Ќе направиме сѐ што можеме за да помогнеме на фабриката „Макпрогрес“, вели заменик министерот Ристески


Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска ја посети фабриката на компанијата „Макпрогрес“ од Виница, каде во саботата изби голем пожар во погоните и магацините на фабриката. Пожарот нанесе голема штета и уништи дел од имотот, опремата и капиталот на фабриката која е една од најголемите производни капацитети во Македонија. На средбата со извршниот […]

Млад земјоделец не се станува со 10 илјади евра


  БИТОЛА – Најтешката работа на секоја власт е да ги задржи младите да останат во руралните средини, да се занимаваат со производство на храна или да чуваат стока. Но, ретко кој млад човек се решава да остане в село и да работи земјоделие, сточарство, кога ги нема основните услови за живот: чиста вода, патишта, […]

Министерката Божиновска најавува ред во изградбата на нови енергетски капацитети


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започнува практичната примена на Законот за енергетика и воведување на транспарентен, јасен и предвидлив процес на планирање на развојот на енергетскиот систем. За прв пат ќе биде изготвен Годишен план за развој на енергетскиот систем, кој ќе ги дефинира насоките за изградба на нови објекти и зајакнување на […]

Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива


„Тоа е месечната ставка, вклучително и годишната ставка ако се гледа споредено со јули имаме намалување од 4,9 на 4,4 проценти. Очекувам тој тренд полека да продолжи и да дојдеме до оние стабилни проценти би рекол, 2, 2,5 проценти. Тоа е она кое што го очекуваме во периодот кој што следи“, изјави премиерот Христијан Мицкоски […]

Растот на акциите на „Оракл“ го „размрда“ врвот на листата на милијардери


Лари Елисон или Илон Маск? Растот на богатството од 70 милијарди долари на техничкиот директор на Оракл ја заострува трката за најбогат човек во светот Лари Елисон наспроти Илон Маск: Нето вредноста на коосновачот на Оракл се искачи на 364 милијарди долари, ставајќи го на дофат на 384 милијарди долари на Маск, според индексот на […]

Азески на работна средба со француската компанија Буиг за поддршка на инфраструктурни инвестиции


Вчера, на 9 септември 2025 година, во Стопанската комора се одржа работна средба со француската компанија Буиг (Bouygues). Високите претставници на компанијата изразија интерес и подготвеност на Буиг да учествува во изградбата на големи инфраструктурни проекти во Македонија, како изградбата на железницата и клиничките центри. Компанијата Буиг со диверсифицирано портфолио во секторите градежништво, енергетика, телекомуникации […]

Зголемен бројот на издадени одобренија за градење


 Во  јули година се издадени 401 одобрение за градење, што е за 7.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 31 699 433 илјади денари, што е за 345.3 % повеќе во однос на истиот месец од […]

Во оваа земја, лебот, млекото и месото би можеле да бидат значително поевтини: Каков потег прават?


Со цел да им го олесни животот на граѓаните и да ја стимулира економијата, шведската влада најавува дека од април 2026 година до крајот на 2027 година, ќе го преполови данокот на храна. Ова значи дека основните производи како што се лебот, млекото, јајцата и месото би можеле да станат значително подостапни. Шведската влада планира […]

Делегација на Царинската управа во посета на Царината на Србија – нови чекори за заедничко делување


Соработката меѓу македонската и српската царинска служба продолжува со конкретни резултати и нови договори за унапредување на заедничкото работење. Во оваа насока се одржа билатерална средба помеѓу директорот на Царинската управа на Македонија, Бобан Николовски и директорот на Царината на Србија Драгиша Петровиќ, заедно со делегации од највисокото раководство од двете страни. На денешната средба […]

Инспекцискиот надзор од областа на енергетиката на брза лента: РКЕ и ДПИ ја продлабочуваат соработката


Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката е целта на Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).  -Со меморандумот за соработка се гради платформа за […]

Народна банка: Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите


Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите, соопштија од Народна банка. По интензивната комуникација и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС, банките ги подложија на ревизија своите […]

Голдман Сакс ќе ги управува пензиските фондови на Шел вредни 40 милијарди долари


Американската инвестициона банка Голдман Сакс денеска соопшти дека ќе го преземе управувањето над пензиските средства на британскиот енергетски гигант Шел во вкупна вредност од 40 милијарди долари. Договорот вклучува пренос на управувањето со имотот на европските пензиски структури на Шел, како и советодавни услуги за регионот на Северна Америка. Преносот на имотот ќе се спроведе […]

ЕП усвои нови правила за отпадот од текстил и храна и за дизајн, повторна употреба и рециклирање на возилата


Европскиот парламент денеска ги одобри новите регулативи на ЕУ за спречување и намалување на отпадот од храна и текстил и за циркуларност во автомобилскиот сектор, со што ќе биде опфатен целиот „животен циклус“ на возилата, од нивниот дизајн, до конечен третман по престанокот на нивното користење. Со Регулативата за отпад од текстил и храна се […]

СДСМ: Владата да преземе итни мерки за заштита на животниот стандард


Растот на трошоците за живот не запира, статистиката повторно регистрира зголемување на инфлацијата и цените на мало. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата на годишно ниво, односно август 2025 година споредено со август 2024 година, бележи зголемување од 4,4 проценти. Најголемо зголемување има на трошоците за храна и безалкохолни пијалаци од 6,2 […]

И Унгарија се откажува од рускиот гас


  Унгарија, најголемиот преостанат клиент на „Гаспром“ во Европската унија, има намера да потпише долгорочен договор со западна земја за снабдување со природен гас, објави во вторникот унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. „Ова ќе биде нашиот најдолгорочен договор за купување гас од Запад. Унгарија отсекогаш вложувала сериозни напори за диверзификација, а колку повеќе […]

Колку е всушност лоша американската економија?


Сè потешко е да се тврди дека американската економија е во добра состојба. Барем не без многу фусноти, предупредувања и ситни букви. Загриженоста за економијата најлесно се потврдува на пазарот на трудот, кој, практично според сите извештаи, изгледа сè помрачен и помрачен секој ден. А инфлацијата повторно почна да расте. Клучниот извештај за потрошувачката инфлација, […]

Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво, 0,2 на месечно


Трошоците на животот во август годинава, во однос на август лани, се зголемиле за 4,4  проценти, а цените на мало за 4,1 процент.  Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август годинава, во однос на јули минатата година, изнесува 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето на инфлацијата во август 2025 […]

Поскапуваат горивата


Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – […]

Француската должничка криза ја загрозува целата еврозона


Франција, со својот рекорден долг и растечки дефицит, станува најголем ризик за стабилноста на еврозоната. Експертите предупредуваат дека кризата во Париз би можела да се прелее во целата ЕУ и да го доведе во прашање опстанокот на еврото. Непосредно пред Франсоа Бајру да го изгуби гласањето за доверба во парламентот во понеделник (8 септември), премиерот […]

Огромен пад на бројот на туристи во САД. Ова се земјите што ќе имаат корист


Соединетите Американски Држави ќе изгубат околу 30 милијарди долари во меѓународниот туризам оваа година, бидејќи политичката средина во земјата и силниот долар продолжуваат да ги одвраќаат странските патници од посета. На почетокот на 2025 година, Американската туристичка асоцијација предвиде дека трошењето за странски патувања ќе се зголеми на 200,8 милијарди долари оваа година. Сепак, забележувајќи […]