Администрацијата на Трамп пoбара од Врховниот суд дозвола за отстранување на гувернерката на ФЕД, Лиза Кук


Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, побара од Врховниот суд дозвола за разрешување на гувернерката на Федералните резерви, Лиза Кук. Министерството за правда побара од судот да ја поништи привремената наредба на окружната судијка Џија Коб од 9 септември, со која на Трамп привремено му се забрани да ја отстрани Кук, која беше назначена од […]

Еве како да започнете сопствен бизнис со само 1.000 евра


Почнувањето сопствен бизнис во Србија често се поврзува со големи инвестиции, што ги обесхрабрува многу млади луѓе, но постојат бизниси што можат да се започнат само со 1.000 евра. Сепак, има сè повеќе примери што покажуваат дека дури и со 1.000 евра почетен капитал, можете да направите сериозен чекор кон претприемништвото и да започнете профитабилен […]

Нова едукативна кампања со фокус на 20 години од реформирањето на пензискиот систем „Засади желба за стабилна иднина“


Почна петтата едукативна кампања „Засади желба“, во организација на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје, со поддршка од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС. Оваа година кампањата се одвива под мотото „Засади желба за стабилна иднина“, по повод 20-годишнината од […]

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Рош“ купува американска компанија за 3,5 милијарди долари


Швајцарскиот фармацевтски гигант „Рош“ (Roche) се согласи да ја купи американската биотехнолошка компанија „89био“ (89bio, која е специјализирана за развој на лекови за заболувања на црниот дроб и кардиометаболички заболувања, во трансакција вредна околу 3,5 милијарди долари. „Рош“ денес објави дека ќе плати 14,50 долари по акција за „89био“, или вкупно околу 2,4 милијарди долари, […]

Германија го усвои буџетот за 2025 година, со вкалкулирани 140 милијарди евра нов долг


  Германските пратеници денеска го одобрија буџетот на земјата за 2025 година, „тежок“ 502,5 милијарди евра вкупни расходи, вклучувајќи го и далекусежниот нов долг, јави ДПА. Буџетот е донесен по несогласувањето околу тоа како да се пополни огромниот јаз во трошењето што ја собори претходната влада во ноември. Тоа значеше дека буџетот за 2025 година […]

САД: За 8 – 15 години ќе користиме енергија произведена со фузија


Американскиот министер за енергетика Крис Рајт смета дека вештачката интелигенција ќе овозможи користење нуклеарна фузија – енергијата што ги напојува Сонцето и ѕвездите, во следните пет години, и тоа ќе биде во полза на човекот. Имено, така, наводно, „ќе се намалаат стакленичките гасови“ што ја затоплуваат планетата. Рајт изјави во интервју за „Би-би-си“ дека оваа […]

Во Македонија старосниот век е понизок, добро да се размисли за зголемување на старосната граница за пензионирање


Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е прашање на кое мора да му се посвети посебно внимание, а притоа да се земат предвид демографските показатели, животниот век и квалитетот на живот. Животниот век во земјава е понизок од светскиот просек и следствено на тоа се скратува периодот на користење на пензијата, велат од пензиските друштва.  […]

Претставници на Федералните резерви на Њујорк ја посетија Народна банка


  Делегација од Банката на федералните резерви на Њујорк ја посети Народната банка на Република Северна Македонија заради размена на искуства и јакнење на соработката во областа на меѓународните банкарски услуги и управувањето со сметките на централните банки. Посетата е важна за соработката меѓу Народната банка и водечките централни банки во светот, истакнувајќи ја нејзината […]

Статистиките во делот на здравството и животната средина се тесно поврзани со нашите животи


Статистиките во делот на здравството и животната средина се клучни за подобрување и обезбедување на одржливи политики во земјоделството и јавното здравје, како и за намалување на јазот со ЕУ. Статистиката не е само математика и бројки, таа е основата на успехот и е од клучна важност за сите нас, бидејќи се тесно поврзани со […]

Највисока цена за стан е платена во Општина Центар – најмногу станови се продадени во Аеродром


Во вториот квартал од годинава продадени се помалку станови од првиот квартал од годинава. Податоците што ги објави Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од 1 април до 30 мај покажуваат дека во овој период продадени се 676 новоизградени станови од инвеститор, што е за 178 станови помалку во споредба со првиот квартал од […]

Германски економски институт: САД се повеќе зависни од увоз од ЕУ отколку од Кина


