Кипарскиот претседател соопшти мерки во висина од 50 милиони евра за справување со демографскиот проблем


Зголемување на породилниот додаток; месечна финансиска поддршка од 200 евра во траење од две години за мајките кои своето прво дете ќе го добијат пред 30-годишна возраст; поповолни услови за корисниците на додатокот за родителско отсуство; пилотско воведување на проширено попладневно работно време на градинките до 19:30 часот, се дел од мерките за справување со […]

Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот


 Потпретседателката на САД и демократска претседателска кандидатка Камала Харис изјави дека доколку биде избрана за претседател ќе ги поддржи земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и продолжувањето на евроатлантските интеграции, додека поранешниот американски претседател и Републиканскиот кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и зајакнување на безбедноста во тој регион. Претставници на изборните штабови […]

Жариште на птичји грип во живинарска фарма во Тирана


Семејна живинарска фарма во населбата Мезез во Тирана е жариште на птичји грип(Х5Н1). Извршена е контрола и се преземат соодветни мерки, објавија медиумите во албанскиот главен град. Во меѓувреме се врши проверка и во други фарми во поблиските места за да се потврди дали има и други случаи. – Надлежните издадоа забрана за продажба и […]

Ќе падне првата оставка по трагедијата во Нови Сад


Белград – Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка, по несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, јави РТС. – До сега не се огласив од почит кон жртвите и нивните семејства. Оставка поднесов истиот ден кога се […]

Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, осудена на шест месеци затвор


Подгорица – Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица денеска е осудена на шест месеци затвор, бидејќи сторила кривично дело злоупотреба на службената положба во врска со поранешниот судија на Основниот Суд на Рожаје, Милосав Зекиќ. Адвокатот на Меденица ја најави жалбата. Специјалното државно обвинителство поднесе обвинителен акт против Меденица во кој се […]

Јавниот долг на Србија во септември беше 38,15 милијарди евра, или 46,5 отсто од БДП


Јавниот долг на Србија на 30 септември изнесува 38,15 милијарди евра и изнесува 46,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти денеска Министерството за финансии. Учеството на јавниот долг во БДП е намалено во однос на крајот на минатата година, кога изнесуваше 48 отсто, а самиот долг на 31 декември 2023 година изнесуваше 36,15 милијарди […]

Маринакис: Патот на Албанија кон Европа поминува преку Грција


Патот на Албанија кон Европа поминува преку Грција и предуслов што не може да се заобиколи е почитувањето на грчкото етничко малцинство во Албанија, посочи портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на албанскиот премиер Еди Рама изразен вчера во Солун, јави дописничката на МИА од […]

Бојко Борисов би се откажал од премиерската функција


  Формирањето на новата влада во Бугарија нема да биде така лесно. Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, кој однесе убедлива победа на изборите, се согласи да се откаже од премиерската функција, но тоа бил единствениот компромис. И тој компромис го правел со самиот себеси затоа што неговата партија нема толеранција за „Продолжуваме со промената“. „Демократска […]

Притвор за тинејџер во БиХ кој испратил осум дојави за поставени бомби во училишта


Едномесечен притвор по предлог на обвинителството му е одреден на осумнаесетгодишното момче кое осум пати лажно пријавило дека биле поставени бомби во неколку училишта во Сараево, Општинскиот суд во Сараево, пишува „Кликс.ба“. Како што потврдија од Обвинителството на Кантонот Сараево, тој е приведен поради опасност доколку биде ослободен да повтори кривични дела, а се сомничи […]

Шефот на болницата во Нови Сад: Решив да ја извршам ампутацијата на самото место


Хирургот Драган Николиќ, началник на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, за „Блиц“ раскажува како се одвивала операцијата за спасување на повредените при уривањето на настрешницата во Нови Сад. Тој вели дека и покрај тежината на повредите, се надева дека пациентите ќе оздрават и напоменува дека е многу важно што заедно со професионалноста и […]

Над 60 последователни земјотреси на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени


