Во Хаг продолжува судењето на четворица поранешни лидери на ОВК


По едномесечна летна пауза пред специјалниот суд во Хаг денеска ќе продолжи судењето на четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.  На седницата, која ќе биде отворена за јавноста, предвиден е исказ на сведок […]

Вучиќ го освои Западот со ветувања за „бело злато“ – но го изгуби народот


БЕЛГРАД – Обидот на српскиот претседател Александар Вучиќ да стане омилен балкански лидер на Брисел има контраефект. Вучиќ успеа да го склучи договорот за снабдување на Европската унија со литиум што и е потребен за напојување на нејзината флота на електрични возила во иднина, но повторно разбуди масовно движење против големиот рударски проект кој беше […]

Во Црна Гора уапсен полски државјанин осомничен за милионска измама


 Во Црна Гора е уапсен полски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница од Полска и Јужна Кореја и кој е осомничен за кривични дела од областа на економскиот криминал. Станува збор за Роман Зимијан (51), кој е осомничен за кривични дела од областа на економскиот криминал, а тоа е за сериозен вид измама од […]

Маскиран напаѓач уби палестински бизнисмен и повреди две лица на улица во Истанбул


Турската полиција денеска почна „голема истрага“ откако еден Палестинец е убиен, а двајца се ранети додека седеле во своите автомобили во Истанбул. Турска новинска агенција објави дека во пукотницата синоќа загинал маж кој седел на возачкото седиште, а неговиот пријател бил тешко ранет. Друг маж, кој од канцеларијата на гувернерот е опишан како телохранител на […]

Мега плановите на зетот на Трамп на албанското крајбрежје предизвикуваат контроверзии


  Инвеститорот Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп, има големи планови за изградба на луксузни одморалишта во заштитените подрачја на Албанија. Кушнер веќе ја има поддршката од албанскиот премиер Еди Рама, кој сака да донесе туристи од „висок профил“ во неговата земја, но невладините организации, еколозите и групите за заштита на природата предупредуваат дека изградбата […]

Вахабистот Рамовиќ ликвидиран од српската полиција


Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека синоќа во селото Хотково, кај Нови Пазар, бил ликвидиран вахабистот Сенад Рамовиќ-Бечан, откако при негово апсење дал отпор и пукал во полицијата, објави српското Министерство за внатрешни работи на 18 август.   „Рамовиќ при апсењето одби да се предаде и испука три-четири куршуми кон полицијата“, […]

БГНЕС: Белград организира масовна кампања против бугарскиот конзул во Ниш


Во српските медиуми  почна масовна антибугарска кампања и лични напади врз конзулот во градот Ниш Петар Данов, јави БГНЕС од Белград. Во кампањата учествуваат сите функционери и владини медиуми како „Вечерне новости“, „Политика“, „Ало“, „Б92“ и така натаму. Сите објавуваат исти информации без никаква разлика. Во нив се бара одговорност, бидејќи „бугарскиот конзул во Ниш, […]

Албанија: За два дена седум самоубиства, дури шест во Тирана


Тирана– Под наслов „Што се случува во земјава“, албанските медиуми пренесуваат загрижувачка појава на самоубиства. Само во последните два дена регистрирани се седум самоубиства, од нив дури шест во Тирана, при што оние кои одлучиле сами да си пресудат се на возраст од 21 до 81 година. – Последниот трагичен настан се случил попладнево во […]

Стејт департмент: Сите тврдења за мешање на САД во протестите во Србија се лажни


Американскиот Стејт департмент објави дека секое тврдење дека САД се мешаат во протестите во Србија, или дека поддржуваат протестни движења насочени против Владата на Србија, е лажно. „Не сме изненадени што Русија, од друга страна, ги инструментализираше протестите за да ја постигне својата агенда во Србија, како што тоа го прави ширум светот“, се вели […]

Тројца повредени и петмина уапсени при пукање во кафуле на плажа на Халкидики


Атина– Пет лица се уапсени и се трага по уште едно лице, а повредени се тројца во пукање во кафуле на плажа во Ханиоти на Халкидики во кое, според грчките медиуми, учествувале бугарски државјани, а не е исклучена веројатноста да се работи за мафијашка пресметка, јави дописничката на МИА од Атина. Инцидентот се случил доцна […]

