Во Загреб падна снег. На Сљеме снежна покривка од 25 сантиметри


Во текот на ноќта во Загреб почна да врне снег, што доведе до формирање на тенок слој снежна покривка на теренот и возилата, јави Индекс.хр. ≈2,8 km (Intenzitet 3/10, Površina 4/10)https://t.co/864a2qLT62 (24. 03. 2024. 08:10) #Zagreb pic.twitter.com/LmP0G4mmZW — Alarm za kišu Zagreb (@KisaZagreb) March 24, 2024 Според податоците од 19 часот, висината на снежната покривка […]

Брнабиќ: Србија не блефира за можноста да излезе од Советот на Европа


Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ изјави денес дека Србија не блефира кога вели дека постои можност да излезе од Советот на Европа, доколку таа организација го прими Косово како членка, јави дописникот на МИА од Белград. Брнабиќ реагираше на размената на пораки на социјалната мрежа Х меѓу известувачот на Европскиот парламент за Косово […]

Дачиќ: Безбедоносната ситуација во Србија е стабилна, некои јавни собири ќе бидат забранети


Синоќешниот терористички напад во Москва, министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ го оцени како пропуст на руските безбедносни служби. По вонредната седница на Советот за национална безбедност, тој посочи дека безбедносната состојба во Србија е стабилна и дека МВР и безбедносните служби ги преземаат сите мерки на претпазливост, поради што некои јавни собири нема да […]

Бугарија и Романија влегуваат во Шенген зоната


Бугарија и Романија од 31 март годинава ќе бидат дел од Шенген зоната. На овој начин двете земји ќе можат слободно да се движат меѓу земјите-членки за околу 400 милиони граѓани. Што можат да очекуваат патниците? Бугарија и Романија се членки на Европската унија од 2007 година, а од оваа година и двете земји влегоа […]

О’Брајан до Курти: Ниту една влада не треба да ги осиромашува своите граѓани


САД го поздравија отварањето на претпристапните преговори меѓу Брисел и Сараево за интеграција на Босна и Херцеговина во ЕУ, и будно ја следат ситуацијата на Косово повикувајќи на намалување на тензиите меѓу Белград и Приштина. Џејмс О’Брајан, заменик на државениот секретар за европски и евроазиски прашања, на брифинг за новинарите денеска изјави дека Балканот сѐ […]

Продаден е хотелот „Југославија“: Еве кој е новиот сопственик, единствениот на лицитацијата


  Штотуку заврши јавното наддавање за хотел „Југославија“, а компанијата „Дунав Риверсајд“ во чија сопственост е хотелот и е во стечај, е купена од МВ Инвестментс. Оваа компанија беше единствената што се стекна со право на учество на аукцијата и го купи Хотел Југославија за 3,17 милијарди динари (т.е. по почетна цена), пишува „Блиц“. На […]

Изрешетан автомобилот на хрватскиот главен обвинител Иван Турудиќ


На судијата на Вишиот кривичен суд и новоименуван главен државен обвинител на Република Хрватска, Иван Турудиќ, му било пукано со огнено оружје во неговиот личен автомобил, неофицијално дознава Јутарњи лист. Според информациите потврдени за Јутарњи лист од повеќе извори, засега не се знае кој и кога пукал во неговото возило. Имено, се тврди дека Турудиќ […]

Платата на бугарски министер е 4.850 евра, толкава ќе биде и на градоначалникот на Софија


  Општинските советници во Софија четирикратно ќе си ги зголемат платите, а на градоначалникот Васил Терзиев зголемувањето ќе биде за три пати поголемо. Ваков предлог доставија сите партии во софискиот општински совет, освен ГЕРБ и Преродба. Тие наведуваат дека причината за вакво огромно зголемување била тоа што платите не биле ажурирани од 2014 година и […]

Косовската опозиција бара разрешување на владата на Курти и распуштање на Собранието


Опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) подготвила резолуција со барање за собраниска дебата за тригодишнината од владеењето на премиерот Албин Курти, со која бара оваа влада да го заврши мандатот со оставка и Собранието на Косово да се самораспушти, јави дописникот на МИА од Приштина. Шефот на пратеничката група на ААК, Бесник Тахири на […]

Брнабиќ: Што ви згреши толку Вучиќ?


Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, ја праша опозицијата и дел од медиумите што толку им згрешил Александар Вучиќ што го нарекуваат врховно зло и го напаѓаат неговото семејство. Таа во емисијата „Директно со Миња Милетиќ“ изјави дека се работи за човек кој има неспорни резултати и дека цел живот го дал за Србија, […]

Словенија, Хрватска и Италија го поддржуваат воведувањето мешани патроли на заедничките граници


 Министрите за внатрешни работи на Словенија, Хрватска и Италија – Боштјан Поклукар, Давор Божиновиќ и Матео Пјантедоси на состанокот во Брдо кај Крањ, го поддржаа воведувањето трипартитни мешани патроли долж нивните заеднички шенгенски граници, објавија словенечките медиуми. Тие ќе истражат дали ова би можело да биде алтернатива на граничните контроли кои се во моментов. -Западнобалканската […]

Шмит: БиХ сега игра во повисока лига, треба да почнат да спроведуваат реформи


Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит денеска изјави дека Босна и Херцеговина, по одлуката на Европскиот совет да и даде „зелено светло“ за отворање на пристапните преговори, игра во повисока лига, со големи очекувања и уште поголеми можности. „Важна вест доаѓа од ЕУ дека БиХ може официјално да ги започне пристапните преговори. Ова е голем […]

Земјотрес со јачина од 4,7 степени кај брегот на Крф


Атина – Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово јужно од грчкиот остров Крф. Земјотресот се случил во 7 часот и 20 минути по локално време и бил почувствуван на островот, а епицентарот бил на длабочина од 9,2 километри, пренесува Катимерини. Грчката агенција за планирање и заштита од земјотреси (ОАСП) […]

Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина


Европскиот совет вечерва одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина, соопшти претседателот на Советот, Шарл Мишел. Мишел на Х и честиташе на БиХ и порача дека местото и е во европското семејство. – Денешната одлука е клучен чекор напред на вашиот пат кон ЕУ. Сега треба да продолжи напорната работа за Босна […]

Вучиќ: Без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, во пресрет на Меѓународниот самит за нуклеарна енергија, изјави дека без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане и дека важноста што му се придава на овој самит покажува дека струјата ќе биде сè повеќе потребна. Овој самит и важноста што му се придава покажува какви погрешни одлуки […]

Манфред Вебер изгубил контакт со реалноста во Бугарија


Манфред Вебер, лидер на групата на народни партии во Европскиот парламент (ЕПП) порача денес дека политичкото семејство стои цврсто зад Марија Габриел во однос на „неоправданите напади“ со кои се соочува овие два дена. Тој уште ги осуди лидерите на „Промените продолжуваат“ и Демократската Бугарија, иако таа ја предизвика политичката криза која требаше да биде […]

Масовна полициска акција со апсења во Будва и Подгорица – подготвувале серија убиства


Во Подгорица и Будва утрово по наредба на Специјалното државно обвинителство се уапсени повеќе лица за создавање криминална организација и подготвување на повеќе убиства и други тешки кривични дела. Во тек се претреси на станови, куќи и други простории на осомничените за кои се претпоставува дека се членови на организирани криминални групи. Акцијата за апсење […]

Бугарија испраќа контингент од 100 војници во Косово


Контингентот ја заврши обуката и беше оценет „борбено подготвен“, соопшти Министерството за одбрана. Во Бугарија денеска беше организирано свечено испраќање на воен контингент од околу 100 војници, со што дополнително ќе се зајакне мировната мисија на НАТО на Косово и Метохија (КФОР). Свеченоста се одржи во 10:30 часот во Јамбол, на централниот плоштад пред зградата […]

Руте: БиХ направи доволно за да добие старт на преговорите, но не и да ја усогласиме Преговарачката рамка 


Холандија ќе го поддржи предлогот на Европската комисија за старт на преговорите за членство со Босна и Херцеговина, но во исто време пред да се усогласи преговарачката рамка земјата мора да ги спроведе сите неопходни чекори наведени во Извештајот на ЕК, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте при пристигнувањето на Самитот на ЕУ.  – Босна […]

Грешката на Борисов: Мислеше дека со уцени ќе го порази Петков


  Бугарија повторно влегува во тешка политичка криза и на хоризонтот на предвремени парламентарни избори. Ова ќе биде дестабилизирачки фактор за функционирањето на институциите и економијата и ќе ги намали изгледите за рано членство во копнениот Шенген и во еврозоната. Затоа што властите досега не успеаја да се договорат за продолжување на ротациската влада и […]