ССМ ги повика сите утре на протест за платите. Секој има право да протестира, вели Мицкоски


  Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги повика сите оние кои не се задоволни од платата да се приклучат на утрешниот протест организиран против незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.  Аргументи има многу, изговори нема, 200 илјади луѓе живеат со плата под 30.000 денари, изјави […]

ЕК најави 171 милион евра за инфраструктурата и бизнисите во Западен Балкан, има и за проекти во Македонија


Европската комисија денеска најави пакет-поддршка од 171 милион евра за поттикнување на развојот на инфраструктурата и растот на приватниот сектор во земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и за подобрување на системот за пренос на електрична енергија и за изградба на енергетски ефикасни образовни објекти во земјава. Новиот пакет за поддршка, како што соопшти ЕК, […]

Решението за превозниците со ЕЕС системот мора да се издејствува  во Брисел, порачуваат од Бест Мобилити – НТА


  Македонската национална транспортна асоцијација „Бест мобилити – НТА“ денеска порача дека блокадите на граничните премини се израз на револт на професионалните возачи и барање да се слушне нивниот глас за еднаков третман со возачите од ЕУ, но оти решението треба да се бара во Брисел.  Предизвиците поврзани со ЕЕС биле примарен фокус на состанокот […]

Кинеската „Анта Спортс“ превзема 29 отсто од „Пума“, ќе плати 1,5 милијарди евра


Кинеската „Анта Спортс Груп“ постигна договор со „Групе Артемис“, инвестициската фирма на француското семејство Пино, за купување на 29,06% од уделот во германскиот бренд за спортска облека „Пума“. „Анта Спортс Груп“, која веќе поседува брендови како што се „Вилсон“ и „Саломон“, во соопштението изјави дека „условно се согласила да купи, а [„Групе Артемис“] условно се […]

„Македонија 2025“ објави повик за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници


Македонија2025 објави повик за Битов – Програмата за претприемачи, која е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization) – канадска организација со 50-годишнo искуство во меѓународниот економски развој, што работи на развој на приватниот сектор, односно бизниси што ќе просперираат на национално и меѓународно ниво. Повикот е наменет за македонски […]

„Гугл“ се спогоди да плати 68 милиони долари поради шпионирање на корисниците


 Корисниците на „Гугл“ поднесоа тужба против компанијата поради тоа што неговиот „Гугл асистент“ (Google Assistant) нелегално ги шпионирал нивните паметни телефони снимајќи и пренесувајќи приватни разговори до огласувачите со цел да им испраќа таргетирани реклами. „Првичната спогодба е поднесена до Федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија, и се чека да биде одобрена од судијката Бет […]

Две бебиња починаа: Популарна храна за бебиња повлечена низ цела Европа


  Некои од најголемите светски производители ја повлекуваат формулата за бебиња од пазарот. По глобалното повлекување на формулата за бебиња од страна на некои од најголемите светски компании, француските власти истражуваат смрт на две бебиња за кои се вели дека консумирале формула на „Нестле“ погодени од повлекувањето поради контаминација со цереулид. Причинско-последична врска сè уште […]

Бошков од Бизнис-конфедерацијата: Нашата економијата не може да си го дозволат бараното покачување на минималната плата


За минималната плата да не се заобиколува Економско-социјалниот совет, а во дијалогот за економската состојба потребни се сите затоа што македонската економија може да функцонира многу добро, порачува претседателот на Бизнис-конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.  Бошков повторува дека за Бизнис-конфедерацијата е прифатливо зголемување на минималната плата во март со усогласувањето со законот и посочува дека […]

„Мајка на сите договори“: Индија и ЕУ се договорија за слободна трговија


  Индија и Европската Унија вчера постигнаа историски договор за слободна трговија, кој индискиот премиер Нарендра Моди го нарече „мајка на сите договори“, зборувајќи на Неделата на енергија во Индија денес. Тоа создава заеднички пазар од две милијарди луѓе во време кога трговските врски се тестираат поради зголемените геополитички тензии, објави Си-Ен-Би-Си. Моди рече дека […]

Минатата година над 5.000 домаќинства инсталирале фотоволтаични системи, за 20 отсто зголемени инвестициите во соларни панели


