ЕБОР прогнозира раст од 3 отсто за македонската економија оваа и идната година


Европската банка за обнова и развој во својот есенски извештај ја ревидира нагоре проекцијата за македонската економија, прогнозирајќи раст од 3% за 2025 и за 2026 година, што е зголемување од 0,4 односно 0,3 отсто во споредба со прогнозата од мај. Во вчера објавениот економски извештај на ЕБОР се наведува дека земјава забележа подобри резултати […]

Историски чекор за македонските сметководители: ИСОС примена во CFE Tax Advisers Europe


Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) официјално стана членка на CFE Tax Advisers Europe – најпрестижната европска организација која ги обединува националните здруженија на даночни советници и сметководствени професионалци. Со ова, ИСОС е единствената професионална организација на сметководителите од регионот на Западен Балкан која е дел од оваа европска мрежа. „Зачленувањето на ИСОС во […]

Богатството на Барон Трамп се зголеми: Како најмладото дете ги надмина своите браќа и сестри за 150 милиони долари


Форбс објави листа на најбогатите деца на Доналд Трамп, а сите се воодушевени од количината на пари што ги поседува Барон Трамп. Нето вредноста на претседателот Доналд Трамп се зголеми за повеќе од 3 милијарди долари во изминатата година, но едно од неговите деца би можело да има уште посветла финансиска иднина. Форбс неодамна ги […]

Николоски: Градиме целосно нов автопат меѓу Тетово и Гостивар


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека се гради целосно нов автопат меѓу Тетово и Гостивар. „Ова што сега ние го нарекуваме автопат всушност е експресен пат каде што има две + две ленти кои се допираат на средина и се одвоени со ограда. Овој автопат оди […]

Трамп ретроактивно ги намали царините за европските автомобили


Администрацијата на претседателот Доналд Трамп  соопшти дека  ретроактивно ќе важи царинската стапка од 15% за автомобили и автоделови од ЕУ. Царината е со важност од 1 август. Во известување од Федералниот регистар се наведува дека го измениле распоредот на царините за да го спроведат рамковниот договор постигнат со ЕУ во јули, со кој се намалуваат […]

Ристески: Околу 100 млади луѓе од Штип ќе започнат сопствен бизнис


Околу 100 млади лица ќе бидат вработени или ќе започнат сопствен бизнис во Штип, преку оперативниот план за вработување. Ова денеска го најави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, при неговата посета на градот, каде во соработка со локалната самоуправа се одржа презентација на мерките за поддршка на стопанството. Тој од настанот потенцираше дека […]

Британски „Кросрејл“ ќе обезбеди техничка поддршка за „Македонски железници“


„Кросрејл“ ќе биде техничка поддршка за целокупното работење на Македонски железници инфраструктура и тоа ќе биде грант, односно тоа е подарок од британската Влада за граѓаните на Македонија, изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарски прашања по увид во реализација на инфраструктурни проекти во општина Кавадарци. – […]

Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром


Вицепремиерот и министер за транспорт  Александар Николоски денеска изјави дека радарот на скопскиот аеродром е ставен во фунција, оти е најден резервен дел и проблемот е решен во рекордно време од само три дена. Но, вели, притоа било констатирано дека изминатите години тој работел на само еден канал. Дополнително, нагласи Николоски, радарот е стар 27 […]

Пиварa Скопје го претстави Скопско Weiss – првото македонско пченично пиво


Пиварa Скопје го претстави првото пченично пиво создадено во Македонија – Скопско Weiss. Со оваа новина, Пиварa Скопје, како лидер на пазарот во производство на пиво и безалкохолни пијалаци, ја потврдува својата посветеност кон иновациите и квалитетот, збогатувајќи ја домашната понуда со уште едно пиво со врвен квалитет и специфичен вкус, кое ќе биде препознатливо […]

Димитриеска-Кочоска: Раст на повратот на ДДВ кон компаниите, во тек е постапката и за поврат на солидарниот данок


Повратот на ДДВ кон стопанството се враќа што се евидентира преку податоците на трезорот на Министерството за финансии, а во тек е и процесот за поврат на солидарниот данок кон компаниите кои го уплатија по основ на законско решение. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во ТВ 21. „Податоците јасно кажуваат […]

Електродистрибуција инвестираше 30 милиони евра во првите шест месеци од годината


