Владата не платила обврски од 900 милиони евра, тврди СДСМ


  Од опозициската СДСМ денеска изјавија дека економската ситуација во земјата е алармантна и дека, според портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, повеќе од 11.000 фирми не исплатиле плати, а владата има 900 милиони евра неисплатени обврски. „Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините се лошите економски политики на власта. Состојбата во економијата и во стопанството е […]

За мерката Млад земјоделец 117 апликанти, ќе се операционализира по изборите


За мерката Млад земјоделец има 117 апликанти за околу 70 милиони денари, а ќе биде ставена во функција по завршувањето на локалните избори, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.  Во одговор на новинарско прашање Мицкоски посочи дека Млад земјоделец е многу значајна мерка и оти неколкукратно е зголемен бројот на апликанти споредено со 2023 година. – […]

Инвестициите и иновативните практики се клучот за одржливо лозарство и конкурентна винска индустрија


Воведување на современи стандарди, иновативни практики и напредни технологии се клучни фактори за обезбедување одржлив развој на винарската индустрија во услови на засилени климатски промени. За резултати e неопходно континуирано следење на новите трендови и нивна имплементација, но и силна соработка помеѓу индустријата, експертската јавност и институциите. Ова беа главните заклучоци на конференцијата „Иднината на […]

Предлог до компаниите исплатата на солидарниот данок да се изврши во две рати, Мицкоски вели дека понудата е фер


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека врз основа на проекција што нема да ја загрози ликвидноста на Буџетот до компаниите е доставена фер понуда за начинот на враќањето на солидарниот данок што го воведе претходната влада, но Законот за оваа давачка беше поништен од Уставниот суд. До компаниите е доставен предлог исплатата на солидарниот данок да […]

Во јули годишен раст од 9,8 проценти на потрошувачките кредити и 15,3 проценти на станбените, пад кај автомобилските


 Во јули е регистриран годишен раст од 13 проценти и на вкупните депозити и на вкупната кредитна поддршка. Народната банка денеска соопшти дека зголемувањето кај депозитите во поголем дел се должи на растот во секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, а кај вкупните кредити поради повисоките кредити на двата сектора, […]

Трипуновски: Годинава се очекува 25 отсто зголемен род грозје и повисоки откупни цени


Зголемување од 25 проценти род во однос на лани, односно берба од над 100 милиони килограми грозје се очекувањата за оваа година. Цената за откуп на смедеревката за реколта 2025 година е 18,90 денари, а за вранецот 21,30 денари, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Во изјавата дадена пред почетокот на конференцијата […]

Познато е кога ќе пристигне дигиталното евро: Еве што значи тоа


Готовината сè уште не исчезнала од секојдневниот живот, но нејзиното значење брзо опаѓа. Во земјите од Еврозоната, сè повеќе граѓани користат картички, паметни телефони и апликации за плаќање, додека хартиените пари и монетите играат сè помала улога во секојдневните трансакции. За Европската централна банка (ЕЦБ), дигиталната трансформација поставува клучно прашање: како да се зачува улогата […]

Вол Стрит: Индексот СиП 500 паѓа четврти ден


Берзанските индекси СиП 500 (S&P 500) и Насдак (Nasdaq Composite) паднаа во средата, оптоварени од широкиот пад во технолошкиот сектор. Инвеститорите, исто така, се осврнаа на мешаната малопродажба и најновото објавување на записниците од Федералните резерви. Широкиот пазарен индекс падна за 0,24% и затвори на 6.395,78, додека технолошкиот Насдак изгуби 0,67% и заврши на 21.172,86. […]

Бесент: Приходите од царините ќе надминат 300 милијарди долари


Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, денес изјави дека очекува значително повисоки приходи од царините оваа година од претходно проценетите 300 милијарди долари (257,2 милијарди евра), додавајќи дека тие ќе бидат искористени за намалување на огромниот национален долг, а коментираше и за написите за потенцијална инвестиција во Интел. „Реков дека приходите од царината оваа […]

