Бошевска на Конференцијата на WOBA: Ако сакаме да го надминеме родовиот јаз, мора да воспоставиме систем за грижа на жената


Рамноправната застапеност на жените на раководни и одлучувачки позиции веќе не е само прашање на еднаквост, туку и на ефективност и долгорочен и одржлив развој. Според истражувањата, компаниите и институциите од јавниот сектор коишто имаат разновидно раководство, не само што постигнуваат подобри резултати, иновации и одржлив раст, туку и покажуваат поголема отпорност. И покрај напредокот […]

„Лукоил“ ќе ги продава имотите во странство со 50 отсто попуст


  Најголемата приватна нафтена компанија во Русија, „Лукоил“, одлучи да ги продаде своите странски средства по воведувањето на блокирачките санкции од САД. Во моментов има удели во проекти за развој на нафтени полиња во Азербејџан, Казахстан, Узбекистан, Ирак, Египет и ОАЕ, како и во Латинска Америка, Западна и Централна Африка. Компанијата поседува и рафинерии за […]

Мисијата на Светска банка на разговори во Фондот на ПИОМ за активностите во рамките на Проектот СИАП


Дигитализацијата на архивата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, била дел од темите на кои разговарале директорот на Фондот, Никола Мемов на средбата со претставниците на Мисијата на Светска банка предводена од Зоран  Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску, а што е дел од СИАП проектот и пензиската политика. На средбата, како […]

Санкциите кон „Лукоил“ нема да „произведат“ инфлација во Македонија, вели Славески


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески не очекува санкциите кон руската компанија „Лукоил“ да предизвикаат ценовен шок и да ја поттикнат инфлациската спирала. Славески е уверен дека по првичниот благ ценовен удар работите ќе се стабилизираат. – Има други производители кои имаат капацитети да ги надоместат количествата нафта што можеби нема да бидат испорачани од Русија. […]

Од денес се лета за Мадрид од Скопје


Скопје од денеска директно се поврзува со шпанската престолнина Мадрид, авиолинија која е една од дваесетте авиолинии што ги воведовме во изминатата година, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рафаел Сориано Ортиз и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, го означија првиот лет Скопје-Мадрид.  […]

Со еврообврзница од 950 милиони евра ќе се финансира јавниот долг за следната година


Најголемиот предизвик за финансирањето на јавниот долг за следната година е сервисирањето или враќањето на обврзницата од 700 милиони евра. Тоа е она коешто најмногу му тежи на буџетот, порача денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Нагласи дека ќе се прави комбинација помеѓу странското и домашното задолжување, за, како што рече, да не ги […]

Компанија од Нов Зеланд за осигурување овозможила нафтата под санкции од Русија и Иран да оди низ светот


  Новозеландска компанија управувана од британско семејство специјалисти за поморско осигурување им помогнала на сомнителните руски и ирански флоти да транспортираат стотици милиони барели нафта и нафтени производи. Многу танкери осигурени од „Маритајм мјучуал“ беа санкционирани од западните земји, кои започнаа истрага за нејзините активности. Во еден момент, „Маритајм мјучуал“ осигурила речиси една шестина од […]

Граѓаните и фирмите веќе ги чувствуваат придобивките од СЕПА, следен чекор инстант плаќања


ОХРИД  –   Членството во Единствената област за плаќања во евра, СЕПА, веќе носи придобивки за граѓаните и компаниите кои сега плаќаат многу помалку за трансакциите. Ова е првиот заклучок на конференцијата за плаќања и пазарната инфраструктура што денес и утре се одржува во Охрид, во организација на Народната банка, а на која учествуваат гувернери на […]

Владата го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5 отсто


Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Министерката за финансиии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, […]

„Реплек“ на најпрестижниот саем за фармација CPHI – потврда за конкурентноста, квалитетот и интернационалниот потенцијал


