Седница на Буџетскиот совет на Собранието


Во Собранието денеска ќе заседава Буџетскиот совет. На дневен ред е Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Предлог-годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2025 година. Членовите на Буџетскиот совет треба да донесат и заклучок за изменување на Заклучокот за утврдување на бројот на […]

Договорот за тунелот со Бугарија наскоро ќе биде ратификуван во Собранието, најави Николоски


 Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.  На средбата, како што соопшти Министерство за транспорт, […]

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 29 април


Американската Канцеларија за контрола на странски средства (ОФАК) ја продолжи лиценцата што овозможува одредени меѓународни операции на компанијата Лукоил до 29 април 2026 година. Според документот објавен денеска на веб-страницата на ОФАК, лиценцата дозволува трансакции со меѓународните подружници и поврзани компании на Лукоил, вклучително и оние во САД, но исклучиво за набавка на стоки и […]

Прва координација на УО и НО на МЕПСО во Министерството за енергетика


 Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини првпат се одржа заеднички состанок со Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО – формат што обезбедува побрза, поефикасна координација во функционирањето на преносниот систем. Како што информира ресорното министерство, министерката Сања Божиновска порача дека редовна координација е неопходна бидејќи МЕПСО како еден од клучните столбови за енергетската […]

Проблемот со „Мој ДДВ“ бил технички, повратот на ДДВ не доцни и нема застој во Буџетот, вели Димитриеска Кочоска


Доцнење во повратот на ДДВ нема. Најодговорно тврдам дека апсолутно нема никаков проблем со Буџетот, проблемот е од техничка природа во УЈП, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со повратот на ДДВ, таа напомена дека клучен проблем се системите во УЈП кои не биле надградени од […]

Димитриеска Кочоска – Каменицки: Македонија и Словачка споделуваат заедничка визија, значајна поддршка во исполнување на реформските процеси


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска оствари официјална средба со нејзиниот колега од Република Словачка, Ладислав Каменицки. Двајцата министри на средбата разменија мислења за низа прашања од заеднички интерес и оценија дека има широк потенцијал за понтамошно унапредување на соработката. „Денеска остваривме многу плодна и суштинска средба со мојот колега, министерот за финансии на Словачка, Ладислав […]

Business for Business форум 2025 – Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни


– Комерцијална банка организираше форум Business for Business, посветен на можностите за раст на малите и средните компании преку иновативни дигитални алатки и ефикасни финансиски производи и услуги. Форумот беше место на кое се споија современите финансиски решенија со инспиративни бизнис приказни. Во присуство на над 120 претставници на компании-клиенти на Банката се зборуваше за […]

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора


Американската стопанска комора (AmCham) вчера го одржа своето 25-то генерално собрание, одбележувајќи значаен јубилеј – четвртина век посветена работа за поддршка на развојот на домашната економија, унапредување на деловното опкружување, размена на добри деловни практики и застапување на интересите на своите членки, кои денес надминуваат бројка од 150 субјекти во земјава. Во рамките на овогодишното […]

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања


Од 1 јануари следната година, Германија ќе ја зголеми минималната часовна плата од 12,82 на 13,90 евра бруто, а многу компании најавуваат зголемување на цените и отпуштања за да ги покријат новите трошоци, според извештајот на Институтот за економски истражувања (Ifo). Најизразени ефекти се очекуваат во угостителскиот и малопродажниот сектор, каде што ниските плати се […]

Наследникот на Хермес ги тужи Арно и LVMH во тужба од 14 милијарди евра за изгубени акции


Париз – „LVMH и неговиот (контролен) акционер цврсто потврдуваат дека никогаш, во ниту еден момент, не ги злоупотребиле акциите на Хермес Интернешнл, на кој било начин или без ничие знаење, и дека не поседуваат никакви „скриени“ акции, спротивно на она што го сугерира г-дин Николас Пјуеш“, се вели во соопштението на компанијата. Ројтерс оваа недела […]

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината во 2025“ од магазинот The Banker


Наградата „Банка на годината“ претставува репер за квалитет и достигнувања во глобалната банкарска индустрија. Секоја година, The Banker оддава признание на водечките банки ширум светот кои покажале исклучителни перформанси и лидерство на нивните пазари во насока на стратешки иницијативи, технолошки иновации, програми за одржливост и услуга за клиентите. Издвојувајќи се токму по своите силни финансиски резултати, клиентски […]

