На 81 година почина Милан Милутиновиќ, експретседател на Србија


Белград– Поранешниот претседател на Србија, Милан Милутиновиќ, почина на 81-годишна возраст. Веста за неговата смрт на Инстаграм ја објави шефот на срската дипломатија и претседател на Социјалистичката партија на Србија  Ивица Дачиќ. Милан Милутиновиќ беше претседател на Србија од 1997 до 2002 година. По завршувањето на неговиот претседателски мандат, во декември 2002 година, тој се […]

Вучиќ: Не продаваме оружје на Украина и Русија


Белград– Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека „ниту едно парче“ оружје од Србија не може да се најде на бојното поле во Украина, ниту на двете страни. -Ние на никој од нив не продаваме оружје, изјави Вучиќ за ТВ Прва. Тој посочи дека Србија продава муниција на Чешка, Шпанија, Америка, Турција, Азербејџан, но како […]

Ќе се обновува пругата Вора-Хан Хоти, како дел од транспортна мрежа TEN-T во Западен Балкан


Тирана – Албанската влада, со средства, обезбедени од неколку меѓународни финансиски институции, набрзо ќе почне со реализација на проектот за рехабилитација и изградба на 120 километри долгата железничка пруга, од граничниот премин Хан Хоти, на албанско – црногорската граница, до општина Вора, кај меѓународниот аеродром во Тирана. Тоа е дел од проширувањето на трансевропската главна […]

Стапија во сила мерките на ЕУ против Косово


Приштина – Европската унија усвои мерки против Косово за непреземање мерки за деескалација на ситуацијата на северот на земјата, а за тоа косовските институции и Влада беа информирани на 28 јуни, велат од ЕУ. Неименуван портпарол на ЕУ за приштинските медиуми потврди дека работата во работните тела во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација е […]

Драма на лет во Хрватска: Се обидел да ја отвори вратата од авионот


Хрватски портал известува за вистинска драма што се случила во петокот на 30 јуни на летот на Рајанер од Задар до Лондон. Еден TikToker објави видео од млад човек кој се обидел да ја отвори вратата од авионот. Кога истрчал кон вратата, две млади момчиња физички го совладале. Инаку, повеќето од патниците на тој лет […]

Уапсен напаѓачот кој пукаше во Сисак


Сисак – Уапсен е напаѓачот кој синоќа во хрватскиот град Сисак пукаше од калашњиков врз група луѓе, при што едно лице е убиено, а неколкумина се ранети. По пукањето напаѓачот со часови бил во бегство, а нешто по 1 часот по полноќ бил уапсен. -Маж кој е поврзан со пукањето во областа Сисак е уапсен, […]

ЕУ практично ја исклучи Приштина од програмата Дигитална Европа


Белград – Министерот за информации и телекомуникации на Србија, Михаило Јовановиќ изјави дека претставниците на Приштина не присуствувале на потпишувањето на договорот „Дигитална Европа до 2027 година“ за пристап на земјите од Западен Балкан до таа европска програма и оцени дека ЕУ практично ги исклучи програмата вредна 7,5 милијарди евра, јави дописникот на МИА од […]

Трагедија во Хрватска: Активирал рачна бомба и ја убил сопругата и себе


Вараждин- Синоќа околу 23 часот и 40 минути, во стан во Бисаго, 56-годишен маж со активирање на рачна бомба убил 48-годишна жена и себеси, објави полицијата во Вараждин. Истрагата на местото на настанот ја вршел заменикот на жупанискиот државен правобранител во Вараждин со стручна помош на полициски службеници. Телата на починатите по наредба на заменик […]

Во Словенија лани се зголемил бројот на кибер напади


Љубљана –  Словенија пријавила 4.123 инциденти за кибер безбедност минатата година, што е речиси една третина повеќе од 2021 година, се вели во извештајот на словенечкиот национален центар за сајбер безбедност (SI-CERT). Минатата година беше обележана со војната во Украина, која ја нагласи важноста од споделување информации со меѓународната заедница. Лани, т.н. „фишинг“ напади уште […]