Конференција „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“


Конференција насловена „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“ ќе се одржи денеска во М6 Едукативниот центар во Скопје, на која домашни и странски експерти ќе говорат за концепти, активности и предлози за надминување на предизвиците со кои се соочува лозарството, особено во услови на климатски промени. Како што информираат од Здружението на производители […]

„Амфенол“ во Кочани до крајот на следната година ќе има 3.700 вработени, во план се нови 500 вработувања


„Амфенол“ е корпорација која има доверба во Македонија поради што постојано инвестира. Ние немавме засој во инвистициите во било која криза, бројки покажуваат постојан раст и за време на ковидот. Не гледам причина сега да застанеме. Имаме одлична соработка со Владата, одлична комуникација со премиерот Мицкоски.  Неговото присутво денеска овде, за нас преставува привилегија и […]

Со арбитражата, Казандол ја изгуби и концесијата, рудникот нема да се отвори, вели Мицкоски


Со губењето на спорот пред меѓународниот арбитражен суд, изгубена е и концесијата за рудникот Казандол, така што рудникот нема да се отвори. Ова денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на парапшања на новинарите по отворањето нова хала на компанијата „Амфенол“ во Општина Кочани. „Вистинското прашање е како во минатото пракса беше да се губат […]

Синдикалната минимална кошница за август 65.507 денари


Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, што претставува зголемување од 179,00 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328,00 денари. Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена за 2.816,00 денари или 4,49 отсто, соопштуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија Од ССМ […]

Освен Казандол, биле добиени уште две арбитражи, за САСА и ГАМА


Од Владата денеска се пофалија дека освен арбитражата за рудникот Казандол, во изминатиот период биле добиени уште две, за САСА и за ГАМА. Но истовремено, информираа дека од јуни минатата година гога ја преземаа власта, наследиле вкупно осум активни меѓународни арбитражни постапки од кои  потенцијалната штета по Буџетот на државата била во износ од 865 […]

Во јуни исплатени 13,5 милиони евра на „Бехтел и Енка“ за изградбата на автопатите


Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) во јуни продолжил да извршува претежно работи за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопат, дизајн на експропријација,  активности за истрага на неексплодирани убојни средства, работи за привремено управување со сообраќајот и работи за мобилизација, како и […]

УЈП: Истече рокот за плаќање на месечните обврски за јули – повик за подмирување на долговите


По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, Управата за јавни приходи утврди значителен број на неплатени обврски. Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не […]

Народна банка: Нови мерки за поттикнување на штедењето во денари


Советот на Народната банка ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за задолжителната резерва, со која дополнително се зајакнува улогата на овој инструмент во поттикнување на штедењето во домашна валута и на подолги рокови. Воедно, овие промени претставуваат и дополнителна поддршка на монетарната политика на централната банка. Како што информира Банката, со измените […]

Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона


Германската авиокомпанија „Луфтханза“ одлучи да ги одржува летовите помеѓу Франкфурт и Скопје во текот на целата зимска сезона, иако со значително намален распоред, објави порталот „Екс ју авијација“. Авиокомпанијата во мај годинава одлучи да ги суспендира летовите од 1 февруари до 28 март 2026 година, за време на зимскиот распоред 2025/26, кој трае од 26 […]

Даноци на имот: Еве како стојат работите во Европа


Даноците на имот во Европа привлекуваат сè поголемо внимание од година во година, не само поради нивното влијание врз националните буџети, туку и поради нивното влијание врз пазарот на домување. Иако тие претставуваат клучен извор на приходи во некои земји, тие се собираат минимално во други. Според податоците на Европската комисија за 2023 година, учеството […]

САД ги зголемуваат царините за челик и алуминиум за повеќе од 400 производи


Министерството за трговија на САД објави дека ги зголемува царините за челик и алуминиум за повеќе од 400 производи, вклучувајќи ветерни турбини, домашни апарати, тешка машинерија, железнички вагони, мотоцикли, морски мотори, мебел и стотици други производи. Министерството објави дека 407 категории на производи се додаваат на списокот на „деривати“ на производи од челик и алуминиум […]