Бугарија сака да ја преземе контролата врз гасниот интерконектор со Грција


Бугарија е сведок на внимателно оркестриран обид за преземање на политичка контрола врз Грчко-бугарскиот интерконекторски систем (IGB), единствениот дел од гасоводна инфраструктура што сè уште гарантира снабдување со неруски гас за земјата и поширокиот регион. Движечката сила зад овој потег е познатото владино дуо на поранешниот премиер Бојко Борисов и политичарот санкциониран од Магнитски, Делјан […]

Сточарите во паника, ќе се намалува цената на суровото млеко. Државата не ја исплаќа премијата


  БИТОЛА – Сточарите, одгледувачи на крави се во паника откако дел од нив добиле најави од млекарници каде го предаваат суровото млеко дека ќе следи нов пад на цената на откупеното млеко. Новиот удар врз млекарите ќе значи помалку од 1 до 3 денари по литар сурово млеко. „Сточарството стана неиздржливо, стоката на кланица, […]

Од нестандардни депонии до зелени површини: Почиста иднина за Источниот и Североисточниот регион


Проектот SENE3 – „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ на Република Северна Македонија има за цел да помогне во воспоставување на интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад. Финансиран од Европската Унија преку ИПА II програмата, проектот обезбедува поддршка за општините, јавните комунални претпријатија […]

Јужна Африка најави „пауза“ во учеството во Г20 додека Трамп претседава со форумот


Претседателството на Јужна Африка денеска соопшти дека земјата ќе направи „пауза“ и привремено ќе го суспендира активното учество во Г20 додека американскиот претседател Доналд Трамп, претседава со форумот. Оваа изјава доаѓа откако администрацијата на Трамп потврди дека Јужна Африка нема да биде поканета да учествува на самитот следната година. Портпаролот на претседателот Сирил Рамафоса, Винсент […]

Поранешен сопственик на Порнхаб сака да го купи Лукоил


 Австрискиот бизнисмен Бернд Бергмаир, поранешен мнозински сопственик на групација за индустрија за забава за возрасни, во која спаѓа и сајтот Порнхаб, се обратил до американското Министерство за финансии во врска со купување на меѓународните средства на руската нафтена компанија Лукоил, која е под санкции. САД воведоа санкции за Лукоил, најголемиот приватен производител на нафта во […]

Вицепремиерот Николоски учествува на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ во Брисел


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Брисел, при што денеска ќе учествува на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ што го организира бриселскиот тинк-тенк Пријатели на Европа, а утре и на Министерскиот совет на Транспортната заедница. Николоски синоќа присуствуваше на настан организиран од Пријатели на Европа за учесниците на „Самитот ЕУ-Западен […]

Формиран Советот за туризам


 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Порта Македонија се обрати на конститутивнaта седница на Советот за туризам, стратешко и советодавно тело кое има значајна улога во обликувањето и креирањето на туристичката политика на Македонија, со цел унапредување на координацијата и обезбедување системска поддршка за одржлив раст и развој на туристичката индустрија. Во […]

Рамстор Македонија е добитник на признанието „Пристапно работно опкружување“ на Ability Awards


Рамстор Македонија е добитник на признанието во категоријата „Пристапно работно опкружување“ на годинешните Ability Awards, доделени за исклучителни практики во областа на инклузијата, пристапноста и општествената одговорност. Ова признание претставува значајна потврда за доследните напори на компанијата да обезбеди еднакви можности и поддршка за сите свои вработени, со фокус на создавање работна средина која е […]

Трамп вели дека одлучил за избор за претседател на ФЕД. Еве кој е на краткиот список


Претседателот Доналд Трамп изјави дека одлучил кој ќе стане најмоќната фигура во американската економија. Претседателот во неделата изјави дека донел одлука и дека ќе ја објави. Претстојната номинација завршува еден повеќемесечен процес на пребарување предводен од секретарот за финансии Скот Бесент, кој му достави на Трамп краток список од пет лица. Малкумина имаат толку големо […]