Скенирате фискални? Исплата до крај на август


Исплатата на повратот на ДДВ за скенираните фискални сметки од вториот квартал 2025 година (април–мај–јуни) ќе биде целосно реализирана најдоцна до 31 август, согласно законскиот рок од 60 дена по завршување на кварталот. Граѓаните кои ги исполниле условите, скенирале сметки и имаат точно внесени трансакциски сметки, средствата ќе ги добијат автоматски по обработката. Од Управата […]

Инженери на РМ со иницијатива до Уставен суд против паушалните фактури за струја


Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија и преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика. Причината, како што посочуваат од ИНРМ, е продолжената пракса на издавање таканаречени „паушални фактури за струја“, иако од 29 мај […]

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат поради страв од прекумерна понуда


На глобалните пазари, цените на нафтата паднаа минатата недела втора недела по ред, бидејќи трговците стравуваат дека зголеменото производство од страна на ОПЕК и неговите партнери следната година значително ќе ја надмине понудата според побарувачката. Цената на барел на лондонскиот пазар падна за 1,1 процент минатата недела, на 65,85 долари, додека на американскиот пазар барелот […]

Кабинскиот персонал на „Ер Канада“ продолжува со штрајкот


Кабинскиот персонал на „Ер Канада“ соопшти во неделата дека продолжува со штрајкот и ќе ја оспори наредбата за враќање на работа што ја нарекоа неуставна, спротивставувајќи се на одлуката на владата да ги принуди да се вратат на должност до 14 часот по локално време. „Ер Канада“ соопшти дека планира да ги продолжи летовите во […]

„Ер Канада“ од вечерва постепено ги обновува летовите


Најголемата канадска авиокомпанија „Ер Канада“ денеска објави дека од денеска постепено продолжува со летови, по владата интервенција за завршување на штрајкот на 10.000 членови на кабинскиот персонал, што започна во саботата и ги парализираше нејзините операции. Канадскиот одбор за индустриски односи (CCRI) „ѝ наложи на „Ер Канада“ да ги продолжи операциите и сите членови на […]

Шефот на ФЕД под се поголемен притисок 


Прашањето колку пати американската централна банка ќе ги намали каматните стапки оваа година станува сè порелевантно. Повеќето аналитичари предвидуваат две намалувања, а намалувањето во септември веќе не е сигурно по објавувањето на PPI во четврток. Претседателот на Чикашкиот ФЕД, Остан Гулсби, потврди дека ФЕД сè уште се бори со прашањето дали царините само привремено ќе […]

За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги


За осум месеци во 2025 година се регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги https://uslugi.gov.mk/, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Како што наведува Андоновски на својот фејсбук профил, на Порталот се достапни 201 електронска услуга, а месечно се поднесуваат 7 978 барања за услуги. -Во август ја поминавме бројката од 180 […]

Доларот паѓа втора недела по ред


На глобалните девизни пазари, доларот ослабе во однос на главните валути минатата недела, бидејќи најновиот извештај за инфлацијата во САД ги поддржа очекувањата дека Федералните резерви ќе ги намалат каматните стапки за прв пат оваа година во септември, што значи дека приносот на доларот е помал од другите глобални валути. Индексот на доларот, кој ја […]

Глобално лично богатство: Кои земји имаат најголем удел во Европа и каде се земјите од регионот


САД и Кина заедно поседуваат повеќе од половина од глобалното лично богатство (54%), додека Европа држи само 22%, а петте најголеми економии доминираат на листата. Во исто време, земјите од ЕУ поседуваат само 16,6% од светското лично богатство, а само ако се вклучат уште четири европски земји, тој процент се зголемува на 22,3%. САД поседуваат […]

Објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека денеска е објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви на државата. Како што информира Трипуновски преку својот фејсбук профил, прв пат во Македонија, ќе се откупува македонска пченица за стоковни резерви. -Денеска е објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните […]

