Електрични такси возила во Солун


Такси компанија „Таксивеј“ од Солун, во соработка со Институтот за одржлива мобилност и транспорт, планира во текот на 2019 година да почне да користи електрични такси возила. Засега главен предизвик за воведувањето на електричен такси превоз во Солун е изградбата на постројки за брзо полнење на возилата, кои ќе мора да бидат наполнети најмалку еднаш […]

Албанија внимателно следи се околу дијалогот Косово-Србија, ветува помош


Албанија внимателно следи се што е во врска со дијалогот Белград-Приштина, рече денеска претседателот Илир Мета. Toj додаде дека официјалната Тирана е подготвена да му помогне на Косово, како што најави, во сите фази од процесот. Мета го нагласи тоа по разговорите со претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели и истакна дека Косово мора да […]

Косово доби поддршка од Емиратите за зачленување во Интерпол


Министерството за внатрешни работи (МВР) на Косово соопшти попладнево дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе ја поддржат косовската полиција во нејзината намера за зачленување во светската полициска организација Интерпол. Делегација на косовското МВР, предводена од заменикот министер Селами Шкодра, престојува во официјална посета на ОАЕ, во пресрет на годишната сесија на Генералното собрание на Интерпол, […]

„Политика“: Укринското прашање се надвива и над СПЦ за Македонија


Српските цркви во Македонија и во Црна Гора потенцираат дека давањето автокефалност на овие две земји без согласност на Српската православна црква (СПЦ) би бил опасен преседан, но истовремено тие веруваат дека до тоа нема да дојде, пишува денешна белградска „Политика“, пренесувајќи го ставот на Јован Вранишковски од ПОА на СПЦ. Весникот во анализата на […]

Гркинка уапсена на граница во обид да пренесе бебе скриено во торба


За да избегне затворска казна за кражба, 30-годишна Гркинка побегнала во Македонија, каде што се породила, а во понеделникот се обидела на преминот Евзони на грчката страна од границата да ја избегне пасошката контрола и од Македонија во Грција да го внесе нејзиното двомесечно бебе скриено во патничка торба, по што била уапсена, објави грчката […]

Јункер: ЕУ да дефинира „неотповиклив“ став за проширувањето кон Балканот


Во своето годишно обраќање пред Европскиот Парламент за „Состојбата на ЕУ“, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, предупреди на надворешните влијанија на Балканот. – Мораме да го дефинираме на неотповиклив начин нашиот однос кон зачленувањето на земјите од Западниот Валкан, во спротивно други ќе го обликуваат нашето непосредно соседство, изјави Јункер во својот говор. Јункер […]

Се зголеми бројот на жртви од катастрофалните пожари во Атика


Бројот на загинати во катастрофалните пожари од 23 јули во источниот дел на областа Атика се искачи на 99, откако 26-годишна девојка им подлегна на здобиените повреди во една од атинските болници. Како што јави дописничката на МИА од Атина, од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека од 99-те жртви, 83 ги загубија животите во […]

Каменос: Без разлика на исходот од референдумот, последниот збор ќе го има грчкиот народ


Каков и да е исходот од референдумот, последниот збор за Договорот од Преспа ќе го има грчкиот народ или на референдум или на избори, рече коалициониот партнер во грчката влада Панос Каменос, уште еднаш повторувајќи ги неговите позиции, но и откривајќи ги следните негови чекори откако Македонија би ги завршила предвидените обврски. – Мојот прв […]

Харадинај: Корекција на границите е опасен експеримент


Премиерот на Косово Рамуш Харадинај денеска изјави дека корекцијата на границите е опасен експеримент и со тие иницијативи мора да се биде многу внимателен. –  Играта со границите и територии е опасен експеримент и ги повикувам сите да бидат внимателни. Секогаш кога ќе започне темата за границата, нема гаранција како тоа ќе заврши, и по […]

Скат: Договор за Косово се уште е можен


Договор за Косово се уште е можен, оцени американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скат и истакна дека за негова имплементација би била важна поддршката од САД, Германија и Русија. – Мислам дека се уште е можен договор за Косово и се надевам дека лидерите во регионот ќе продолжат понатаму, бидејќи имаме можност да изградиме регион […]

