Нестле се соочува со сериозни обвинувања: Додале шеќер штетен за децата во производите наменети за Африка


Компанијата Нестле се соочува со сериозни обвинувања за двојни стандарди откако истрагата откри дека додаваат шеќер што е штетен за децата во своите производи за африканскиот пазар. Истрагата на швајцарските активисти „Паблик ај“ откри дека Нестле продолжува да додава шеќер во повеќето житарки за бебиња што се продаваат низ Африка, а компанијата беше обвинета за […]

Дурмиши: За минималната плата треба да се договорат синдикатите и работодавачите


 Дискусијата за минималната плата и барањето за зголемување беа дел од денешната собраниска седница на која пратениците од опозицијата побараа одговор од министерот за економија. Министерот Бесар Дурмиши рече дека Владата е за зголемување на минималната плата, но дека за тоа треба да се договорат синдикатите и работодавачите. Во одговорот, Дурмиши рече дека доколку се […]

Лашкоска: Не увезуваме отпад, ниту ќе увезуваме во иднина


Македонија не увезува отпад, ниту ќе увезува во иднина, тврди заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска која денеска од собраниската говорница одговори на пратеничко прашање поставено од пратеникот Репеџ Исмаил од „Левица“. Во одговорот, Лашкоска ги отфрли информациите што се пласираат во јавноста, посочувајќи дека не се увезува отпад.  – Во однос […]

Расте бројот на компании на домашната берза на електрична енергија, претставени новите правила за учество на пазарот


Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, одржа презентација и јавна расправа за „Правилата за регистрација на учество на пазарот на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори“. На настанот, на кој присуствуваа претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за енергетика, МЕПСО, ЕСМ, како […]

За три години 14 државни згради ќе бидат енергетски ефикасни, ќе се вложат 11,11 милиони евра


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна, тригодишна рамка за најобемната енергетска обнова на институции во земјата досега. Планот веќе е усвоен од Владата, по процес на усогласување со […]

Комерцијална банка слави 30 години од првата Mastercard картичка со наградна игра што те носи на карневалот Рио!


Славиме 30 години од првата издадена Mastercard картичка од Комерцијална банка со голема наградна игра! Секое плаќање со Mastercard картичка носи шанса за добивка и за главната награда – патување за две лица на карневалот во Рио де Жанеиро! Претстојните празници сега стануваат уште повесели и повозбудливи со Наградната игра на Комерцијална банка, која трае […]

Димитриеска-Кочоска: Есенскиот извештај на ЕК сигнал дека се движиме во позитивна насока


  Есенските економски проекции на Европската комисија, кои што се објавени вчера,  се јасен сигнал дека се движиме во позитивна насока, оценува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.    Во објава на Фејсбук наведува дека проекцијата за раст на македонската економија е зголемена за 2025 и 2026 година, што е потврда за стабилноста, издржливоста и довербата во нашите […]

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година зголемени за 10,4 отсто


Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година изнесува 5,2 милијарда денари што е зголемување за 10,4 проценти во однос на истиот период лани. Според Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 12 отсто, а кај […]

Авиокомпанија драстично казнета за вечно доцнење: Го губи правото на слетување


Авиокомпанијата „Раjанер“ ги губи правата за слетување во Ајндховен поради доцнење на летовите. Ирската авиокомпанија „Раjанер“ изгуби два од своите слота за слетување на аеродромот во Ајндховен поради чести доцнења на летовите, објави холандскиот весник „Ејндховенс Дагблад“. Координацијата на аеродромите на Холандија (ACNL), телото кое доделува слотови, откри дека „Рајанер“ доцнел на летовите во понеделник […]

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата за Предлог-буџетот за 2026 година, во второ читање, на која ќе ги разгледува поднесените над 200 амандмани. Во текот на општата расправа, која заврши вчера, пратениците од владејачкото мнозинство изнесоа ставови дека предложениот буџет е реален и развоен со индикатори базирани на подобрување […]

Кина ѝ понудила заем без камата на Владата, услов било тие да градат, открива Николоски


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата на Економскиот форум во Виена изјави дека македонската Влада  веднаш по нејзинот конституирање, добила понуда од Кина за заем без камата, под услов нивни компании да учествуваат во изградба на инфраструктурни проекти што би се финансирале од заемот. Сепак, Владата се одлучила за Европа. Тој […]