Десетици помали земјотреси, беа регистрирани во близина на првиот крак на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени, а грчките сеизмолози велат дека сè уште е рано да се каже со сигурност дека беше главниот земјотрес, додека последователните се во нормална рамка, јави дописничката на МИА од Атина. Големиот земјотрес што не предизвика никакви […]

Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики, епицентарот близу Неа Мудања


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Халкидики. Како што јавија грчките медиуми, земјотресот е регистриран нешто по 19 часот, на длабочина од 5 километри. Епицентарот на земјотресот, според Геодинамичкиот институт во Атина, се наоѓа на 11 километри југоисточно од Неа Мудања на Халкидики. Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот бил […]

Експлозија на гас во станбена зграда во Турција: Едно лице загина, 16 повредени


Едно лице загина, а најмалку 16 се повредени во експлозија на гасна инсталација во станбена зграда во градот Чорум, северна Турција, соопшти градоначалникот Али Чалгaн за турската радиотелевизија ТРТ. Градоначалникот посочи дека состојбата на тројца од повредените е критична. Експлозијата се случила на еден од катовите во петкатната зграда на централната улица „Османџик.“ Пожарната служба […]

Вкупно 633 напади врз новинари на Западен Балкан во последните три години


Во изминатите три години, мрежата „Безбедност за новинарите“ (SafeJournalists Network – SJN) регистрирала 633 напади врз новинари во регионот на Западен Балкан, од кои само 49 биле правно решени. Организацијата ги повика новинарите да пријавуваат вакви случаи до надлежните органи. „Иако мал број случаи биле решени правно во изминатиот период, новинарите не треба да се […]

Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ


Во Белград, пред зградата во која се сместени повеќе министерства, меѓу кои и она за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и републичкото обвинителство, протестираат активисти кои бараат оставка од министерот Горан Весиќ. Пред влезот на министерството е распоредена полициска единица. Иван Бјелиќ, активист на групата SviĆe (Се разденува, но и Сите ќе), во име на […]

Солун добива музеј на холокаустот на осум ката за да го одбележи погромот на Евреите


  Малку места се порепрезентативни за ужасите што ја снашле Грција за време на нацистичката окупација отколку старата железничка станица во Солун. Токму овде, во сегашното правливо градилиште на надворешните рабови на градот, илјадници грчки Евреи беа натоварени со брутална ефикасност во камионите со говеда што ги однесоа во гасните комори во Аушвиц. И токму […]

Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица


Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу сериозна, изјави денеска министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и наведе дека во саботата биле сослушани 26 лица во врска со несреќата, а денеска ќе бидат сослушани уште пет лица. Во Војводина е втор ден на жалост. Поради трагедијата во Нови Сад во Црна Гора […]

Илјадници граѓани на местото на трагедијата палат свеќи, тројцата повредени се уште во критична состојба


Во Нови Сад денеска почна тридневна жалост поради несреќата во која загинаа четиринаесет лица, а тројца се тешко повредени кога врз нив се урна бетонската настрешница на Железничката станица. Тројца од повредените кои се во УКЦ Војводина се уште се во критична состојба, јави дописникот на МИА од Белград. Вечерва спроти Железничката станица во Нови […]

Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун


Грчките власти не им дозволиле влез на албанските новинарски екипи кои требало да ја следат утрешната средба на премиерот Еди Рама со албанската дијаспора во Солун. – Новинарите беа запрени со образложение дека не ја запазиле регуларната процедура. Од нивна страна е демантирано ова образложение на грчките власти наведувајќи дека надлежните се известени за имињата […]

Курти: Србија секогаш ќе биде опасност за земјите кои го попречуваат проектот „српски свет“


 Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека Србија секогаш ќе биде опасност за земјите кои го попречуваат проектот наречен „српски свет“, при што, освен Косово, како земји кои, како што рече, „се задеваат“ од Србија, ги спомна уште Црна Гора и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина. Според денешното соопштение на службата за […]