Николовски: Не се исплатени субвенциите за овци, ниту за млекото, владата ги остави земјоделците на цедило


Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на Комисијата за финансирање и буџет, упати остри критики кон Владата поради целосно занемарување на земјоделците и неприменување на обврските кои државата ги има кон нив. Особено по предложениот амандман на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците, кој беше одбиен. Николовски потенцираше дека состојбата во земјоделието е катастрофално лоша, не […]

Германија троши 41 отсто од својот буџет за социјала, повеќе од Скандинавците


Германија го издвојува најголемиот дел од својот буџет од сите европски земји за социјални програми – дури 41 процент, според нова студија на Институтот за германска економија (IW), за која делови денес објавуваат германските медиуми. Според „Рајнише пост“, ова вклучува трошоци за пензии, социјална и здравствена заштита и надоместоци за невработеност. Во однос на социјалните […]

АЕК го продолжи рокот за конечна одлука за трет мобилен оператор, сега е 12 јануари идната година 


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) информира дека ги продолжи роковите од тендерската документацијата за трет мрежен оператор во државава, а на барање на единствениот понудувач на тендерот „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. Според Одлуката на АЕК, краен рок за донесување одлука за избор на најповолен понудувач сега е 12 јануари 2026 година, додека  за […]

„Бимилк“ со отворени врати за граѓаните по повод Светскиот ден на квалитет


Бимилк го одбележа Светскиот ден на квалитет со традиционален отворен ден, на кој голем број граѓани, студенти и долгогодишни потрошувачи добија можност одблизу да го следат целиот процес на производство на млекото и млечните производи. Посетителите се запознаа со најсовремените методи на обработка, строгите контроли на квалитет и со високите стандарди што компанијата ги применува […]

ЕЦБ предупредува дека растот на употребата на стејблкоините носи ризици


  Европската централна банка (ЕЦБ) денес предупреди дека растот на употребата на стабилни монети (стејблкоини), криптовалути поврзани со стабилни валути како што се доларот и еврото, носи ризици што треба внимателно да се следат. Вкупната пазарна вредност на стабилните монети е 280 милијарди долари, во која доминираат американските токени USDT и USDC. Стабилните монети главно […]

Рајнметал го предводи падот на европскиот одбранбен сектор


Паневропскиот индекс STOXX 600 падна за 2,2 проценти во изминатите пет дена, што е негов најголем неделен пад од јули. Дел од падот всушност беше добредојден: акциите за одбрана паднаа поради надежите дека војната во Украина ќе заврши, но индексот STOXX 600 беше уште посилно погоден од стравувањата дека секторот за вештачка интелигенција е преценет. […]

Славески: Финтек-иновациите ја обликуваат иднината на македонскиот финансиски сектор


Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Конференцијата за европска економска интеграција (CEEI 2025) – Финансиската иднина на ЈИЕ: финансирање на растот и иновациите, во организација на Народната банка на Австрија, којашто се одржува во Виена, истакна дека финтек-иновациите значително го олеснуваат пристапот до финансии за граѓаните и за малите и средните претпријатија, ја […]

Конференција „Finance Talks by EOS“ 2025: Иновации и дигитална трансформација – предизвиците во планирањето на долгорочниот раст


Иновациите во финансиските услуги, дигиталната трансформација на институциите и примената на напредни технологии ќе бидат во центарот на годинешната конференција „Finance Talks by EOS“, што ќе се одржи на 10 декември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Годинешната тема: „Иновации и дигитална трансформација – предизвици во планирањето на долгорочен раст и одржливост на финансиските услуги“, […]

Бензините поевтини за половина денар, дизелот поскап за исто толку


 Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС […]

Советот на ЕУ го одобри Буџетот на Унијата за 2026 година


Советот на ЕУ денеска формално го усвои Предлог-буџетот на Европската Унија за 2026 година, којшто беше усогласен со Европскиот парламент на 15 ноември во раните утрински часови. Во Буџетот вкупно 192,8 милијарди евра се предвидени за „обврски“, а 190,1 милијарди евра во „исплати“. „Обврските“ се трошоци за активности што се спроведуваат во текот на неколку […]