Од 123 објекти во сопственост на СФРЈ, за распределба останати се уште 16


Договорот за сукцесија на поранешна СФРЈ беше склучен во Виена во 2001 година и стапи во сила три години подоцна со потписот на последната земја наследничка Хрватска. Седум анекси за поделба на имотот беа потпишани од тогашната СРЈ, во чиј состав беа Србија и Црна Гора, потоа Хрватска, Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина. Најинтересен […]

Европската комисија покренува инвестициски пакет во вредност од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан


Брисел – Европската комисија денеска го промовираше новиот финансиски пакет за поддршка на 14 водечки инвестициски проекти во областа на транспортот, енергијата, животната средина, човечкиот капитал и поддршката на приватниот сектор во Западен Балкан, во вредност од 2,1 милијарди евра. Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Европската комисија, тоа е петти инвестициски […]

Лајен: За четвртина е намален бројот на илегални имигранти од Западен Балкан


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел изјави дека благодарение на усогласувањето на визната политика со ЕУ, бројот на илегални мигранти од регионот на Западен Балкан е намален за четвртина. Таа посочи дека во последниот месец „многу е направено“ на Западен Балкан кога станува збор за визната хармонизација со ЕУ. „Партнерите […]

Алексис Ципрас – премлад за политички пензионер


Алексис Ципрас од секогаш знаел да изненади. Четири дена по парламентарните избори во Грција, тој се повлече од претседателското место во партијата Сириза и со тоаја презеде одговорноста за изборниот пораз.На гласањето минатиот викенд Сириза доби само 17,8 проценти од гласовите, за разлика од минатите избори, кога освоија повеќе од 31 процент.  Линк до целиот текст […]

Првите десет години на Хрватска во ЕУ: Стратешки проекти, економски напредок и одлив на население


Загреб– Пред точно една деценија, Хрватска стана 28-та членка на Европската унија и оттогаш ги исполни своите најважни стратешки цели и донекаде го намали развојниот јаз со „старите“ членки, но поради отворањето на европските врати за нејзините работници, има и голем одлив на жители. Влезот во ЕУ е еден од најважните настани во историјата на […]

Норвешка ќе ја затвори амбасадата во Приштина


Белград– Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека Норвешка одлучила да ја затвори својата Амбасада во Приштина и најави ресетирање на односите со Израел, кој го призна Косово, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ за ТВ Пинк кажа дека одлуката на Норвешка за затворање на Амбасадата ја дознал по разговорот […]

Умерен земјотрес регистриран во близина на Дубровник


Загреб – Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала утрово околу шест часот е регистриран во близина на хрватскиот град Дубровник. Интензитетот на земјотресот во епицентарот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), изнесувал пет степени. Засеганема информации за евентуално причинета материјална штета или повредени лица.

Ципрас си поднесе оставка од функцијата претседател на СИРИЗА


  Одлучив да предложам избор на ново раководство на партијата, за кое нема да бидам кандидат, порача лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во денешната вонредна изјава по состанокот на извршната канцеларија на партијата по поразот на изборите. Ципрас рече дека дојде време да се отвори нов циклус во СИРИЗА. Грчката опозициска партија претрпе голем пораз […]

Паѓа рејтингот на Румен Радев по формирањето на владата


  Бугарскиот претседател Румен Радев и понатаму ужива најголема доверба во бугарската јавност, но за првпат се забележува значителен пад на неговиот рејтинг откако се спротивстави на формирање на редовна политичка влада. Ова го покажуваат податоците од анкетата на агенцијата „Алфа рисрч“. Таа е направаена на примерок од 1.000 лица и е самофинансирана. Радев јасно […]

Кина одби да го репрограмира долгот на Србија, Вучиќ бара помош од ЕУ


Како што пренесува српскиот портал Време, српската влада неодамна се обидела да договори репрограмирање на обврските кон кинеските кредитори, но партнерите од Пекинг не биле заинтересирани за никакви отстапки. По негативниот одговор, српскиот претседател Александар Вучиќ го свртел кормилото, и побарал помош од луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел на маргините на европскиот самит во Молдавија. Според податоците […]

Вучиќ: Не чекаат многу маки на Косово


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува многу маки и проблеми на Косово и Метохија, но дека ќе направи „се што може за да го зачува мирот“, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ на прославата на Видовдан организирана од Српската напредна партија (СНС) во хотел Југославија, рече дека можеби некои мислат дека […]