Ципрас не одговори за националноста и јазикот во Договорот за името


Грчкиот премиер Алексис Ципрас во дебатата со европратениците не одговори директно на прашањето на грчкиот европратеник од Нова Демократија, Манолис Кефалојанис, за тоа како ќе се нарекува јазикот и националноста на Македонија ако биде усвоен Преспанскиот Договор. – Се надевам дека сѐ ќе оди по план и дека за неколку месеци земјата ќе го смени […]

Александар Чепурин: Косово да се врати на Србија


Амбасадорот на Русија во Србија Александар Чепурин, изјави дека Косово е српска земја, лулка на Србија и нејзиното свето место и дека треба да се врати во правната и државната смисла на Србија во согласност со меѓународното право. Во интервју за списанието на Московскиот државен институт за меѓународни односи на руското Министерство за надворешни работи, […]

Претставници на Албанците од три српски општини побараа обединување со Косово


Претставници на етничките Албанци кои живеат во јужните српски општини Прешево, Бујановац и Медвеѓа денеска упатија повик за обединување со Косово. Градоначалникот на општина Прешево Шќиприм Арифи тоа барање го изнесе на средба со косовскиот претседател Хашим Тачи, кој неодамна, заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ, го отвори прашањето за менување на границите меѓу Србија […]

Спираки: Ципрас да распише избори за граѓаните да го поништат Договорот од Преспа


За економијата, но и за Договорот од Преспа, од опозициската Нова демократија, упатуваат критики до Владата, во реакцијата за активностите на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Меѓународниот саем во Солун. Портпаролката на најголемата грчка опозициска партија и европратеничка, Мариа Спираки, го повика Ципрас да распише избори „за народот да го поништи договорот“. – Во однос […]

Тачи би сакал да ја посети Прешевска долина, пречка српска судска одлука


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека би сакал да ја посети Прешевската долина, но дека постојат пречки поради пресудата на српските власти. Тачи така одговори на пишувањето на некои медиуми дека в среда планирал да ги посети општините на југот на Србија, каде што живеат Албанците, објавија белградски медиуми. – Би сакал, со најдобри желби, […]

Американскиот сенатор Рон Џонсон во посета на Приштина и Белград


Американскиот сенатор Рон Џонсон изјави дека САД ги поддржуваат „сите напори за стабилен мир во регионот“. Тој ова го изјави за време на синоќешната средба во Приштин со косовскиот претседател Хашим Тачи, со кој разговараше и за дијалогот и јакнењето на мирот во регионот. Како што е објаено на интернет страницата на косовскиот претседател, Тачи […]

Весели: Вучиќ покажа дека е ист како Милошевиќ


Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели вели дека претседателот на Србија Александар Вучиќ, со неговата посета на Косово, потврди дека српските лидери продолжуваат по стапките на Слободан Милошевиќ и дека во Косово не дошол за да ги штити локалните Срби, туку за да се промовира себе си.Весели во коментар по повод дводневната посета на […]

Ципрас посакува Заев да го добие референдумот


Солун –– На 30 септември има референдум во Скопје. Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев ќе го добие. Имаме пред нас многу важен и од историско значење договор, кој ако се ратификува на референдумот во соседната земја и ако се заврши уставната реформа ќе донесе единствена можност за земјата, рече грчкиот премиер […]

Вучиќ: Не сме блиску до решение за Косово и не сум оптимист


Српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор во Косовска Митровица пред косовските Срби изјави дека Србија нема никакво предлог-решение во Брисел и дека е далеку од постигнување на било какво решение. Тој додаде дека мора да се бара решение и не е оптимист по тоа прашање. Својот говор го започна со извинување бидејќи поради „блокадите […]

ЕУ изрази жалење поради спречувањето на Вучиќ да го посети селото Бање


Шефицата на Канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Приштина Наталија Апостолова изјави дека ЕУ жали поради тоа што на српскиот претседател Александар Вучиќ не му беше дозволено да го посети селото Бање кај Скендерај (Србица), јави дописникот на МИА од Приштина. Апостолова во изјава за „Коха Диторе“ рече дека ѝ е жал поради блокадите поставени […]