Глобалниот долг руши рекорди: 23 земји се задолжени повеќе од нивниот БДП


Светскиот долг е толку висок што 23 земји позајмуваат повеќе од нивниот БДП, вклучувајќи две земји кои должат повеќе од двојно повеќе од нивниот годишен економски производ. Како што односите долг-БДП продолжуваат да растат, сервисирањето на долгот станува сè поскапо. Зачудувачки, повеќе од 3,4 милијарди луѓе живеат во земји каде што нето каматните плаќања за […]

Американскиот нафтен гигант „Шеврон“ размислува за купување на имоти на „Лукоил“


  Американската нафтена и гасна компанија „Шеврон“ истражува опции за стекнување на меѓународните средства на „Лукоил“, изјавија за Ројтерс пет лица запознаени со процесот. Санкциите против руската компанија требаше да стапат во целосна сила на 21 ноември, но во петокот, Министерството за финансии на САД издаде неколку лиценци, од кои една им овозможува на компаниите […]

Сопственикот на Лидл и Кауфланд инвестира 11 милијарди евра во центар за податоци во Германија


Групацијата „Шварц“, сопственик на Лидл и Кауфланд, денес објави дека ќе инвестира 11 милијарди евра во изградба на центар за податоци во својата матична земја, Германија. Објавената сума е најголема во историјата на групацијата, посочија тие. Околу 2,5 милијарди евра ќе бидат инвестирани во изградбата, а остатокот во ИТ инфраструктура, вклучувајќи околу 100 илјади специјални […]

„Големите приказни на малите херои“: „Бекутан“ со панел го одбележа Светскиот ден на недоносените деца


Втората конференција „Големите приказни на малите херои“ организирана под покровителство на Бекутан, уште еднаш ја потврди долгогодишната посветеност на брендот на најмалите, најкревки и најхрабри борци – предвремено родените бебиња, се вели во соопштението од Алкалоид . „Верувајте во вашите мали херои, кои не по своја желба ја започнале животната борба многу порано од своите […]

ТИТАН УСЈЕ со едукативни работилници за циркуларна економија и декарбонизација –  поттикнува поголема соработка во заедницата 


Зајакнување на капацитетите на сите чинители за одржливо управување со отпад, и ефективна примена на кружната економија во насока на поголема декарбонизација, е главна цел на проектот „Циркуларна економија и декарбонизација“. Проектот  го реализира ТИТАН Усје во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија.  Во рамките на проектот се реализираат неколку едукативни работилници каде своите […]

Бескрајно посветени на виното, традицијата и луѓето – одржано 16-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“


Во годината на големиот јубилеј – 140 години традиција, визија и лидерство, винарската визба „Тиквеш“, во Кавадарци го одржа 16-тото издание на Фестивалот на младо вино. Традиционално, третиот викенд во ноември, 16-та година по ред, годинешниот фестивал повторно ги собра бројните пријатели, партнери и соработници на „Тиквеш“, како и претставници на дипломатскиот кор и институциите, […]

Цената на руска нафта падна 36 долари за барел по американските санкции


  Цените на руската нафта продолжуваат да паѓаат поради намалената побарувачка во Индија и Кина, кои беа погодени од американските санкции против „Роснефт“ и „Лукоил“. Цената на „Урал“, главната извозна класа за руските производители на нафта, падна на 36,61 долари за барел на крајот од минатата недела кога беше натоварена од пристаништето Новоросијск, објавува Блумберг, […]

„Средношколец Милионер“: Избор на 20 бизнис идеи кои ќе се борат за милион денари


Дваесетте најдобри средношколски тимови кои продолжуваат во полуфиналето на натпреварот „Средношколец Милионер“ ќе бидат избрани вечер, а селекцијата следува по повеќенеделна работа, гласање и стотици исфилтрирани идеи. – После десетици илјади гласови од публиката, од над педесет амбициозни идеи, само дваесет ќе направат чекор поблиску до наградата од 1.000.000 денари. Во рамките на натпреварот, 53-те […]

Вработените во „Лукоил“ во голема неизвесност што ги чека по 21 ноември


  За вработените во „Лукоил Македонија“, кои ги има околу 500, петок, 21 ноември, кога е можно да се активираат американските санкции кон фирмата мајка, е денот Д, кон кој се движат во целосна неизвесност за својата иднина. Или, можеби ќе може да здивнат до 13 декември, до кога американската администрација го продолжи рокот за […]