Ужас во Хрватска: Маж упаднал во дом за стари и почнал да пука, петмина убиени


Пет лица загинаа во понеделникот во Домот за стари и изнемоштени лица на улицата Мажураниќева во Дарувар, Хрватска, јавија локалните медиуми. Mojportal.hr неофицијално дознава дека маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето. Пет лица загинаа на лице место, додека на некои им се укажува лекарска помош. По […]

Дачиќ: Повлечена е одлуката за испраќње српски полицајци во РС за време на туристичката сезона


 Повлечена е одлуката за испраќање српски полицајци во градови во Република Српска за време на туристичката сезона поради негативните реакции од Сараево. Тоа денеска го изјави српскит министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ кој додаде таква соработка постои со Хрватска, Црна Гора и други земји. Дачиќ изјави дека обвинувањата од Сараево дека испраќањето полицајци е […]

Во Србија подарок од 5.000 евра за секој купувач на електричен автомобил


Белград – Властите во Србија синоќа најавија дека од буџетот ќе бидат издвоени по 5.000 евра за секој кој ќе купи нов електричен автомобил што ќе се произведува во фабриката во Крагуевац. -Ако автомобилот чини 22 или 23 илјади, имате пет илјади од нас, секој клиент, најави српскиот претседател, Александар Вучиќ. Како што беше најавено, денеска […]

Радев ќе го врачи вториот мандат за формирање влада


Софија – Претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе го врачи денеска вториот мандат за формирање влада. Се очекува мандатот да биде доставен претпладнето и веднаш да го врати втората по големина пратеничка група во Народното собрание – „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ). Според одредбите од бугарскиот Устав, по враќањето на тој мандат за формирање […]

(Фото) Свлечиште во Словенија затрупа куќи


 Во областа Кокра во општината Предвор во Словенија вчеравечер невреме предизвика големо лизгање на земјиштето кое затрупа неколку куќи. Градоначалникот Рок Роблек проценува дека денеска во рехабилитацијата ќе учествуваат повеќе од 100 припадници на различни служби и волонтери. Забраната за движење и прелет на беспилотни летала е на сила до понатамошно известување. „Четири куќи се […]

Рекордно висока влажност на воздухот од над 95 проценти во Истанбул, во областа Хатај температура од над 40 степени се чувствувала како 62 степени Целзиусови


Жителите на Истанбул имаа тешка ноќ поради рекордно високата влажност. Во многу области на градот таа беше над 95 отсто, јавува турската телевизија НТВ. Просечната температура измерена синоќа во турската метропола изнесуваше 28,3 степени. Рекордно висока влажност е измерена во областа Аташехир во азискиот дел на градот – 99 отсто, информира НТВ. Голем дел од […]

Утре почнува производството на првиот електричен автомобил во Крагуевац


ФЦА Србија утре официјално ќе ја одбележи успешната реализација на проектот во фабриката „Стелантис“ во Крагуевац – воведување на нови линии и почеток на производство на електричниот модел „Фијат Гранде Панда“, јави дописникот на МИА од Белград. Новиот модел е направен во две верзии – електричен и хибриден, а од Крагуевац прво ќе пристигне во […]

Со петиција против задолжителниот воен рок во Хрватска


 Центарот за економско образование (ЦЕО) денеска до хрватската Влада и Министерството за одбрана достави петиција со над 5.000 потписи против враќање на задолжителниот воен рок во Хрватска. ЦЕО наведува дека со петицијата официјално ги соопштува економските и правните аргументи против враќањето на задолжителниот воен рок. Државните тела сега се должни да испратат одговор до подносителите […]

Ликвидиран е Фатон Хајризи, убиецот на српскиот полицаец


Потпреседателот на српската влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, објави дека е ликвидиран Фатон Хајризи, Албанец кој уби полицаец во Србија. Припадници на полицијата го убиле убиецот на полицаец во околината на Лозница“, изјави Дачиќ кој излегол на местото на настанот. Ноќта од среда кон четврток, во Лозница беше убиен 34-годишниот полицаец Никола […]

