„Риц-Карлтон“ на местото на хотел „Југославија“ во Белград


  Компаниите Marriott International и Danube Riverside  денеска во Белград потпиша договор за пристигнување на престижниот хотелски бренд The ​​Ritz-Carlton во Србија, кој ќе ја трансформира локацијата на поранешниот хотел „Југославија“ во модерен хотелски комплекс. Договорот го потпишаа директорот на компанијата „Милениум тим“ Иван Бошњак и главниот оперативен директор за Блискиот Исток и луксузна EMEA […]

На Бојко Борисов му здодеа од Бугарија, не сака да биде премиер


  Бугарија сосем веројатно ќе оди на уште едни избори откако денеска Бојко Борисов, лидерот на ГЕРБ (партијата која на последното гласање освои најмногу пратеници) рече дека се откажува од плановите да биде премиер. И дополни дека веќе не сака да се „да се занимава со оваа скршена земја“. Борисов изјави дека ја повлекол канидатурата […]

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари


По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, во голема полициска акција против криминални групи албанската полиција уапси високи полициски службеници, поранешни судии, адвокат, како и двајца новинари. Акцијата била спроведена во соработка со Европол и други албански и европски агенции за спроведување на законот, а бидејќи истата е во тек, од СПАК […]

Министерот Весиќ, кој даде оставка по несреќата во Нови Сад, пренесен во болница


Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брза помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица. Како што е познато од српските медиуми, поради ненадејното влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање на лекарска помош, управата на […]

Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта


Во зградата каде што се наоѓаат Кантоналниот суд во Сараево и Општинскиот суд Сараево, утрово е пријавено дека е поставена бомба. Според информациите, припадниците на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон се на терен и вршат детален преглед, а во тек е евакуација на зградата. Поради дојавата за бомба, одложени се сите рочишта во […]

Поради магла и загаден воздух откажани летовите на аеродромот во Сараево


Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево. Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево. „Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските […]

Во Хрватска голема акција на Управата за сузбивање корупција и организиран криинал


Управата за сузбивање корупција и организиран криминал во Хрватска – УСКОК- спроведува акција при што според загрепски медиуми – во тек се апсења во пет окрузи. Апсењата и спроведувањето на итни доказни дејствија се резултат на кривична истрага спроведена од Службата за кибер-безбедност при Управата за криминалистичка полиција и Сплитско-Далматинската полициска управа по налог на […]

Бугарските патишта се најопасни во ЕУ. Родителите на настрадани деца бараат промени


Стоејќи покрај спомен плочата поставена во спомен на нејзиниот 14-годишен син, кој беше убиен од пијан возач во центарот на Софија пред една година, Николина Петкова вети дека ќе се бори за да ги направи бугарските патишта побезбедни. „Ништо не може да го врати нашиот Филип“, рече таа. „Но, јас чекорам напред за родителите повеќе […]

Сараево вечерва има најзагаден воздух во светот


Сараево во понеделникот вечерта се искачи на врвот на листата на главни градови со најмногу загаден воздух во светот, а на веб-страницата AirQuality беше означен како опасен по здравјето на луѓето. Заедно со индиски Њу Делхи, Сараево беше во т.н кафената зона, што укажува на максимална загаденост на воздухот. Швајцарската станица која собира податоци од […]

Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил


Истанбул – Осум лица загинаа во семеен масакр во Турција. Бахтијар Аладај убил седум членови од своето семејство, меѓу кои детето, мајката, таткото, сопругата и нејзината мајка, а сериозно ја повредил сестра си, пред да се самоубие. Телата на неговото дете, сопругата и нејзината мајка, кои биле пријавени за исчезнати, биле пронајдени покрај езерото Бујукчекмеџе. […]

Како дојде до општата тепачка во Собранието на Србија? (Фото, Видео)


  Расправата за Предлог-буџетот за 2025 година денеска требаше да се најде на дневен ред на Собранието на Србија заедно со уште 50-ина точки, но расправата не се одржа, откако пратениците и дел од министрите физички се судрија. Обезбедувањето ги раздвои, а неколку пратеници го продолжија конфликтот. Претседателката на собранието, Ана Брнабиќ, го пригуши звукот […]

(Видео) Хаос во српското собрание – Брнабиќ итно повика обезбедување


Пратениците на српскиот парламент денеска ја почнаа расправата за предлог-буџетот за 2025 година и пропратните закони, а на дневен ред на седницата има околу 50 точки. Денеска, како и многупати досега, опозицијата направи скандал. Во Собранието на Србија дошло до физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата, бидејќи опозиционерите по усвојувањето на дневниот ред […]

Обвинителството бара максимални затворски казни за Урош Блажиќ за масакрот во Мало Орашје и Дубона


Во Специјалниот суд во Белград денеска имаше завршни зборови на судскиот процес за масовното убиство во селата Мало Орашје и Дубона против Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, за кои обвинителството побара максимални казни, јави дописникот на МИА од Белград. Обвинетиот Урош Блажиќ изјави дека моли да биде „најстрого казнет“, велејќи дека сака да […]

(Видео) Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани


Поради обилни снежни врнежи и други неповолни временски услови, наставата во училиштата е прекината во 20 од 81 турска провинција, како и во одредени региони од уште пет провинции, пренесува Си-eн-eн Турк. Училиштата денеска остануваат затворени во Самсун, Кајсери, Нигде, Невшехир, Болу, Гумушане, Бајбурт, Јозгат, Токат, Сивас, Кахраманмараш, Ерзинџан, Киршехир, Кастамону, Караман, Малатија и други […]

Зголемен бројот на случаи на семејно насилство во Грција споредбено со лани


Над 18.000 случаи на семејно насилство биле регистрирани во Грција во првите 10 месеци од годинава, бројка што е речиси двојно поголема споредбено со лани, согласно податоците од полицијата што ги објави грчката новинска агенција АНА-МПА по повод Светскиот ден против насилството врз жените. Според истите информации, во првите десет месеци од 2023 година биле […]

Интервју на Вучиќ за Би-Би-Си, еве што одговори за Косово, резолуцијата за Сребреница, за големосрпската идеологија…


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше на британскиот јавен сервис Би-Би-Си каде изјави дека цел на државата е да стане полноправна членка на Европската унија и дека никогаш не го признале Косово. -Нашата цел е Србија да стане полноправна членка на ЕУ, но да ги има нашите традиционални пријатели и партнери на исток… На […]

(Видео) Руски патнички авион се запали веднаш по слетувањето во Турција


Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата, соопшти турското Министерство за транспорт. Министерството соопшти дека слетувањата на аеродромот биле прекинати до три часот по полноќ по локално време, додека авионот не бил отстранет од пистата. Сите 89 патници и шест членови на […]

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад


Белград – Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. – Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека е уапсена и приведен тринаесеттиот осомничен Ј.С.М., која на денот на апсењето не била […]

Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ


Белград – Владата на Србија на 22 ноември му го одзеде имунитетот на министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ, по што му беше одредена мерка притвор, јави дописникот на МИА од Белград. Весиќ беше уапсен на 21 ноември-четврток со уште 11 лица поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, кога при уривање на […]

Донел  бомба на забава. Млад човек загина, четворица се ранети, девојка се бори за живот


Книн- Синоќа дошло до експлозија во зграда во Книн, Хрватска. Едно лице загина, а четворица се ранети. Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неутврдена експлозивна направа, во која едно лице загинало, а четири лица се повредени и итно пренесени во болница. На местото […]