Чистата енергија не е веќе опција, туку насока. Енергијата што ја користиме денес го обликува општеството во кое ќе живееме утре, порачаа учесниците на денешниот настан „Соларен ден – чиста енергија во пракса“, што се одржа по повод одбележувањето на 26 Јануари – Меѓународниот ден на чиста енергија. Како што беше речено, економскиот раст и […]

Комерцијална банка: Од 1 март онлајн плаќањата ќе се потврдуваат со мТокен


Со цел унапредување на безбедноста на онлајн трансакциите Комерцијална банка од 1 март воведува нов начин на потврда на интернет плаќањата со картичка и на трансакциите преку мБанка, со кој обезбедува уште поголема заштита на паричните средства на клиентите.   Од 1 март, интернет плаќањата со картичка ќе се потврдуваат со единствен безбедносен код генериран преку […]

Сточарите на нови маки – паѓа цената на суровото млеко


  БИТОЛА – Во континуитет паѓа цената на суровото млеко за најмалку еден денар по литар. Известувањето од дел од откупувачите е дека цената дополнително ќе се намали од 1 февруари, а дел од млекарниците тоа го направија и претходно. Ваквата вест ги разгневи сточарите кои поради нередовните субвенции мака мачат да ги одржат фармите. […]

Поскапуваат дизел горивата


ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поскапува за 1,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари по литар. Цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цела на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 67,50 денари, а на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 66,50 […]

Македонија2025 објави повик за 20 стипендии за шестиот Охрид Камп за високотехнолошка извонредност


Македонија2025 информира дека е објавен Отворен повик за доделување на 20 стипендии за шестиот по ред Охрид Камп за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи во периодот од 05 до 11 јули 2026 година во Охрид. Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност е еднонеделна едукативна програма по кодирање, роботика и инженерско размислување, наменета за деца на […]

Jавен повик до основните и средните училишта за „Eвропски квиз на пари 2026“


Македонската банкарска асоцијација (МБА) во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност објави повик до основните и средните училишта во државава за учество на меѓународниот натпревар „Европски квиз на парите“ – проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.  Европскиот квиз […]

Златото ја проби границата од 5.000 долари за унца


Цената на златото денеска првпат во историјата се проби над нивото од 5.000 долари за унца, со што го продолжи својот тренд на раст, бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии. Растечката тензија меѓу САД и Европската Унија за Гренланд предизвика неизвесност на светските финансиски пазари минатата недела, па цената на […]

Стопанска комора: Блокадите на граничните премини не може да бидат решение


Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез на граничните премини согласно EES системот) треба исклучиво да се бара преку институциите, а не со блокади на граничните премини, за да не се случи колапс на целата економија во државата и регионот на Западен […]

ЕУ е во трговски проблеми по неуспехот на договорот со Меркосур


На крајот на 2025 година, Урсула фон дер Лајен имаше причина да се надева на трговски договор со Соединетите Држави, договор со Латинска Америка и да се постигне договор со Индија. Сепак, за само неколку дена, Доналд Трамп стана непријателски настроен, преговорите со Индија се одолговлекуваа, а минатата недела Европскиот парламент го поткопа долгоочекуваниот трговски […]

Основачот на „Енка“ Шарик Тара е роден во Скопје – бил дрчен човек


Шарик Тара беше еден од најбогатите Бошњаци на сите времиња: „дрчен“ човек кој зад себе остави градежна империја, пишува сараевски „Кликс“. Шарик Тара дојде во Босна и Херцеговина неколку години по војната и им кажа на властите во БиХ дека сака да го изгради автопатот Коридор 5Ц со Американците, тврди поранешниот градоначалник на Мостар, Сафет […]

Трендафилов до граѓаните: Кој ќе протестира за твојата плата ако не ти?!


Првиот синдикалец во државата, Слободан Трендафилов преку отворено писмо до граѓаните, порача дека најавениот протест на 28-ми јануари не е за „ако имаш време“ па ќе дојдеш, не е ниту за ,,чекај сега, кај најдоа да протестираат во 17 ч., ќе биде темно и ладно, може и ќе врне, може друг ќе протестира па ќе […]