НБМ ја задржа основната камата на 5,35 отсто, инфлацијата во центарот на вниманието


Народна банка ги задржа каматните стапки непроменети, на редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на НБ што се одржа вчера. Како што соопштија од НБ, на седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст […]

„Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ-


 Кредитната агенција „Стандард и пурс“ во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтин на земјата ББ- со стабилен изглед, што воедно е потврда и за политиките на Владата што ги води, а претставува и значаен сигнал за инвеститорите при носење на нивните одлуки за инвестирање. Во извештајот Кредитната агенција посочува дека растот на економијата се забрзува […]

Економско-социјалниот совет треба да одржи седница, се очекува да се разговара за инфлацијата и порастот на платите


Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, а на неа се очекува да се разговара за минималната плата, порастот на цените на основните прехранбени производи и за потрошувачката кошница. Од Сојузот на синдикати на Македонија вчера најавија дека ќе го покренат прашањето за зголемување на минималната плата на 500 евра и за зголемување на сите […]

Visa го носи Apple Pay на корисниците во Македонија


Скопје, 29.07.2025 – Visa, светски лидер во платежните технологии, од денеска им овозможува на своите клиенти во Македонија пристап до Apple Pay – побезбеден, посигурен и поприватен начин на плаќање, кој им овозможува на корисниците да избегнат давање на својата картичка на други, допирање физички копчиња или размена на готовина — користејќи ја моќта на […]

УЈП повикува да се исполнат ДДВ обврските – загрижувачка состојба по истекот на рокот на 25 јули 2025


Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека заклучно со 25 јули 2025 година евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на обврските поврзани со данокот на додадена вредност (ДДВ). Според последните податоци: • Не се поднесени ДДВ-пријави од 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници. • Пријавен, но неплатен ДДВ-долг е евидентиран кај 1.326 […]

ММФ ја зголеми глобалната прогноза за раст поради пониски царини и фискални стимулации


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми својата прогноза за глобалниот економски раст во 2025 година на 3 проценти, што е нагорна ревизија од 0,2 процентни поени. За 2026 година, фондот сега очекува глобален раст од 3,1 отсто што е благо зголемување од претходната проценка од 3 отсто. ММФ денеска соопшти дека зголемувањата ги припишува на […]

„Владата планира да воведе државен монопол врз онлајн игрите на среќа, додека Европа го либерализира пазарот“


Македонија воведува целосен државен монопол врз онлајн игрите на среќа, додека Европа оди во спротивна насока, реагираат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). Најголемиот број европски држави веќе одамна функционираат со модел на мулти-лиценцирање, во кој повеќе оператори имаат еднаков пристап до пазарот, а државата ја задржува контролата преку јасна регулатива. Пример за […]

Свечено отворена новата градинка „Верверичка“ во Кисела Вода – Комерцијална банка донираше 6 милиони денари за изградбата


Комерцијална банка со гордост учествуваше во отворањето на новата градинка „Верверичка” со која жителите на Општина Кисела Вода добија нов, современ и удобен простор за нивните деца. Новата градинка „Верверичка” е осмиот објект во рамките на градинката „Весели Цветови”, за чија изградба Комерцијална банка издвои 6 милиони денари како донација.   Со реализацијата на овој […]

Трендафилов: Никој да не им кажува на граѓаните што да јадат и да пијат, туку да им се овозможат пристојни услови и високи плати


Никој не треба да се осуди на граѓаните да им кажува што им е потребно, туку треба да им овозможи пристојни услови и високи плати. Никој и во комунизмот не се осмелуваше да им кажува на работниците што, кога и колку треба да јадат и да пијат. Мислам дека тоа е многу погрешен чекор и […]

Нов кол-центар во Фонд на ПИОМ, бројот е 02/ 15 215


Во рамки на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија работи нов кол-центар. Повикувачкиот број е 02/ 15 215, а граѓаните може да се јават од 8 до 16 часот, од понеделник до петок. Во кол-центарот, како што информира Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, граѓаните можат да добијат информации за статусот на предметот […]