УЈП спроведе 383 контроли за фискализација – 27 отсто од контролираните субјекти со утврдени неправилности 


Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани низ државата во повеќе […]

Мицкоски: Македонија е шеста држава во привлекување на странски инвестиции во однос на БДП


Ќе бидам прецизен за да не бидам погрешно разбран, зборувавме дека сме четврта економија во Европа. За жал се уште постојат такви кои на брутален начин се обидуваат да дефокусираат, многу јасно и прецизно рековме тогаш дека станува збор за четврти најголем раст на БДП во Европа. Ние сме шеста држава по бројот, обемот и […]

Расте бројот на туристи што ја посетуваат Македонија


Во првите шест месеци од годинава имаме некаде околу 13,5 проценти раст споредено со претходните шест месеци од минатата година, а во делот на странски туристи скоро 20 проценти раст, нагласи премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на новите 29 лесни оклопни возила – JLTV во Касарната „Јане Сандански“ – Штип, Мицкоски […]

Трикратно зголемен бројот на заплени од мобилните царински тимови, спроведени над пет илјади контроли


Трикратно е зголемен бројот на заплени од мобилните царински тимови при Одделението за оперативни работи на Секторот за контрола и истраги во првите седум месеци од годинава. Вкупно од први јануари заклучно со 31 јули 2025 година спроведени се над пет илјади контроли, при што откриени се 199 прекршочни и кривични дела. Како што информира Царинската […]

Растот на платите ќе биде во зависност од растот на продуктивноста, најави Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата размислува зголемувањето на платите да биде врзано со растот на продуктивноста.  „Во делот на примањата, резонирањето и размислувањето во иднина ќе биде во делот на зголемување на продуктивноста, односно поврзување на продуктивноста со зголемување на личните доходи“, изјави Мицкоски, одговарајќи на прашања на новинарите по презентацијата на новопристигнатата […]

Ќе ја исправи ли Уставен суд неправдата кон 12 илјади македонски пензионери во странство


  Уставниот суд во рамки на примените иницијативи минатиот месец, оформи и три предмети кои што се однесуваат на оцена на уставноста на законските измени за пензиското и инвалидско осигурување со кои пензионерите кои што живеат во странство нема да ги добијат најавените зголемувања на пензиите, како актуелното од два пати по илјада денари, така […]

Неочекувано силен раст на економијата на Јапонија


  Јапонската економија порасна многу побрзо од очекуваното во вториот квартал, потпомогната од напливот на извоз пред стапувањето на сила на американските тарифи, давајќи ѝ на централната банка некои од условите што ѝ се потребни за да продолжи со зголемувањето на каматните стапки оваа година. Бруто домашниот производ (БДП) порасна за 1 процент на годишна […]

Советот на Народната банка донесе одлуки за унапредување на заштитата на потрошувачите на финансиски услуги


На својата последна седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки насочени кон зајакнување на системот за заштита на потрошувачите, коишто треба да обезбедат поголема транспарентност, фер практики и ефикасно постапување по поплаките на граѓаните од страна на банките и штедилниците, како и соодветни контролни механизми од страна на Народната банка во оваа област. […]

НИС го продава бизнисот во Бугарија


Бугарската Комисија за заштита на пазарната конкуренција доби известување од локалната компанија Уни Енерџи со кое се бара одобрение за аквизиција на НИС Петрол Бугарија. Уни Енерџи е бугарски трговец со горива во сопственост на Ивајл Константинов. Компанијата соработува со швајцарската група Авиа Интернешнл и ТТН Комерс преку Авиа Бугарија. До крајот на 2024 година, […]

Македонската градежна оператива со помалку договорени и извршените работи во странство


Македонската градежна оператива во првите шест месеци од годинава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 33,71 милиони денари што е за 68,2 отсто помалку во споредба со истиот период од минатата година. Вкупната вредност, пак, на договорените градежни работи во странство во првите шест месеци од 2025 година изнесува 61,78 милиони денари […]