Донесен правилник за изработка на општински енергетски план


 Во Службен весник е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинскиот енергетски план, со кој за првпат се воспоставува јасен, структуриран и контролиран систем за планирање на енергетските инвестиции на локално и национално ниво, со што се става крај на ад-хок пристапот и се воведува ред, предвидливост и рамномерност во развојот […]

Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика


 Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи, е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател, Марко Бислимоски.  Ристов денеска со седум гласа „за“, два против и ниеден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската […]

Пред два и пол месеци литар дизел чинеше 65 денари, а сега 92 денари


  За само два ипол месеци најупотребуваното гориво за автомобили кај нас, Еуродизелот, поскапе за над 40 отсто или за дури 27,5 денари. Слично е и со бензините, иако таму, поради традиционалната повисока цена од дизелот, поскапувањето е 16,5 денари, или околу 23 отсто. До каде ќе оди зголемувањето на цените, тоа никој во моментов […]

Помало ДДВ, намалување на акцизите… СДСМ ќе предложи пакет закони за справување со кризата


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес конференција најави дека пратеничката група на СДСМ ќе предложии пакет закони со кои ќе им се помогне на граѓаните полесно да се справат со последиците од постојната економска криза предизвикана од зголемените цени на горивата. Предлозите се состојат во намалување на ДДВ за горивата, потоа налаување на […]

Од денеска летови од Охрид до Братислава, до крајот на месецот и до Милано


Граѓаните од денеска може да летаат директно од аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид до Братислава, а веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано, информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.  Како што истакнува во објава на „Фејсбук“, овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе […]

Ормутскиот теснец е најскапиот воден пат: осигурителните премии скокнаа повеќекратно


Војната во Иран го претвори теснецот во зона со висок ризик. Танкерите и бродовите често се неактивни поради ракетни напади, закани од мини и поморски распоредувања. „Она што некогаш беше чувствителна средина сега е трајно непријателска зона. Одржливоста на патувањето, прифаќањето на осигурителите и тактичките услови во реално време се главните предизвици“, вели Марко Форџоне, […]

Завршија попустите: Цената на руската нафта во Индија стигна до 100 долари


  Војната во Иран и олеснувањето на американските санкции станаа „златен рудник“ за руските нафтени компании. Цената на руската нафта „Урал“ во индиските пристаништа во петокот, 13 март, достигна рекордни 98,93 долари за барел, објави Блумберг, повикувајќи се на податоци од „Аргус“. Од 27 февруари, кога САД и Израел ја започнаа првата серија напади на […]

Европа ослободува десетици милиони барели нафта од резервите за да го смири пазарот


Европа ќе ослободи 73 милиони барели нафтени производи и околу 35 милиони барели сурова нафта од своите резерви на пазарот од крајот на март, според податоците од Меѓународната агенција за енергија (IEA). Европските влади ќе ослободат 32,7 милиони барели од стратешките резерви, а компаниите 74,7 милиони барели нафта и нафтени производи, објави IEA во неделата. […]

„Макпетрол“ сè уште нема добиено официјално известување за намалување на набавната цена од добавувачот


И покрај тоа што во јавноста се појавија информации дека набавната цена на дизелот ќе биде намалена, до „Макпетрол“ од страна на ОКТА до денес не е пристигнато официјално известување врз основа на која што би се промениле договорните услови помеѓу двете компании. Наместо тоа, од страна на добавувачот и понатаму се испраќаат фактури во […]

Војната на Блискиот Исток го загрозува снабдувањето со ѓубрива, производството на храна е во опасност


Војната на Блискиот Исток го наруши снабдувањето со енергија од земјите што граничат со Персискиот Залив, засенувајќи ја заканата за снабдувањето со храна поради прекин на пратките со ѓубрива, предупредуваат експертите и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Пред војната, повеќе од 30 проценти од светските пратки со уреа и околу 20 проценти од пратките со […]