Радев од Вјоса Османи побарал поголеми права за Бугарите во Косово


  Бугарскиот претседател Румен Радев од косовската претседателка Вјоса Османи побарал „целосно остварување на правата на бугарската заедница“. За време на нивната средба на самитот на Европската политичка зедница во Англија, Радев ѝ рекол дека забрзувањето на процесот на интеграција на Косово во меѓународните структури, европската и евроатлантската заедница ќе биде позитивен знак за целиот […]

Вучиќ: Нема да има ископ на литиум без целосна заштита на човечките животи и животната средина


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека без целосна заштита на човечкиот живот и природата нема да има ископ на литиум во Западна Србија, во околината на Лозница. На Самитот за стратешки суровини во Белград, тој рече дека знае оти проектот за ископ на литиум, кој треба да го спроведе компанијата Рио Тинто, нема да […]

Зголемено присуство на Ковид-19 во Грција


Тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 во Грција е регистриран во изминатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 8 до 14 јули годинава, позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на една седмица претходно. Хоспитализирани […]

Макрон ќе оди во Србија, тема продажбата на авиони Рафал


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „во следните недели или месеци“ има намера да ја посети Србија, каде што планира да ги финализира преговорите за воените договори, вклучително и договорот за продажба на авиони Рафал на Белград. Како што пренесе Политика, Макрон рече дека имал „исклучително плоден“ разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ за „економски, […]

Албанскиот парламент со декларација ќе го укинува „законот за војна“ што Грција го има со Албанија


Албанскиот парламент едногласно, со 96 гласа „за“, ја усвои декларацијата за укинување на „законот за војна“ што Грција го има со Албанија, од 1940 година. Декларацијата ја предложи Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ) на Шпетим Идризи, која е попозната како „партија на Чамите“, протерани Албанци од областа Чамарија во Грција. Идризи, при презентирањето […]

Наскоро просечната плата во Црна Гора ќе биде илјада евра, нема да има зголемување на ДДВ


Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ најави дека просечната плата во Црна Гора наскоро ќе биде 1.000 евра, дека ќе се намалат придонесите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО), кој нема да се укине. Тој нагласи дека данокот на додадена вредност, кој изнесува 21 отсто, нема да се зголеми и дека нема да се бара […]

Тинејџер почина од сипаници во Сараево


Доктор Аниса Бајрамовиќ, специјалист по епидемиологија од Институтот за јавно здравје на кантонот Сараево, потврди дека 17-годишен тинејџер починал од сипаници. Како што објави „Аваз“, тој е првата жртва на епидемијата. „Се подготвува извештај за ФБиХ, каде што ќе се опише епидемијата на пертусис (голема кашлица) и сипаници. Пертусис како што започна во ФБиХ минатата […]

Во делови на Атина веќе десет дена минималната ноќна температура е над 30 степени


Во повеќе делови на Грција, биле регистрирани високи температури и во текот на ноќта, а во атински населби веќе десет дена минималната ноќна температура е над 30 степени, според податоците од Националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Во предградието Пиреас од 9 јули, во континуитет, во текот на целиот ден […]

Дачиќ: Убиството на полицаецот е терористички напад од албански структури од Косово


 Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ го оквалификува убиството на полицаец и ранувањето на друг полицаец синоќа во Лозница како – терористички напад на албански структури од Косово. Дачиќ за РТС изјави дека се утврдува дали напаѓачот е човекот чија лична карта и пасош биле пронајдени во автомобилот или е неговиот брат кој избегал […]

За шест месеци во Албанија запленет имот вреден 100 милиони евра


По налог на општинските обвинителства во Албанија, во првата половина од годинава запленет е имот вреден околу 100 милони евра, стекнат од криминални активности. Според извештајот на државното јавно обвинителство, најголеми заплени на имот се извршени во Тирана во вредност од 60 милиони евра. Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност во Тирана само во […]

Јунската инфлација во Албанија 2,1 отсто, и понатаму најниска во регионот


Албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) објави дека за јуни инфлацијата изнесува 2,1 отсто што е на исто ниво со април а пониска за 0,1 отсто споредено со мај. Нивото на инфлација во јуни е речиси двојно пониско од пред една година кога изнесуваше 4,5 отсто. Според медиумите, споредено со земјите од регионот Албанија и понатаму […]