев и на Москва – во обид да ги …

„Газпром“ може да отпушти над илјада работници откако го загуби ЕУ пазарот Read More »

„Хитроу“ руши рекорди, опслужил 83,9 милиони патници


Лондонски Хитроу, најпрометниот аеродром во Европа, минатата година опслужил рекордни 83,9 милиони патници, што е за 4,7 милиони повеќе од претходната година, односно шест отсто повеќе од 2023 година и три милиони или четири отсто повеќе од претходниот годишен рекорд поставен во 2019 година. Оваа година аеродромските оператори очекуваат дополнителен раст до 84,2 милиони патници. …

„Хитроу“ руши рекорди, опслужил 83,9 милиони патници Read More »

По Кина и Индија одлучи да не ги прима танкерите со руска нафта кои се под санкции


  Индија нема да дозволи танкери под новите санкции на САД да влезат во нејзините пристаништа поради пренесување руска нафта, изјави висок индиски функционер. Според него, само оние пловни објекти кои биле изнајмени пред 10 јануари ќе можат да се истоварат, под услов тоа да го сторат до 12 март, пренесува Блумберг. Покрај тоа, индиските …

По Кина и Индија одлучи да не ги прима танкерите со руска нафта кои се под санкции Read More »

Поскапуваат бензините и дизелот


Од ноќеска поскапуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на мазутот се намалува. Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се зголеми за 1,50 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се …

Поскапуваат бензините и дизелот Read More »