Гувернерот Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – финансиската едукација мора да биде дел од образованието


„Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги, поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот процес“, истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на настан посветен на финансиската едукација во образованието, организиран по повод 15 март – Меѓународниот ден за правата на потрошувачите, од страна на Бирото за развој на […]

Ново големо поскапување на горивата. Дизелот стигна до 92 денари


  Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 7,00 ден/лит,  цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 6,50 ден/лит, а цената на мазутот М-1 НС, се зголемува за 4,867 ден/кг. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување […]

Двајца кандидати за наследник на Бислимоски на чело на РКЕ


Двајца кандидати се пријавиле на јавниот оглас за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).  Според информациите на МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, вработен во РКЕ.    Комисијата за прашања на изборите и именувањата […]

УниКредит поднесе понуда од 35 милијарди евра за преземање на Комерцбанк


Италијанската УниКредит банка, сака да ја купи германската Комерцбанк и достави формална понуда за преземање до акционерите на втората по големина приватна банка во Германија, објави седиштето на УниКредит во Милано. Целта на понудата е да се надмине прагот од 30 проценти сопственост пропишан со германскиот закон за преземање и да се започне конструктивен дијалог […]

Нафтените гиганти го предупредуваат Трамп: „Кризата ќе ескалира. Постои само едно решение“


Лидерите на водечките американски нафтени компании ја предупредија администрацијата на Доналд Трамп дека енергетската криза, поттикната од војната во Иран, веројатно ќе се влоши. Главната причина за загриженост се прекините во протокот на нафта низ Ормутскиот теснец, што може да предизвика долгорочна нестабилност на глобалните енергетски пазари, пишува „Волстрит џурнал“. На состаноците со претставници на […]

Бразил воведува царини за извоз на нафта и дизел


Бразилската влада воведе царини за извоз на нафта и дизел со цел да се обезбеди снабдување и да се намалат трошоците на земјоделците во услови на зголемување на цените на енергијата на светските пазари. Кабинетот на претседателот Луиз Инасио Лула да Силва се обидува да го ублажи влијанието на неодамнешното зголемување на цените на нафтата […]

Долгот кон домашните кредитори достигна 4,3 милијарди еврa, за една година зголемен за половина милијарда


Приватните пензиски фондови, осигурителните компании и банкарите – остануваат најголеми финансиери на државата. Заемите што и ги дале на Владата по основ на државни хартии од вредност се “бројат“ во неколку милијарди евра. На крајот на февруари годинава долгот на државата по основ на државни хартии од вредност изнесувал 4.310.000.000 евра, со тенденција на континуиран […]

Цената на нафтата достигна речиси 105 долари за барел


Вашингтон – Суровата нафта Брент денеска достигна цена од речиси 105 долари за барел, што е пораст од повеќе од 40 отсто од почетокот на војната во Иран.  Цената на барел Брент, кој важи за меѓународен стандард, порасна за 1,6 отсто и денеска изнесува 104,73 долари, пренесуваат светските агенции. Американската референтна сурова нафта порасна за […]

Министрите на ЕУ ги разгледуваат вртоглаво високите цени на енергијата додека војната во Иран продолжува


Министрите за енергија на Европската унија треба да ги разгледаат последиците од конфликтот на Блискиот Исток додека потрошувачите и бизнисите во блокот се соочуваат со зголемени цени на енергијата, пренесе ДПА. Само во првите 10 дена од војната, цените на гасот во ЕУ се зголемија за 50 проценти, а цените на нафтата за 27 отсто, […]

Германската влада им објавува војна на бензинските пумпи


Новото германско законодавство наметнува строги ограничувања на трговците со нафта и го префрла товарот на докажување при зголемување на цените, но конзервативните германски експерти предупредуваат на стапици. Во обид да ги заштити потрошувачите од ненадејни флуктуации на цените на горивата, германската влада подготви нацрт-закон со кој драстично се ограничува слободата на бензинските пумпи да ги […]