Финансиска и енергетска стабилност како приоритет — средба на министерката Божиновска со гувернерот Славески


На работната средба на министерката за енергетика, Сања Божиновска, со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се разговараше за тековните енергетски проекти и нивните финансиски импликации врз компаниите и економијата, соопштија од Министерството за енергетика. Во фокусот на разговорот беа влијанијата на новите регулативи за декарбонизација и зелената енергетска транзиција на Европската Унија, кои носат […]

Кој добива, а кој губи со договорот за царините меѓу ЕУ и Трамп


САД и Европската Унија постигнаа она што го нарекуваат најголем трговски договор во историјата по разговорите во Шкотска. Договорот досега повеќе личи на рамковен договор отколку на целосен трговски договор бидејќи деталите сè уште не се јасни. Но, бројките што ги објавија претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер […]

Атина најевтина, Лондон најскап: Колку чини изнајмување стан во европските метрополи?


Астрономските кирии во градските центри низ Европа продолжуваат да растат, при што само пет европски градови имаат просечни кирии под 2.000 евра за стан со три спални соби, според новиот извештај на Дојче Банк, пренесува Euronews. Како што цените за кирија во ЕУ продолжуваат да растат, најголемиот скок на трошоците во последните пет години е забележан […]

ССМ доби репрезентативност, утре на ЕСС ќе бара зголемување на минималната плата


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го доби решението за репрезентативност и на утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе го отвори прашањето за 500 евра минимална плата и за 6 000 денари дополнително зголемување на сите останати плати. – Утре е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред […]

Мерц предупреди дека царинскиот договор меѓу ЕУ и САД сериозно ќе ѝ наштети на германската економија


Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека компромисот постигнат во царинскиот спор меѓу Европската Унија и САД сериозно ќе влијае на германската економија ориентирана кон извоз. – Германската економија ќе претрпи значителна штета од овие царини, изјави Мерц по состанокот на Кабинетот за безбедност во Берлин. Сепак, рече тој, ефектите нема да бидат ограничени само на […]

Еврото тоне по трговскиот договор со САД


Падот на еврото се забрза во понеделник, ставајќи ја валутата на пат кон најголемиот еднодневен пад во однос на доларот од мај, бидејќи инвеститорите се обложуваат дека трговскиот договор меѓу ЕУ и САД ќе ѝ наштети на европската економија. Единствената валута падна за дури 1 процент во однос на доларот на 1,162 долари во попладневната […]

Тунелот на Деве Баир нема да заврши на слеп колосек: Бугарија објави тендер за пругата кон Македонија


Споровите меѓу Бугарија и Северна Македонија во врска со изградбата на стратешкиот Коридор 8, кој треба да го поврзе Црното Море со Јадранското Море, се чини дека веќе се надминати со помош на Европската комисија. Денес, Националната компанија „Железничка инфраструктура“ (НРИК) објави тендер за изградба на 2,4 километри пруга од Ѓуешево до границата со Северна […]

Географските ознаки за вино се единствен пат за развој на винарство и лозарство во Македонија


Воспоставувањето систем за географски ознаки за вино е клучен чекор во дефинирањето и унапредувањето на стандардите во производството и заштитата на идентитетот и уникатноста на македонското вино. Само со развојна стратегија и вклучување на сите чинители во процесот, ќе се обезбеди развој, како на винската индустрија, така и на лозарството во земјава. Ова беа клучните […]

Кој ќе профитира најмногу на пазарот на дизел од новите санкции против Русија


Новите европски санкции против Русија повторно ќе го преуредат светскиот пазар на дизел, со повисоки цени и можни победници во Персискиот Залив, според анализата на колумнистот на Ројтерс, Рон Бусо. Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави бран царини во април, поттикнувајќи стравувања дека светската економија нагло ќе забави. Сепак, овој страв се покажа како неоснован, […]