Дистрибутивниот систем оператор – Електродистрибуција, својот главен фокус во првите шест месеци од годината го стави на дигиталната трансформација и модернизацијата на дистрибутивната мрежа. Само во првата половина од 2025 година, компанијата инвестираше 30 милиони евра во проекти на високонапонско, среднонапонско и нисконапонско ниво.   Преку овие инвестиции, Електродистрибуција обезбедува соодветен развој на дистрибутивната мрежа и […]

Македонија и Албанија на врвот во Евроазија според прекините на електрична енергија


 Геополитичките предизвици и климатските промени ја тестираат инфраструктурата на континентот „како никогаш досега“. Поради тоа подготвена е нова студија во која Албанија е прворангирана како земја која е најпогодена од прекини на електричната енергија во Европа и Евроазија, а на второ место е Македонија, пишува „Еуроњуз“. Во просек, во Албанија се случуваат околу 40 прекини […]

ЕУ бара 67 милиони назад од Кипар: Истрагата открива корупција во мегапроектот за гас чија судбина е неизвесна


Брисел бара Кипар да врати 67 милиони евра поради скандалозни неправилности во проектот за терминал за течен природен гас, додека Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител води истрага за корупција и проневера. Брисел издаде строго предупредување до Никозија, барајќи враќање на 67 милиони евра од средствата на ЕУ поврзани со недовршениот терминал за регазификација на течен […]

Кочоска: Внимателно се планира издавањето на еврообврзницата, постапката е започната


Најавеното задолжување на меѓународниот пазар преку издавање нова еврообврзница е внимателно испланирано и е во рамки на поставените цели за одржување на стабилност на јавниот долг, навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства за буџетски потреби, вели министерката за финансии Димитриеска-Кочоска. Таа во гостување на ТВ 21 потенцира оти нивна цел е да излеззат на […]

Манифестација „Денови на македонски мед“ во Скопје


Од денеска до недела на улица „Македонија“ во центарот на Скопје ќе се одржува 21. манифестација „Денови на македонскиот мед“.  Организатор на манифестацијата е Пчеларското здружение „Матица“ – Скопје. Посетителите ќе можат да купат различни видови мед од цела Македонија и останати пчелни производи. – Повелете дојдете и одберете го својот пчелар и својот мед, […]

Кочоска ќе ја стега рамката околу брзите кредити


Во вечерашното издание на емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска зборуваше за состојбата и регулацијата на финансиските друштва во земјава. „На пример, вие знаете, во една банка максималната изложеност на едно физичко лице може да биде до 55% од примањата. Кај овие финансиски друштва тоа е 70%. Тоа е утврдено со […]

Расте револтот кај сточарите – Субвенциите за овците за 2024 година ќе се исплатат во ноември по локалните избори


Расте незадоволството кај одгледувачите на овци од неисплатените субвенции за овците за 2024 година. Сточарите крајно разочарани од државата прашуваат – Зошто мешате политика со сточарство?   „Му кажавме на министерот да ги отвори границите кон Албанија и Косово, па да се куртулиме од овците и од сточарството, а и Владата да нема веќе обврски […]

Најбогатиот Индиец купи руска нафта за 33 милијарди долари. Вашингтон бесен


Додека американскиот претседател Доналд Трамп ја казнува Индија за купување руска нафта, компанијата „Рилајанс индастрис“ на милијардерот Мукеш Амбани е во центарот на дипломатска бура. Од почетокот на инвазијата на Украина, „Рилајанс“ купи руска нафта во вредност од околу 33 милијарди долари, околу 8 проценти од вкупната продажба на Москва во тој период, покажуваат внатрешните […]

Сончевата енергија клучна за обезбедување енергетска независност


Македонското здружение за сончева енергија Солар Македонија, денеска, ја одржа четвртата Годишна конференција за сончева енергија на која учествуваа над 100 домашни и меѓународни производители, експерти и трговци. Конференцијата ја отвори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која во своето обраќање ја нагласи потребата од енергетска транзиција на државата, осврнувајќи се кон […]

Европската комисија најави мерки што ќе го налутат Путин


Европската комисија ќе предложи тарифи за руската нафта што сè уште се увезува на европскиот пазар, изјави портпаролот на Комисијата, Олоф Гил. „Комисијата наскоро ќе излезе со деталите за тој предлог“, рече Гил на конференцијата. Претседателката на Комисијата во средата, по разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп, објави дека ќе предложи тарифи за увоз на […]