Портфолиото на фармацевтската компанија „Реплек“ и оваа година предизвикува голем интерес на CPHI саемот за фармација, кој од 28-ми до 30-ти октомври се одржува во Франкфурт, Германија, под мотото „Ја обликуваме иднината на фармацијата“. CPHI саемот е собир на глобалните лидери во фармацијата и во неговите рамки се презентираат иновациите во индустријата. „Реплек“ го презентира […]

Ројтерс: Ја откривме крипто мрежата на семејството Трамп, добиле 800 милиони долари за 6 месеци


Семејството на Доналд Трамп изгради широка глобална мрежа на криптовалутни потфати, користејќи го името и политичкото влијание на претседателот за да привлече инвеститори и да оствари значителен профит. Комплексната мрежа, која често работи во регулаторни сиви зони, се протега на повеќе континенти и вклучува заплеткан спектар на дигитални средства, берзи и блокчејн технологии, објавува Ројтерс. […]

„Алкалоид“ 22 години дел од водечкиот глобален фармацевтски настан CPhI во Франкфурт


35 претставници од различни организациски сектори на компанијата го сочинуваат алкалоидовиот тим на овогодишното 36. издание на CPhl, кој за време на три интензивни саемски денови во својата агенда има повеќе од 400 деловни средби со постојни партнери, добавувачи и со нови потенцијални соработници. „Алкалоид“ годинава го забележа своето 22. учество на најреномираниот светски собир […]

Светски форум IFESD-14 во Скопје: Решенијата за одржлива енергија не се избор, туку неопходност


Во присуство на повеќе од 500 претставници од целиот свет, во Скопје беше отворен 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), под наслов „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации – […]

УЈП ја проширува базата на знаење


Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека на веб-страницата на институцијата е објавен нов дел со проширена база на знаење – прашања и одговори поврзани со даночните обврски. Целта на оваа алатка е да овозможи едноставен и брз пристап до точни информации за примената на даночните прописи, лесно достапни до секој обврзник […]

Во Охрид отворена 16. Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура оргaнизирана од Народната банка


Забрзаните технолошки циклуси и појавата на нови деловни модели го менуваат пејзажот на плаќањата и пазарната инфраструктура. Очекувањата за поголема брзина во процесите на плаќање, поголема отпорност, поголема транспарентност, вклученост и безбедност на процесите се предизвиците за кои ќе се разговара во рамки на 16. Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура што во организација на […]

Сточарите си ги бараат субвенциите за предадено млеко за 2025 година


  БИТОЛА – Сточарите си ги бараат субвенциите за предадено млеко за 2025, дел од нив добија пари за млекото за трите месеци од 2025, дел за два месеци, а најголем дел не добија ни денар, вели Тони Петковски-Паша, сточар од селото Велушина претставник на здружението на сточари „Пелагониско поле“. Во истовреме, одгледувачите на овци […]

„Амазон“ ќе отпушти 14.000 административни работни места


Американскиот онлајн малопродажен гигант „Амазон“ денеска соопшти дека планира да отпушти околу 14.000 административни работни места. Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл се стреми да ја намали својата работна сила по масовното вработување за време на пандемијата. „Волстрит џурнал“ објави дека компанијата би можела да отпушти до 30.000 работни места во неколку бранови. „Амазон“ соопшти […]

Почна Меѓународниот форум за енергија – учесници од 70 држави, владини претставници, меѓународни организации, банкари


Кога нема енергија нема прогрес, нема ниту иднина, со оваа аудио-визуелна порака во Македонската филхармонија почна 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14). На форумот насловен „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“ што го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во соработка со Канцеларијата на Програмата […]

Јапонија и САД потпишаа договор за ретки минерали


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонската премиерка Санае Такаичи потпишаа рамковен договор за обезбедување резерви на ретки минерали, објави денеска Белата куќа. Спогодбата беше потпишана за време на посетата на Трамп на Јапонија, дел од неговата турнеја низ Азија, насочена кон зајакнување на синџирите на снабдување со материјали критични за обновливата енергија, електрониката и […]

Прв лет Скопје – Мадрид


Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“. Првиот лет  ќе се реализира попладне во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје, каде по тој повод прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија  Рафаел Сориано Ортиз, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ […]