Рама: Србија да сфати дека иднината не се гради со ножеви од зад грб


Премиерот на Албанија Еди Рама по денешната заедничка седница на неговата и косовскaта влада во Пеќ, изјави дека таксата што Косово ја воведе за стоките од Србија е оправдана и го повика Белград „да застане со нозете на земја и да престане да му зарива на Косово ножеви од зад грб. Рама нагласи дека продлабочувањето […]

„Катимерини“: Сценарија за избори во март следната година


Односите на Владата со црквата, позитивните мерки и финансиските придобивки за граѓаните, кризата меѓу Европската комисија и Италија, но и Договорот од Преспа, според грчкиот весник „Катимерини“ се прашањата кои што водат до сплет на околности и ја оставаат отворена можноста во Грција да се одржат предвремени парламентарни избори во март следната година, јави дописничката […]

Во Пеќ се протестира за бегството на Груевски


Членови на семејствата на осудените за настаните во Куманово во мај 2015 година протестираат утрово во Пеќ со барање за нивно ослободување и со обвинувања на поранешниот македонски премиер Никола Груевски за споменатите настани, јави дописникот на МИА од Приштина. Протестот се одржува пред хотелот „Дукаѓини“, каде што се одржува заедничката седница на Владите на […]

Грчки европратеник бара одговори од Могерини за азилот на Груевски


Дали ќе се побараат одговори од Унгарија за дадениот азил на Груевски, а доколку ставот на Будимпешта покренува прашања, кои чекори ќе се преземат за земја членка на унијата да не го попречува функционирањето на правдата во земја кандидат, се прашањата кои европратеникот од СИРИЗА, Стелиос Кулоглу ги достави до високата претставничка на ЕУ за […]

Високи српски функционери ќе бидат уапсени ако отидат во Косово


Пред воведување на драконските такси со што фактички го забранија влезот на српски производи на територијата на Косово, приштинските власти на 1 ноември донеле одлука на највисоките функционери од Белград да не им дозволат влез во Косово, пишува весникот „Новости“. Според сознанија на весникот, списокот со непосакувани личности е доставен до сите полициски пунктови на […]

Баша: Рама апси деца додека криминалот ја убива Албанија


Тирана – Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша го обвини премиерот Еди Рама дека „апси деца, додека криминалот ја убива Албанија“. -Кога целата држава и полиција се нафрлени да ги истераат жителите од нивните домови за изградба на нова обиколница во Тирана и да украдат 40 милиони евра за Рама, со албанските градови […]

Тргнаа сообраќајот на две делници од Коридорот 10


Делниците од автопатот на Коридорот 10 кон македонската граница, Долни Нерадовац – Српска куќа и Српска куќа – Левосоје, се пуштени во сообраќај, соопшти Јавното претпријатие „Патишта Србија“. Како што јави дописникот на МИА од Белград, овие две делници со придружните петљи Бујановац 1 и Бујановац 2 се отворени за сообраќај во петокот. Во сообраќај, […]

Заев му нудел на Јовановиќ место во советничкиот тим


Премиерот Зоран Заев му нудел место во својот советнилки тим на лидерот на опозициската ЛДП во Србија, Чедомир Јовановиќ. Како што објавува белградски „Блиц“, на Јовановиќ му било понуден да биде советник за регионална соработка и за европски интеграции. Како што пишува „Блиц“, повеќегодишните добри релации меѓу Заев и Јовановиќ биле интензивирани за време на […]

Предлог од Виена за мировна конференција за косовското прашање


Виена – Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе смета дека официјална Виена треба да предложи организирање мировна конференција за решавање на косовското прашање и повторно ја поддржа идејата за размена на територии. На синоќешната средба со претставници на српската заедница во Австрија, Штрахе оцени дека косовското прашање мора да се реши бидејќи ги спречува и Белград и […]

Вучиќ: Нема дијалог со Косово, додека не се укинат варварските такси кон Србија


Одлуката на Приштина за воведување на такси со кои се оневозможува трговијата со Косово, за Србија претставува најзначаен обид за дестабилизација до денес и затоа денеска се договаравме и координиравме како да им помогнеме на нашите луѓе на Косово,изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ во вонредното обраќање на јавноста на РТС, по состанокот со целиот […]