Доцни државната помош за странските компании, Мицкоски се правда со Антикорупциската комисија


Доцни исплатата на државната помош за странските компании кои што работата во земјава, а доцни и поддршката за домашните компании за направените инвестиции, кои не ги добиле средсвата за минатата 2024 година, а за годинава не биле склучени ни договори, што го отвора прашањето за кондицијата на Буџетот. Како што изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, […]

Француските винари се борат за преживување по неколкуте кризи


  Лозарите велат дека падот на продажбата, царините на Трамп и најлошата жетва во последните 70 години ги доведоа производителите во опасност од затворање Француските винари често се обвинуваат дека ја гледаат чашата како полупразна. Страшните предупредувања за состојбата на секторот – еден од трите столба на економијата на земјата – се постојана вина за […]

Никица Мојсоска Блажевски во Бизнис клуб: Извозот е клучот за нашата економија


Д-р Никица Мојсоска-Блажевски, потпретседател на Управниот одбор на Стопанската комора и главен извршен директор на „Македонија 2025“, во најновото издание на „Бизнис-клуб“ со претседателот на Комората Бранко Азески нагласи дека како мала економија Македонија својот економски раст мора да го базира на извозот, но и на инвестициите. Според неа, потребни се промена во начинот на […]

Конкурс за нов дизајн на еврата! Еве што се бара


Во тек е голем меѓународен конкурс на кој дизајнери од цела ЕУ предлагаат нови визуелни решенија. За новата серија избрани се две главни теми: „Реки и птици“ – мотиви кои ја претставуваат европската природа и нејзината разновидност (извори, водопади, речни делти и птици како рибарка, водомар или сабљарка). На задната страна би биле прикажани европски институции. […]

Европа на воз: Од Берлин до Копенхаген за 4 часа, од Минхен до Рим за 6, од Скопје до Атина за 5 часа


На почетокот на ноември, Европската комисија објави нов сеопфатен транспортен пакет, заедно со акциски план за забрзано развивање на брзата железничка мрежа низ цела Европа. Целта е да се преполови времетраењето на патувањето меѓу големите градови до 2040 г. така што ќе се изградат нови пруги и ќе се обноват постојните за возовите да можат […]

Еве кога ќе се исплаќаат парите од „Мој ДДВ“


Министерството за финансии информира дека гаѓаните кои редовно скенираат фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ повратот на данокот за третиот квартал годинава ќе го добијат на своите трансакциски сметки до крајот на месец ноември, иако дел од корисниците парите ги добија уште во петокот. Станува збор за парите акумулирани од скенираните сметки во периодот јули–септември, […]

Лагард: Еврозоната мора да го намали долгот и да ги зголеми инвестициите


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денес ги повика земјите-членки на еврозоната подобро да го комбинираат намалувањето на долгот со продуктивни инвестиции и да ги пренасочат јавните трошоци кон образование, истражување и продуктивни инвестиции, велејќи дека во спротивно Европа ризикува да се заглави во спирала на фискална стагнација. „Нивото на јавен долг во […]

Просечната плата во септември 45.466 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 отсто, Дејности на здравствена […]

Акумулациите се полнат – нема опасност од излевање


АД ЕСМ ја информира јавноста дека интензивните врнежи кои ја зафатија земјава во изминатите четири дена влијаат на зголемување на нивото на акумулациите кои се користат за производство на електрична енергија, и не постои опасност од нивно преливање. Во сите акумулации нивото на водата расте, но има доволно простор за прифаќање на силните дотеци од […]

Започнува најголемата битка во Холивуд: „Парамаунт“ ги сака сите акции на „Ворнер Брос“, „Нетфликс“ и „Комкаст“


Холивуд влезе во нова фаза што ќе предизвика тектонски промени во индустријата за забава каква што ја знаеме. Три големи медиумски играчи, Paramount, Comcast и Netflix, официјално ги поднесоа своите први понуди за купување на Warner Bros. Discovery, започнувајќи една од најинтензивните трки за преземање на голема медиумска корпорација во последната деценија. Првата рунда понуди, […]