„Македонско најдобро“ кампања на Министерството за земјоделство за домашното производство


„Македонско најдобро“ е новата кампања преку која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се обиде да го зајакне и зголеми производството на домашни земјоделски производи, да ја подигне свеста за квалитетот и автентичноста на овие производи и да обезбеди полесен пристап на граѓаните до овие производи.   Кампањата започнува со видео запис којшто денеска беше […]

Синот на Трамп отвора компанија за онлајн продажба на оружје. Акциите веднаш паѓаат (видео)


Доналд Трамп Помладиот претстави нова компанија, GrabAGun, платформа за онлајн продажба на огнено оружје која се промовира како „Амазон за оружје“, но нејзиното деби на берзата заврши со фијаско – акциите изгубија повеќе од половина од својата вредност за само два дена. GrabAGun нуди виртуелен арсенал од пиштоли, пушки, пушки и кремени, сите купени онлајн. […]

Гувернерот Славески на средба со студентите практиканти во Народната банка


Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, ги отвори вратите на својот кабинет за студентите кои во текот на летниот период ја изведуваат својата практична работа во институцијата. На средбата, на којашто присуствуваше и вицегувернерката Ана Митреска, студентите имаа можност, во пријатна атмосфера, одблизу да се запознаат со работата и со одговорностите на гувернерот и […]

ЛДП вели иницијативата за помали банкарски провизии била нивна, ќе поднесат и закон за намалување на трошоците


Конструктивниот предлог и притисокот на Либерално-демократската партија вроди со плод, велат во соопштение од партијата. Потпретседателот на ЛДП, Валентин Груевски во изјава за медиумите посочи дека Гувернерот на Народната банка ја слушна и ја поддржа иницијативата на ЛДП за намалување на банкарските провизии и донесе одлука за намалување на трошоците на банките кон НБРМ. Сега […]

Втора инвестиција на „Авеста Холдинг“ во ТИРЗ Штип вредна 26 милиони евра, нови 150 работни места


Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони (ТИРЗ) Гоце Димовски по повод официјализирање на новата инвестиција во вредност од 26 милиони евра на белгиската „Авеста Холдинг“ во рамки на ТИРЗ Штип, денеска во Нинове – Белгија, оствари средба со менаџментот на компанијата. На средбата, како што информира Дирекцијата за ТИРЗ, се разгледаа досегашните резултати на компанијата, […]

„Боинг старлајнер“ повторно во Вселената во 2026 година, но без луѓе


Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА објави дека вселенското летало на „Боинг старлајнер“ ќе полета повторно во Вселената во 2026 година, но тоа ќе биде товарна мисија во којашто нема да биде вклучен човечки екипаж. Помина повеќе од една година од неуспешниот лет на „Старлајнер“, кога посадата потоа остана „заглавена“ во Вселената, на МВС. Инаку, […]

Овој аеродром ги надмина сите конкуренти: Прогласен за најдобар во светот втора година по ред


Иако веќе се сметаше за еден од најимпресивните, аеродромот во Истанбул дополнително ги подобри своите оценки оваа година и повторно ја освои титулата најдобар во светот. Аеродромот во Истанбул, најголемиот во Европа, е прогласен за најдобар аеродром во светот втора година по ред, според анкетата на водечкото туристичко списание „Travel + Leisure“. „И ако е […]

„Политико“: ЕУ подготвува нов, трет контраудар против Трамп


Брисел – Европската комисија подготвува нов сет контрамерки против американскиот претседател Доналд Трамп, кои, за прв пат, би вклучувале ограничувања во секторот на услуги и јавни набавки, пишува Политико. Овој можен пресврт во европската трговска стратегија доаѓа како одговор на сеопфатните царини на Трамп и најавите за дополнителни удари, вклучително и врз фармацевтската индустрија и […]

Центар за податоци, проширување на 5Г мрежата… Што предвидува меморандумот меѓу Владата и Македонски телеком


Владата и Македонски телеком денеска потпишаа меморандум со кој се предвидува унапредување на дигиталната инфраструктура во нашата земја во повеќе сегменти, како што е изградба на нов центар за податоци, проширување на 5 Г мрежата, поврзување на домаќинствата и компаниите со гигабитни фиксни мрежи и тн. Целта на овој Меморандум е да се зацврсти партнерството […]

ЕЦБ ќе ја провери отпорноста на банките на геополитички ризици


Европската централна банка (ЕЦБ) планира да ја провери отпорноста на банките во еврозоната на геополитички превирања следната година, изјави главниот супервизор Клаудија Бух, во контекст на сè поизразен фокус на ризиците, вклучувајќи ги тарифите и санкциите. ЕЦБ долго време предупредува дека геополитиката е меѓу најголемите ризици за банките во еврозоната поради конфликтите во Украина и […]

Ќе се унапредува дигиталната писменост на сметководителите


Семос Едукација и Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСОС) потпишаа Меморандум за стратешка соработка со цел унапредување на дигиталната писменост и професионалните компетенции на сметководителите во земјава. Со овој меморандум, двете институции се обврзуваат заеднички да работат на креирање и реализација на специјализирани едукативни програми и обуки насочени кон примена […]

Мицкоски сака железничкиот тунел меѓу Македонија и Бугарија да го финансира ЕУ


  Премиерот Христијан Мицкоски средбата во Брисел меѓу двете делегации на Македонија и на Бугарија за доизградба на железничката пруга од Коридорот 8 и заедничкиот тунел ја оцени како исклучително успешна. „Очекувам дека овие средби ќе резултираат со следниов резултат: Ние да ја завршиме делницата од пругата Коридорот 8 од Крива Паланка до влезот во тунелот, […]

Владата без конкретни мерки против поскапувањата, уште правела анализи


До крајот на месецов треба да биде познат моделот како ќе се реагира на зголемувањето на цените на прехранбените производи. Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека сеуште се прават анализи и дека се размислува за неколку пристапи, не откривајќи повеќе детали. – Се уште се анализираат параметрите, имаме во голема мера […]

Царинската управа потпиша декларација за царинска соработка со Министерството за трговија на Турција


Царинската управа на Македонија и Министерството за трговија на Република Турција потпишаа Декларација за царинска соработка со што двете страни се обврзуваат заеднички да делуваат во борбата против организираниот криминал и забрзување на протокот на легална трговија. Заедничката декларација денеска во Анкара ја потпишаа директорот на Царинската управа на Македонија Бобан Николовски и заменик-министерот за […]

Божиновска во Атина по повод 20-годишнината од Енергетската заедница: Пазарна интеграција за поодржлива иднина


 Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, кој се одржа во Атина. Овој значаен настан, одржан по повод 20-годишнината од формирањето на Енергетската заедница, собра министри од земјите-членки за да разговараат за клучните чекори кон целосна интеграција на електроенергетските пазари меѓу Европската Унија и Договорните […]

Лани ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше законот за обложувалниците, сега како власт го предлага


  При крајот на мандатот на минатиот парламент измените на Законот за игри на среќа беа дочекани со силна реакција од тогашната опозиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Главниот приговор беше начинот на донесување – скратена постапка, европско знаменце и целосно изоставување на засегнатите страни од процесот. ВМРО-ДПМНЕ застана зад ставовите на Асоцијацијата на спротски обложувалници на […]

Инфлацијата во Австрија на 13-месечен максимум


Инфлацијата на потрошувачките цени во Австрија во јуни се зголеми според проценките и го достигна највисокото ниво за нешто повеќе од една година, покажаа најновите податоци од агенцијата за статистика во Виена. Индексот на потрошувачките цени во јуни се искачи за 3,3 проценти на годишно ниво, што е побрзо од зголемувањето од 2,9 проценти во […]

Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот со амандманите од собраниската Комисија за финансирање и буџет


Владата вчера на седница на предлог на Министерството за финансии го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025, во којшто се вградени и амандманите коишто беа усвоени во текот на расправата на матичната Комисијата за финансирање и буџет, а со кои се обезбедуваат дополнителни средства во Министерството за транспорт, Министерството за социјална политика, демографија и […]

Народната банка и централната банка на Германија ја продлабочуваат соработката


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со Бурхард Балц, член на Советот на централната банка на Германија, на која се разговараше за продлабочување на билатералната соработка, со акцент на унапредувањето на институционалните капацитети во клучните области на централнобанкарското работење. На средбата беше нагласено значењето на постојаната меѓу институционална соработка, особено во делот на […]

Дури 730 огласи за вработување пред избори, а Минчев најави крај на партиските вработувања


Во пресрет на есенските локални избори во Македонија, веб-страницата на Агенцијата за администрација е преплавена со огласи за вработување. Се бараат административни работници за во министерствата, општините, јавните претпријатија, болниците, а огласите се отворени до крајот на јули, по што започнуваат да важат изборните правила, согласно кои постапките треба да се стават во мирување, освен […]