Симиќ: Kосовските Срби немаат леб да јадат


Потпретседателот на партијата на косовските Срби, Српска листа, Игор Симиќ порача на денешниот протестен собир во северна Митровица по повод таксата од 100 отсто што Владата во Приштина ја воведе на производите од Србија, дека не може да се говори за мир и безбедност во земјата кога Србите немаат леб да јадат, јави дописникот на МИА. – […]

КФОР: Немаме што да му одговараме на Вучиќ за полициската акција во северно Косово


Портпаролот на меѓународните сили во Косово, КФОР, Винченцо Грасо, повтори вечерва дека косовската полиција во северна Мотровица изведе акција за апсење на осомничени за убиството, извршено во јануари годинава, на лидерот на косовските Срби Оливер Ивановиќ и дека нема што друго да му одговори на српскиот претседател Александар Вучиќ. Косовските медиуми ја објавија изјава на […]

Србија: Претепан Борко Стефановиќ, еден од лидерите на опозицијата


Во Крушевац вечерва во пресрет на одржување на трибината на опозицискиот Сојуз за Србија, брутално беше претепан Борко Стефановиќ, претседател на партијата Левица на Србија и еден од основачите на Сојузот за Србија. Претепани се и активистите на оваа партија Бобан Јовановиќ и Марко Мандиќ, соопштија од Сојузот за Србија. Поради сериозноста на повредите на […]

Скандал поради српско знаме во Претседателството на БиХ, Комшиќ ќе го пријави Додик


Хрватскиот и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Желко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, денеска најавија дека ќе го пријават својот српски колега, Милорад Додик,  кој во државните канцеларии на врвот внесе знаме на Република Српска (РС), со што го прекршил законот. Додик претходно влезе во свечената сала на Претседателството, во која ги прими акредитивите на […]

НВО до Могерини: Воздржете се од залагање за етничка размена на територии меѓу Косово и Србија


Повеќе десетина косовски невладини организации упатија отворено писмо на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, од која бараат да се „воздржи од натамошно залагање за етничка размена на териториите меѓу Косово и Србија“. НВО од Могерини бараат и да ги преиспита напорите, кои ги вложува со цел нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, а […]

Во центарот на Приштина поставени билборди со благодарност до Харадинај


Во центарот на Приштина поставени се билборди со благодарност за премиерот Рамуш Харадинај поради неговата одлука да воведе такси од 100 отсто на стоката која се убезува од Србија и БиХ во Косово. На билбордите, за кои не се знае кој ги поставил, пишува „Денес сме 100 отсто држава – благодариме премиеру“, пренесува Коха.нет.

Телефонски разговор на Вучиќ и Хан за ситуацијата во Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска имаше телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за ситуацијата во Косово. Тие се согласиле дека треба да бидат сочувани мирот и стабилноста. Вучиќ оцени дека Србија секогаш се однесува сериозно и одговорно, посочувајќи ги провокациите од Приштина како закана за безбедноста на Србите во Косово. Како што соопшти […]

Коцијанчиќ: ЕУ внимателно го следи развојот на ситуацијата во Косово


Европската унија внимателно го следи денешниот развој на ситуацијата во Косово и е во постојан контакт со различни страни, изјави Маја Коцијанчиќ, портпарол на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини. – Сите одговорни институции во Косово мора во целост да се придржуваат до владеењето на правото, порача Коцијанчиќ. Повторувајќи ја […]

Црна Гора: Обвинета за „државниот удар“ од судот побегнала во српката амбасада


Откако Вишиот суд во Подгорица донесе решение за притвор на Бранка Милиќ, обвинета за обид за тероризам за време на парламентарните избори во Црна Гора на 16 октомври 2016 година, таа ја напушти судската зграда и избега во српската амбасада. Судот и одреди мерка притвор поради опасноста од бегство, бидејќи на судењето изјави дека повеќе […]

Харадинај: Таксата нема да се укине!


Косовскиот премиер Рамуш Харадина, по денешната средба со амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, изјави дека таксата што неговата Влада ја воведе за производите од Србија и Босна и Херцеговина нема да се укине и нагласи дека прехранбените продукти се загарантирани за сите во земјата. Харадинај ги информирал амбасадорите од […]