Трамп: САД можеби ќе мора да ги поништат трговските договори со ЕУ, Јапонија и Кореја


Претседателот Доналд Трамп изјави во среда дека Соединетите Американски Држави можеби ќе мора да ги „поништат“ трговските договори што ги склучиле со Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја, меѓу другите, ако го изгубат случајот пред Врховниот суд за легалноста на царините. Трамп, зборувајќи со новинарите на почетокот на состанокот со полскиот претседател Карол Навроцки, рече […]

Одржан е првиот состанок на американско-украинскиот фонд за минерали


Одржан е првиот состанок на одборот на украинско-американскиот инвестициски фонд, клучен дел од договорот за ресурси што беше во срцето на разговорите на администрацијата на Доналд Трамп со Киев. Состанокот, одржан на 3 септември, го означува почетокот на работењето на фондот дизајниран да го одржи американскиот интерес во Украина и да ѝ помогне на нејзината […]

Албанија на крајот на јуни со најниска минимална плата во Европа


 Албанија има најниска минимална плата не само регионот, туку и во Европа, се наведува во најновиот извештај на Евростат (Eurostat). Бруто месечната минимална плата во Албанија на крајот на јуни изнесувала 408 евра. Во регионот, највисока бруто месечна минимална плата има во Црна Гора, 670 евра. Следна на ред е Србија, со 618 евра, и […]

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Неапол, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано


Со субвенции од државата се воведуваат уште пет нови авилинии. До Скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе се лета од Неапол и Будимпешта, а до Охридскиот аеродром од 28  јуни од Катовице, Вроцлав и Милано, објавија денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и Јозеф Варади, главниот извршен директор на […]

СТО: Обемот на светската трговија најнизок во последните 80 години


Трговијата што е во согласност со прописите на Светската трговска организација (СТО) опадна на најниско ниво од крајот на Втората светска војна, предупреди генералната директорка на органзиацијата, Нгози Оконџо-Ивеала. Американскиот претседател, Доналд Трамп, годинава воведе високи царини за голем број трговски партнери што предизвика лавина од одговори и поттикнувајќи тензии во трговските односи. Во такви […]

(Фото) Продажен простор од 1.200 м2 и 57 паркинг места: „Лидл“ започна со изградба на маркет во Општина Аеродром


  Лидл официјално ја започна изградбата на својот најнов маркет во општина Аеродром, којшто ќе биде со модерна архитектура и одржливи технологии. Новиот малопродажен објект ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри, со продажен простор од 1.200 квадратни метри, а за дополнителна погодност на потрошувачите, локацијата ќе има и 57 паркинг места. Ова […]

Сиљаноска-Давкова: Потребна е реформирана финансиска политика и почитување на квалитетот за да ги задржиме најдобрите инженери


Инженерите не само што ја обликуваат сегашноста, туку тие ќе ја проектираат и иднината. Тие го движат светот, ние државата, образовните и научните институции, бизнис-заедницата, граѓанските организации, сме должни да помогнеме да го реализираат она што го поседувате, највредното – знаењето. Тоа го истакна денеска од Охрид претседателката на Републоика Македонија Гордана Сиљаноска – Давкова […]

Здружение „Вина од Македонија“: Наместо предизборни манипулации – решенија за вистински развој на македонското лозарство и винска индустрија


Здружението „Вина од Македонија“, во кое членуваат најголемите производители и извозници на македонско вино, упатува апел до сите политички партии и останати чинители во изборниот процес, да не ги злоупотребуваат лозарите, винарниците и темите поврзани со состојбите во лозарството и домашната винска индустрија, како начин за привлекување гласачи. Последниот ваков пример доаѓа од опозициската партија […]

Американски суд пресуди дека „Гугл“ може да го задржи „Хром“, но без ексклузивни договори


Владата на САД денеска претрпе неуспех во случајот за монопол врз интернет-пребарувањето против Гугл, откако федерален судија ги одби барањата технолошкиот гигант да биде принуден да се откаже од својот интернет-пребарувач Хром (Chrome) и мобилниот оперативен систем Андроид. Судијата Амит Мехта во пресуда од 230 страници напиша дека владата „претерала со барањето за присилно отуѓување […]

„Не дојдовме тука само за бизнис, посветени сме на растот и развојот и локалните производители“: „Лидл“ гради објект и во Аеродром


Во Реонскиот центар во општина Аеродром денеска е поставен камен-темелник на нов малопродажен објект на германската компанија „Лидл“. Новиот објект на „Лидл“ на парцела покрај булеварот „Видео Смилевски- Бато“  ќе се протега на површина од 3.438 метри квадратни со модерен продажен самол од 1200 метри квадратни и 57 паркинг места. -Ова не се само бројки […]

Претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, избран за член на Високиот совет на Светската федерација на стопански комори


Сојузот на стопански комори на Македонија ја информира јавноста дека претседателот Трајан Ангелоски учествува на 14-тиот Светски конгрес на стопански комори (14WCC), кој се одржува од 2 до 4 септември 2025 година во Мелбурн, Австралија, стои во соопштението на Сојузот на стопански комори на Македонија, кое МИА го пренесува интегрално. Во рамки на овој значаен […]

Мијачот на садови кој ја освои Силиконската долина: Приказната за лидерот на „Нвидиа“


Јенсен Хуанг е ко-основач, претседател и извршен директор на „Нвидиа“ (Nvidia), компанија што ја основал во 1993 година заедно со неговите пријатели Крис Малаховски и Куртис Приема. Нивната цел била да развијат напредна 3D графика за индустријата за игри, што довело до создавање на првата единица за графичка обработка (GPU) и ги поставило темелите за […]

ЕЦБ веројатно ќе ги задржи непроменети каматните стапки


Европската централна банка (ЕЦБ) може да си дозволи да ги задржи каматните стапки на исто ниво следната недела, бидејќи инфлацијата се движи блиску до целта, а економијата покажува отпорност, изјави членката на Управниот совет, Мадис Милер. Кога беше прашана за очекувањата дека службениците нема да ги променат трошоците за позајмување на 11 септември, шефот на […]

„Лидл“ ќе постави камен-темелник за маркет во Реонскиот центар во општина Аеродром


Германската компанија „Лидл“ денеска во Реонскиот центар во општина Аеродром ќе постави камен-темелник на нов продажен објект. Станува збор за објект којшто ќе биде изграден на парцела што се наоѓа покрај булеварот „Видео Смилевски- Бато“ во близина на маркетите „Стокомак“ и „Кам“. На настанот најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар […]

Нови 15 милиони евра задолжување од Светска банка за основното образование, опозицијата вели за една година сме се задолжиле 1,8 милијарди евра


Собранието на денешната 67. седница на на понатамошно второ читање проследи неколку предлог-закони, меѓу кои и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование. Заменик-министерот за финансии, Николчо […]

Божиновска: Министерството за енергетика ги објавува сите договори – концесии и јавно приватни партнерства достапни на граѓаните


Отворена власт во пракса – Министерството за енергетика ги објавува сите договори – концесии и ЈПП, достапни на граѓаните, истакнала министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на денешниот владин тематски состанок за Партнерство за отворена власт, на кој се зборувало за напредокот и заложбите на институциите. Како што се наведува во соопштението […]

Најавена е изградба на голем гасовод што ќе ги поврзува Русија и Кина


Договор меѓу лидерите на Русија, Кина и Монголија резултираше со потпишување на правно обврзувачки меморандум за изградба на гасоводот „Моќта на Сибир 2“ што ќе испорачува руски гас во Кина и изградба на транзитниот гасовод „Сојуз-Восток“ за негова испорака низ Монголија, изјави Алексеј Милер, извршен директор на рускиот „Гаспром“. Шефот на „Гаспром“ ја објави изградбата […]

Инфлацијата во еврозоната во август 2,1 отсто, над очекувањата


  Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,1 отсто во август, покажаа најновите податоци од статистичката агенција Евростат во вторник. Економистите анкетирани од Ројтерс очекуваа стапката да остане непроменета од јули на 2%. Основната инфлација, која ги исклучува понестабилните цени на храната, енергијата, алкохолот и тутунот, беше непроменета од 2,3% во јули. Во меѓувреме, внимателно […]

Цената на златото надмина 3.500 долари, достигна нов рекорд


Цената на златото скокна на рекордно високо ниво во вторник, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во април откако претседателот Доналд Трамп воведе тарифи на „Денот на ослободувањето“, во услови на слаб долар и очекувања за намалување на каматните стапки во САД овој месец. Спот златото порасна за 0,9 проценти на 3.508,70 долари за унца во […]

„Револут“ проценет на 75 милијарди долари


„Револут“ (Revolut, т.н. необанка, која работи исклучиво користејќи онлајн банкарство без традиционални физички филијали, заб.) започна процес преку кој некои вработени ќе можат да ги продадат своите акции во компанијата по вкупна проценета вредност од 75 милијарди долари. Таканаречената секундарна продажба ја проценува секоја акција на 1.381,06 долари, според интерен меморандум до вработените што го […]