Делови на Измир под закана од шумски пожар


Анкара – Шумски пожар се движи кон станбените делови на турскиот град Измир. Во текот на ноќта од пет окрузи на Измир беа евакуирани 900 луѓе. Огнот оштети 16 згради, а повредени се 78 луѓе, од кои 29 се хоспитализирани. Хеликоптерите и авионите за гаснење на пожар утрово продолжија да се справуваат со огнот откако синоќа […]

Шумски пожари во Западна Турција го загрозуваат полуостровот Галиполи


Шумски пожари во Западна Турција ги загрозуваат домовите на периферијата на градовите и воените споменици на полуостровот Галиполи. Пожарникари се борат со пожари низ цела Турција денеска, откако сувите, топли и ветровити временски услови доведоа до серија пожари, вклучително и еден кој ги загрози спомениците и гробовите од Првата светска војна на местото на битката […]

Тепачка во турскиот парламент поради повик за ослободување на затворен опозициски пратеник


Анкара– Во турскиот Парламент денеска изби тепачка откако еден опозициски пратеник беше нападнат откако го спомна својот колега, Кан Аталај, кој е затворен поради обвиненија за финансирање на антивладини протести и кој подоцна беше избран за пратеник,и повика тој да биде примeн во парламентот. На видео снимката се гледаат пратеници од владејачката Партија на правдата […]

Во Грција ќе се отворат дополнителни центри за вакцинација против мпокс


Дополнителни пет центри за вакцинација против мпокс во различни делови на Грција ќе бидат отворени во следниот период, покрај оние што веќе постојат во две атински болници, а вакцинацијата започна на 22 јули годинава, соопштија од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Објаснија дека вакцинацијата е наменета […]

Аеродромот во Тирана на прво место во Европа според порастот на бројот на патници


Неколку години по ред бројот на патници кои ја користат услугата на меѓународниот аеродром во Тирана е во постојан раст. Ова го потврдуваат и најновите податоци објавени од Меѓународниот совет на аеродроми. Податоците од овој графикон покажуваат дека за периодот јануари-август 2024 година, во однос на истиот период од 2019 година, бројот на патници што […]

Специјалниот суд во Хаг им го продолжи притворот на Тачи и Весели


Хаг – Специјалниот суд во Хаг им го продолжи притворот на лидерите на поранешната ОВК, Хашим Тачи и Кадри Весели, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. Во образложението на решението е наведено дека советот констатирал дека доколку тие бидат ослободени, постои ризик да побегнат или да влијаат на сведоците и да […]

Ратко Младиќ паднал во несвест и ја повредил главата! Од Хаг итно бил пренесен во болница


Ратко Младиќ, поранешен командант на Генералштабот на Армијата на Република Српска,  изгубил свест во притворската болница во Хаг, по што паднал и ја повредил главата, изјави неговиот син Дарко Младиќ. Ратко Младиќ од април е во болницата поради неможност да се движи што, според неговиот син, предизвикало дополнителни компликации. Дарко Младиќ наведува дека минатата недела […]

Стано: Косово ризикува да остане само


Владата на премиерот Албин Курти е при крај со подготовките за отворање на мостотна реката Ибар, кој е главно затворен за сообраќај од крајот на војната во Косово во 1999 година, иако е отворен за пешаци. На мостот се случија некои од најлошите судири меѓу етничките Албанци и Србите, кои го сочинуваат мнозинството на северно […]

САД нема да се двоумат да ја осигураат заштитата на американскиот персонал во Косово


 Заменик портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, изјави дека САД „нема да се двоумат да направат се што е неопходно за да се обезбеди заштитата на американскиот персонал“ во Косово, пренесоа српските медиуми. Запрашан како ќе реагира Стејт департментот за да ги заштити животите на американските војници во КФОР од едностраните постапки, по најавата на […]

Поранешен функционер на Бугарската банка за развој и бизнисмен под истрага за проневера на 75 милиони евра


Еден човек е уапсен, а поранешниот извршен директор на државната Бугарска банка за развој, Стојан Мавродиев, и бизнисменот Румен Гајтански – Волкот, се бараат од страна на бугарското обвинителство поради истрага за присвојување на кредит од близу 150 милиони лева (околу 75 милиони евра). Стојан Мавродиев е главната мета на обвинителството, кое го сомничи за […]