Ѓорѓиевски: Мора заеднички да работиме за иднината на регионот


Во рамките на осмиот форум кој е организиран од Стопанската Комора на Војводина во Нови Сад се одржа панел дискусија со фокус на регионалната соработка, зелената транзиција и идните чекори на регионот на која покрај домаќинот господин Владимир Гак, преседател на стопанската комора на Војводина учествуваа Горан Ѓорѓиевски преседател на Сојуз на стопански комори на […]

Германската автомобилска индустрија губи 48.700 работни места: Рекордни намалувања на работната сила, еве што доведе до тоа


Структурните промени, преминот кон електрични возила, глобалната конкуренција и забавувањето на пазарот дополнително го оптоварија еден од клучните столбови на германската економија. Германската автомобилска индустрија изгуби повеќе од 48.700 работни места во текот на изминатата година, според статистичката служба Дестатис. Овој пад претставува намалување од околу 6,3 проценти од вкупната работна сила во секторот. На […]

Бундесбанк предвидува мал раст на Германија во четвртиот квартал


Германската централна банка во четвртокот изјави дека очекува бруто домашниот производ малку да порасне во четвртиот квартал. „Економската активност би можела повторно малку да се забрза во четвртиот квартал“, соопшти Бундесбанк. Германската економија – најголемата во Европа – се бори да се опорави од последователните години рецесија, а економските институти предвидуваат минимален раст оваа година. […]

Четврти ден расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска четврт ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. Вчера беа разгледани и не добија поддршка амандмани поднесени од опозицијата, со кои меѓу другото се бараше дополнителни средства за зголемување на платите за 30 проценти во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и во конзуларно-дипломатските […]

Завршена сопственичката консолидација на М-6 ДОО


Целосно е завршен процесот на промена на сопствеништвото во трговското друштво за инженеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје. По сопственичката промена, мнозински сопственик на М-6 ДОО е семејството Јаневски, а покрај нив, дел од сопственичката структура на компанијата остануваат и членови на семејството Ивановски. Со финалната уплата на 12 милиони евра се исполнети […]

Уставен суд ќе го оценува зголемувањето на пензиите за 1.000 денари, а не претходното за 5.000


  Линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари, што го добија пензионерите во септември лани (2.500 денари) и во март годинава (уште 2.500 денари) нема да оди на проверка од страна на Уставниот суд, туку уставноста ќе се оценува само на најновото зголемување за 1.000 денари во септември годинава и најавеното за исто толку во […]

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026, меѓу темите и поведената постапка на Уставниот суд за пензиите


 Во матичната собраниска Комисија денеска продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Освен за поднесените амандмани, дебатата се фокусираше и на поведената постапка на Уставниот суд за линеарното зголемување на пензиите по што дојде до меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, во реплика на амандман поднесен од СДСМ, спомена […]

Искусни инвеститори ја преземаат „Имлек“, водечката млечна компанија на Балканот


Компанијата „Имлек“, водечки производител на млечни производи на Балканот, стои пред значајна промена во сопственичката структура. Во рамките на групацијата „Имлек“ работи и „Бимилк“, како еден од клучните и најсовремени регионални капацитети во оваа групација. „Бимилк“ останува составен дел од „Имлек“ и продолжува да работи непроменето, согласно највисоките стандарди за квалитет. За купопродажбата постигнато е […]

Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Војводина потпишаа договор за соработка


Во рамките на осмиот регионален бизнис форум во организација на Стопанската комора на Војводина кој се одржува во Нови Сад, се потпиша договор за соработка помеѓу Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Војводина. Претседателите Горан Ѓорѓиевски и Горан Гак ставија потис за соработка за размена на информации значајни за развој на […]

Бислимоски се сретна со амбасадорката на НР Кина, во фокусот енергетската транзиција


Над 55 отсто од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со Н.Е амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен. Соговорниците ги споделија искуствата во […]

Синдикалната кошница во ноември „тежеше“ 65.173 денари


Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.548 денари. Податоците на Сојузот на синдикати кој ја изработува синдикалната минимална кошница покажуваат дека за храна и пијалоци се потребни 23.534 денари, а за режиски трошоци 6.130 денари.  Во споредба со октомври кога за минимални месчени […]

МАПАС најавува нови модели за исплата на пензии и воведување мултифондови


Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС најавува дека во наредниот период ќе се разгледуваат нови модалитети за исплата на пензии и подобрување на пензискиот систем. За овие реформски пакети веќе се формирани неколку работни групи. -Во наредниот период се очекува воведување нови модели за исплата на пензии и имплементација на мултифондови во […]

До вчера 27.000 студенти подигнале ваучери за електронски уреди


Повикот за ваучери за студенти за електронски уреди има исклучително добар одѕив. Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. За шпекулациите дека некои студенти ги продаваат ваучерите тој посочи дека остава на совеста […]

Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од TЕМУ, велат од Министерството за финансии


Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата ТЕМУ. Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ТЕМУ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по […]

„Туркиш ерлајнс“ ги продава сите свои акции во „Ер Албанија“


Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) соопшти дека одлучила да го продаде целиот свој удел од 49 отсто од акциите во „Ер Албанија“ (Air Albania), јавија албанскиот информативен портал „Шчиптариа“ и англиското издание на турскиот портал „Хаберлер“. Турскиот авиопревозник ја информираше јавноста за одлуката на одборот на директори во соопштение за медиумите, додавајќи дека ќе […]

Анета Антова Пешева избрана за „Жена Лавица 2025“ од ЗЖМ „Елит“


Здружението на жени менаџерки „Елит“ ја одржа петтата свечена церемонија за доделување на престижната награда „Жена Лавица 2025“, во рамки на месецот посветен на претприемништвото. Настанот е во согласност со мисијата на „Елит“– унапредување на женското претприемништво и лидерство како значајни двигатели на развојот во македонската економија, стои во соопштението на Здружението на жени менаџерки […]

Европската берзанска група Еуронекст ја презеде Атинската берза


Европската берзанска група Euronext ја презеде Атинската берза, откако 74,2 отсто од акционерите ја прифатиле понудата, а министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис, нагласи дека тоа „го одразува напредокот на грчката економија“, јави дописничката на МИА од Атина. -Аквизицијата на Атинската берза од Euronext претставува една од најзначајните инвестиции во последните […]

ТАВ Македонија донираше најсовремена медицинска опрема на клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле


ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП ја предаде својата донација – најсовремена медицинска опрема на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, на Светскиот ден на детето, 20 ноември. Целта на оваа донација е да се поддржи персоналот на оваа државна медицинска установа во обезбедувањето на модерна дијагностика за […]

Славески за „Топ 100 извозници“: Новите трговски политики и продолжената светска неизвесност се јасен потсетник за важноста на силните домашни економски фундаменти


„Во услови на зголемена светска неизвесност и променлива економска средина, силните домашни економски фундаменти се клучот за зачувувањето на стабилноста и за постигнувањето одржлив раст. Последните години се одбележани со висока променливост, видлива и преку високите индекси на светската неизвесност, што значително влијае и врз процесите на носење економски одлуки“, истакнува гувернерот на Народната банка, д-р […]

„Мерцедес“ прави радикален потег


„Мерцедес“ направи радикален потег и го напушти концептот на „луксузна стратегија“ и подготвува модели од почетно ниво кои би можеле да бидат поевтини за четирицифрена цена. Постојат шпекулации дека цената на најевтиниот Мерцедес ќе биде намалена за 20-30 проценти во споредба со претходните почетни цени. Во време кога електричниот модел CLA од „Мерцедес“ постави нов плафон […]