Оставка на потпретседателот на грчкиот Парламент Димитрис Каменос


Откако ја поддржа иницијативата на опозициската Нова демократија за гласање недоверба на Владата на Грција, по што беше и исклучлен од неговата партија Независни Грци, потпретседателот на грчкиот Парламент, Димитрис Каменос денеска поднесе оставка од функцијата. Каменос за одлуката со писмо го известил претседателот на Парламентот, Никос Вуцис, во кое ги објаснува причините за оставката. – […]

Борис Џонсон поднесе оставка како шеф на дипломатијата


Борис Џонсон поднесе оставка на местото министер за надворешни работи на Велика Британија, со што стана трет министер во владата на Тереза Меј кој си заминува во последниве 24 часа. Владата е длабоко поделена од компромисот што беше постигнат изминатиот викенд околу договорот за „Брегзит“ со ЕУ. Џонсон, кој беше еден од најогнените поддржувачи на […]

Сараево: Повлечени кинески играчки кои се хемиски ризични


Шест видови производи се повлечени од пазарот во Босна и Херцеговина изминатиот месец, за кои е утврдено дека нивното користење е ризично. Од нив, пет се наменети за деца. Според Агенцијата за надзор на пазарот во БиХ, повлечени се четири модели играчки увезени од Кина, за кои е утврдено дека се хемиски ризични, бидејќи содржат […]

Мирни протести во Солун и на Крит против Договорот од Преспа


Мирни протести против Договорот од Преспа и против владата, синоќа се одржаа во Солун и во градовите Хања и Ираклио на грчкиот остров Крит. Над 500 лица, според локалните медиуми, протестираа вчера во центарот на Солун против Договорот од Преспа.  Со транспарент и порака „Ципрас, предавнику, дај си оставка“, со слогани против владата и дека […]

Уапсени албански цариници оти овозможиле шверц на грав од Македонија


Албанската полиција уапси двајца цариници вработени на граничниот премин Горица на албанско-македонската граница кај Стење, под обвинение дека овозможиле шверц на грав од Македонија. – Поради злоупотреба на службената положба за лична корист, уапсени се цариниците од граничниот премин Горица, Гентиан Кецо (34) од Бабан кај Девол и Хектор Марино (39) од Корча. Уапсен е […]

На атинскиот аеродром уапсена жена која пренесувала кокаин во стомакот


Дваесет и четиригодишна жена, идентификувана како државјанка на Перу, е уапсена на атинскиот меѓународен аеродром под обвинение за шверц со дрога, откако пристигнала во Атина на лет од бразилскиот град Сао Паоло преку Цирих, објави електронското издание на весникот „Катимерини“. Осомничената била запрена и испрашувана за време на полициска проверка, а инспекторите откриле дека таа проголтала […]

Поранешен градоначалник на Солун осуден за перење пари


Поранешниот градоначалник на вториот по големина грчки град, Солун, Василис Папајоргопулос, денеска беше осуден на осум години затвор за перење пари во врска со незаконско присвојување на општинските фондови. Денешната одлука е втора пресуда за Папајоргопулос, поранешен шампион во спринт, кој беше градоначалник на Солун од 1999 до 2010 година. Папајоргопулос претходно доби 12 години затвор за […]

Саудиска Арабија најголем купувач на оружје од балканските земји


Албанија и Србија се рекордери меѓу земјите од балканскиот регион во продажба на оружје и муниција, а нивни најголем купувач е Саудиска Арабија, се наведува во извештај на Организацијата за контрола на малокалибарското и лесно оружје во Југоистична и Источна Европа (СЕЕСАЦ) за 2016 година. Во документот се посочува дека во 2016 година Албанија, Србија, […]

Харадинај до Тачи: Ќе бидеш разрешен ако го прекршиш Уставот


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска посредно го предупреди претседателот Хашим Тачи дека може да биде разрешен од функцијата, доколку во преговорите со Србија го прекрши Уставот на Косово. Изјавата на Харадинај беше одговор на новинарско прашање за „црвените линии“ во преговорите на Приштина со Белград, за кои Тачи пред неколку дена рече дека такви линии […]

„Сомнителен пакет“ со материјал за грчка Македонија пронајден пред судовите во Атина


Ќесе со кабли, весник, грчко знаме и знаме со сонцето од Вергина, постер од Белата кула во Солун и слоган за Македонија, всушност бил сомнителниот пакет што утрово ја принуди грчката полиција да интервенира, објавија грчките медиуми. Едно или повеќе непознати лица, на влезот на комплексот судови во центарот на Атина оставиле ќесе, за чија […]

