Македонец уапсен во Врање, шверцувал „апаурини“


Македонски државјанин е уапсен во Врање поради шверц со лекови за смирување. Според српските медиуми, возачот на автобусот од Скопје се обидел да пренесе 100 кутии „апаурин“, 257 кутии „лексилиум“ од три милиграми и 203 кутии „лексилиум“ од шест милиграми. Станува збор за лекови за смирување и несоница. Случајот е во рацете на Обвинителството во …

Македонец уапсен во Врање, шверцувал „апаурини“ Read More »

Во Албанија се зголемува бројот и на возрасни заразени од морбили


Во Албанија, епидемијата на мали спаници добива пошироки размери. Освен деца на возраст до една година,кои поради возраста не се вакцинирани, се зголемува бројот на возрасни погодени од овој вирус. Во Инфективната клиника во Тирана потврдуваат дека секојдневно, во просек, се јавуваат по седум случаи со симптоми на морбили,при што дел од нив се позитивни. …

Во Албанија се зголемува бројот и на возрасни заразени од морбили Read More »

Тилерсон: Мојата функција ќе заврши на полноќ на 31 март


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави денеска дека ќе ги пренесе своите обврски до крајот на работниот ден на својот заменик Џон Саливан. Во обраќањето пред јавноста, Тилерсон рече дека официјално ќе замине од функцијата до крајот на овој месец. – Мојата функција како државен секретар на САД ќе заврши на полноќ на 31 март. …

Тилерсон: Мојата функција ќе заврши на полноќ на 31 март Read More »

Тепачка во турскиот парламент по усвојување измени на изборникот закон (ВИДЕО)


Тепачка во турскиот парламент се случи денеска меѓу пратеници од власта и опозицијата, веднаш по изгласувањето на измените во Изборниот закон, за кои опозицијата тврди дека ќе доведат до изборни измами. По усвојувањето на измените во Изборниот закон, почна расправија меѓу националистичките пратеници и опозицијата. Неколкумина пратеници се степаа, јавуваат турски медиуми. Инаку, турскиот парламент …

Тепачка во турскиот парламент по усвојување измени на изборникот закон (ВИДЕО) Read More »

Драматично во Хрватска Костајница, урнати десетина куќи поради лизгање земјиште и поплави


Водостојот на карловачкото подрачје и во Хрватска Костајница и понатаму расте, јавуваат хрватски медиуми. Во Хрватска Костајница и во Јасеновац е прогласена вонредна состојба. – Ситуацијата во Хрватска Костајница е драматична. Подземните води пробиле во зградата на судот од каде се испумпува вода, а лоша вест е и што во еден момент почнало да врне …

Драматично во Хрватска Костајница, урнати десетина куќи поради лизгање земјиште и поплави Read More »

Клинтон: САД не заслужуваат претседател како Доналд Трамп


Хилари Клинтон изјави дека САД не заслужуваат претседател како Доналд Трамп и го нарече неговиот мандат „опасни времиња“. Клинтон, која беше кандидат на демократите за претседател на САД во 2016 година, го изјави тоа на конференција во индискиот град Мумбај. Таа рече дека претседателот републиканец има „голем афинитет кон диктаторите“. Според неа, Трамп „навистина ги …

Клинтон: САД не заслужуваат претседател како Доналд Трамп Read More »

Трамп: Звучи како Русите да се виновни за труењето на агентот


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „звучи“ како Русија да е одговорна за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Британија додавајќи дека за тоа ќе разговара со британската премиерка Тереза Меј. – Звучи како да веруваат оти Русија е одговорна и секако тие наводи ќе ги сфатам како факт. САД …

Трамп: Звучи како Русите да се виновни за труењето на агентот Read More »

Кој беше државниот секретар Тилерсон


Рекс Тилерсон, сега веќе поранешен американски државен секретар, член на Републиканската партија, инженер, чие богатство се проценува на 245 милиони долари, на тоа место дојде 1 февруари 2017 од позицијата извршен директор на американската нафтена компанија Ексон мобил, како еден од најдобро платените директори во светот. Се наоѓа на 25. место на листата на Форбс, …

Кој беше државниот секретар Тилерсон Read More »

Британската амбасадорка во Москва повикана на разговор


Амбасадорката на Велика Британија во Москва денеска е повикана на разговор во руското Министерство за надворешни работи, соопшти руското МНР. Вчера, пак, рускиот амбасадор во Велика Британија беше повикан на разговор. Во исто време, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ќе соработува со Велика Британија само доколку добие примероци од нервниот …

Британската амбасадорка во Москва повикана на разговор Read More »

Јункер: ЕУ и Западен Балкан имаат заедничка иднина


Нема точни датуми кога земјите од Западен Балкан ќе се приклучат кон ЕУ, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер пред Европскиот парламент во Стразбур. – Пред две недели го посетив регионот. Бев погоден од страста за ЕУ. Тоа ми донесе нова верба дека ако овој драматичен регион е толку решен да се промени фундаментално, …