Соединетите Американски Држави се повеќе зависни од увозот од Европската Унија отколку од Кина, и во однос на вкупната вредност и во однос на бројот на производи, покажува студија објавена денеска од германскиот економски институт IW. Минатата година, Соединетите Американски Држави увезоа стока во вредност од 287 милијарди долари од Европската Унија, што е речиси […]

Само една третина од светските речни сливови лани имале нормални услови, последиците се страшни


Само една третина од светските речни сливови доживеале нормални услови минатата година, бидејќи климатската криза предизвика екстремни суши и поплави, понекогаш и двете во истиот регион. Сè понепредвидливиот воден циклус создава големи проблеми за општествата и владите и предизвикува штета од милијарди долари, предупредуваат научниците. Нарушувањето на природните водни циклуси резултираше со недостиг на храна, […]

Словенија има “непристоен предлог“ за Хрватска во врска со новата нуклеарна централа Кршко


Словенија ѝ испрати на Хрватска официјален предлог за изградба на нова заедничка нуклеарна централа, Кршко 2, а предлогот е далеку помалку поволен за Хрватска од сегашниот начин на управување со нуклеарната централа, во која секоја страна има 50 проценти удел. Според словенечкиот предлог, на кој Хрватска треба да одговори до крајот на септември, најдоцна до […]

Половните автомобили нема да поевтинат – ќе биде и поскапо за нови модели кои ги нема на пазарот во Македонија


Новите правила за увоз на автомобили кои стапија на сила не носат ништо ново во однос на цената. Половните автомобили нема да поевтинат, бидејќи како што велат увозниците ниту давачките се намалуваат, ниту процедурата се забрзува. Според дел од увозниците, сега ќе биде поскапо за нови модели кои ги нема на пазарот во Македонија, а […]

Македонска делегација во посета на „Ада Тепе“ во Бугарија – пример за одржливо и еколошки одговорно рударство


 Размена на искуства и добри практики во рударството и управувањето со природните ресурси и еколошките стандарди за да се добијат применливи решенија за Северна Македонија, е целта на стручната посета на рудникот за злато „Ада Тепе“, сопственост на канадската компанија „Dundee Precious Metals“, лоциран во општина Крумовград, во областа Карџали, Република Бугарија.   Рудникот, како што […]

Најавени 150 милијарди фунти инвестиции од САД во Велика Британија за време на втората државна посета на Трамп


Американски инвестиции во вредност од вкупно 150 милијарди фунти беа објавени за време на втората државна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија. Околу 7.600 „висококвалитетни“ работни места ќе бидат создадени во Обединетото Кралство како резултат на приливот на пари од големите американски компании, соопшти британската влада. Британскиот премиер Кир Стармер го поздрави […]

Македонија доби „виза“ од ЕЗ за методологијата за енергетска сиромаштија


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини доби позитивен одговор од Секретаријатот на Енергетската заедница за драфт-верзијата на Методологијата за мерење на нивото на енергетска сиромаштија. Во нивниот коментар е потврдено дека документот е во согласност со европските стандарди и со обврските кои произлегуваат од Директивата (ЕУ) 2019/944, која ги задолжува земјите да воспостават и […]

Недостигот на клучни лекови во ЕУ веројатно ќе продолжи, предупредија европските ревизори


Според извештајот на Европскиот суд на ревизори објавен денес, недостигот на клучни лекови во Европската Унија веројатно ќе продолжи и во иднина. И покрај контрамерките, останува ризикот дека некои лекови, вклучително и вообичаените антибиотици, повремено ќе бидат недостапни. Бројот на лекови што се во недостиг во земјите-членки достигна рекордни нивоа во 2023 и 2024 година. […]

ФЕД ја намали основната камата прв пат оваа година поради слабиот пазар на трудот


Американските Федерални резерви (ФЕД) за првпат годинава ја намалија основната каматна стапка за 0,25 процентни поради слабиот пазар на трудот, со опсег што сега е помеѓу 4 и 4,25 отсто, соопшти денеска Одборот на гувернери во Вашингтон, јави ДПА. ФЕД, исто така, соопшти дека сега очекува земјата годинава да има повисок економски раст од претходно […]

Еве како изгледа логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра, го посети премиерот Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Регионалниот дистрибутивен центар на Лидл Северна Македонија во Речица, Куманово, кој е во завршна фаза на изградба и се очекува да отпочне со работа во пролет 2026 година. Инвестицијата е вредна 115 милиони евра, ќе овозможи отворање на 230 нови работни места,  а во изградбата Лидл соработува со над […]