(ВИДЕО) Силно невреме ги погоди Хрватска, Словенија и Италија


Невреме погоди делови на Хрватска, Словенија и Италија во доцните попладневни часови, а се очекува временските неприлики да се интензивираат во текот на ноќта. Силното невреме во попладневните часови зафати делови од северозападна Хрватска, вклучувајќи го и подрачјето на Загреб. Бурата зафати делови од Словенија, по должината на границата со Хрватска, како и делови на […]

Дачиќ: Уште една земја го повлече признавањето на Косово


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска покажа официјална нота на Папуа Нова Гвинеја – шеста земја, која го повлече признавањето на Косово. Дачиќ на прес-конференција по повод една година од Владата, рече дека шестте земји, кои го повлекоа признавањето на Косово имаат вкупна површина од 800 000 квадратни километри, што е десет пати […]

Рама му возврати на Лу: Апсењето на „балканскиот Ескобар“ неопходно, но не е и лесно


Албанскиот премиер Еди Рама денеска експресно возврати на критиките на американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу околу неуспехот на албанската полиција во апсењето на „балканскиот Ескобар“, Клеменд Балили. Рама оцени дека знае оти апсењето на ова лице од светот на криминалот е неопходност, но оти тоа не е лесно. -Ја разбирам загриженоста што ја нагласи […]

Вучиќ: Договорот меѓу Скопје и Атина е добра вест за целиот регион


Српскиот претседател Александара Вучиќ на прес конференцијата по состанокот на „Балканската четворка“ во Солун со премиерите на Грција, Бугарија и Романија изјави дека во услови кога ЕУ не делува секогаш единствено, овие четири земји делуваат единствено и ги решаваат проблемите на овој дел од Балканот. Во тој контекст тој се осврна и на договорот за […]

Во Албанија од денес забрана за пластичните кеси под 30 микрони


Стапи во сила одлуката на албанската влада за забрана на производство,трговија и употреба на пластични кеси послаби од 30 микрони. – Од денеска е забрането рециклирање и користење на пластични кеси под 30 микрони. Отсега овој производ се смета за незаконски на територијата на Албанија. Затоа, во спроведувањето на оваа одлука, која e во рамките […]

Пожарникари се борат со пожар на Крит


Пожарникари на Крит се борат со огромен пожар, обидувајќи се да го спречат да не стигне до блиската населба, јавува грчкиот весник „Екатимерини”. Во моментов има 14 противпожарни камиони и 30 пожарникари на теренот, како и противпожарен хеликоптер. Локалните власти испратија волонтери за да помогнат во гаснењето на пожарот, а на располагање ги дадоа и […]

Анкета: Мнозинството Косовци очекуваат Србија да го признае Косово


Мнозинството косовски граѓани очекуваат преговорите меѓу Приштина и Белград, што се водат со посредство на Европската унија, да завршат со признавање на независноста на Косово од страна на Србија, покажуваат резултатите од истражувањето на приштинскиот Демократски институт на Косово (КДИ) во врска со очекувањата на Косовците од дијалогот. Таков исход очекуваат 61 отсто од анкетиираните, […]

За еден час во Албанија почувствувани 46 потреси


Серија земјотреси ја погодија денеска Албанија, при што предизвикаа материјална штета и паника меѓу населението. Според Рапо Ормени од Сеизмолошкиот институт во Тирана по првиот потрес почувствуван во 11:02 часот, па се до 12 часот, почуствувани се 46 потреси со различна јачина. – Првиот потрес беше со јачина од 5,2 степени според Рихтер на 31 […]

Грчките власти открија најголема плантажа за канабис во историјата на земјата


Грчките власти соопштија дека ја откриле најголемата нелегална плантажа со канабис во земјата во градот Кардица, објави „Катимерини“. Во полициската акција бил уапсен 44-годишен маж, а обвинение е покренато и против негов 24-годишен соучесник. Полицијата од плантажата искорнала и запленила 10.500 стебла канабис со висина од 0,3 до 1,7 метри.

Каменос: Нема да дозволам договорот да помине во Парламентот со 151 пратеник


Оваа влада има рок на траење до септември 2019, рече грчкиот министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, повторувајќи ја неговата позиција дека нема да дозволи Договорот да помине во грчкиот Парламент со 151 глас. Тој уште еднаш истакна дека за решението со Македонија потребно е зголемено парламентарно мнозинство од 180 пратеници, […]