Јункер: ЕУ и Западен Балкан имаат заедничка иднина Read More »

Еврогрупата дозволи транша од 5,7 милијарди евра за Грција


Нова транша од 5,7 милијарди евра ќе добие Грција во втората половина од март, беше одлучено на синоќешната средба на Еврогрупата. Претседателот на Еврогрупата Марио Сентено пред новинарите изјави дека во април на дневен ред ќе биде и прашањето за олеснување на грчкиот долг. Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси изрази задоволство од …

Еврогрупата дозволи транша од 5,7 милијарди евра за Грција Read More »

Тесла Модел 3 ќе користи магнетен мотор со редок ресурс од Кина


Автомобилската компанија Тесла предизвика скок на побарувачката за неодимиум, откако најави дека магнетните мотори што ги користи за својот Модел 3 ќе го користат овој редок метал. Кина е главен производител на неодимиум, поради што Тесла досега одбегнуваше да го користи во своите мотори, стравувајќи дека ќе се изложи на опасноста да остане без доволно …

Тесла Модел 3 ќе користи магнетен мотор со редок ресурс од Кина Read More »

Вашингтон ја осуди „деструктивната политика“ на Русија на Балканот


Американскиот помошник државен секретар за Европа и Азија Вес Мичел предупреди денеска од Приштина за „деструктивната улога“ на Русија на Балканот и ја обвини Москва дека ги „поткопува“ демократските институции во регионот. – Гледаме дека Русија игра се подеструктивна улога во голем дел од Балканот, како дава дезинформации, поткопувајќи ги демократските институции, изјави Мичел. – …

Вашингтон ја осуди „деструктивната политика“ на Русија на Балканот Read More »

Трамп не ја подигна старосната граница за купување оружје


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги следи судските случаи и пресуди пред да донесе одлука за старосната граница за купување одредени видови оружје. „Вооружени чувари се ОК мерка“, напиша Трамп на Твитер по соопштението од Белата куќа во кое се изложува планот со мерки за борба против оружени напади во училиштата. Во пораката за …

Трамп не ја подигна старосната граница за купување оружје Read More »

Лажните информации – следен предизвик за Европската Унија


Еврокомесарката за дигитално општество, Марија Габриел ги прими денеска препораките на експертската група задолжена да разработи план за борба против лажните информации на интернет. Глобалниот феномен на лажните вести, обелоденет по последните американски избори, се повеќе ја загрижува Европската Комисија (ЕК) во пресрет на европските парламентарни избори кои треба да се одржат во 2019-та. Според …

Лажните информации – следен предизвик за Европската Унија Read More »

Путин наредил соборување авион пред Олимпијадата во Сочи


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во 2014 година наредил да биде соборен киднапираниот патнички авион, за кој имаше информација дека ќе исфрли бомба на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи. Во документарниот филм „Путин“, емитуван синоќа на руската државна телевизија, рускиот претседател рече дека на 7 февруари примил повик од безбедносните служби одговорни …

Путин наредил соборување авион пред Олимпијадата во Сочи Read More »

Мичел негира дека и носи пакет на Србија за Косово


Помошникот на амерканскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел негира дека пристигнал на Балканот со пакет, во кој, администрацијата на претседателот Доналд Трамп има конкретен план за Србија и за Косово, кој ќе биде продолжување на пакетот на Ахтисари. Мичел изјави дека причината за неговата посета на земјите од Западен Балкан не е …

Мичел негира дека и носи пакет на Србија за Косово Read More »

Српски медиуми: Поранешен вработен влегол во фирма и почнал да пука


Поранешен вработен влегол во една софтвер фирма во Белград и почнал да пука при што настрадало едно лице, а две се повредени. Напаѓачот подоцна се обидел да се самоубие во својот стан со бомба. Локалните медиуми јавија дека инцидентот се случил во улицата Рузвелтова во Белград откако напаѓачот, идентификуван во српските медиуми како Небојша С., …

Српски медиуми: Поранешен вработен влегол во фирма и почнал да пука Read More »

Турски имам: Мажите треба да ги тепаат своите жени


Жените треба да му се благодарни на Алах за тоа што се тепани од страна на мажите, изјави турскиот имам Нусредин Јилдиз, објави турскиот весник „Хуриет“. Муслиманскиот свештеник во телевизиски проповед, емитуван на телевизија блиска до владејачката Партија на правдата и развојот, застана во одбрана на домашното насилство. – Мажите треба да ги тепаат своите …

Турски имам: Мажите треба да ги тепаат своите жени Read More »

Петнаесет години од атентатот на Ѓинѓиќ


На денешен ден се навршуваат 15 години од атентатот на премиерот на Србија и лидер на Демократската партија Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен пред зградата на српската влада во Белград. За организирање на убиство на српскиот премиер, на 40 години затвор беше осуден поранешниот командант на „Црвените баретки“ Милорад Улемак, а исти толку доби и …

Петнаесет години од атентатот на Ѓинѓиќ Read More »