Некогаш странски платеници, сега странски агенти – Вулин предлага закон


„Странски платеници“ во режимот на Слободан Милошевиќ во 90-тите, денес „агенти на странско влијание“. Ознаката „странски агент“ може да стане законска обврска за невладиниот сектор доколку српскиот Парламент го усвои предложениот акт за агенти на странско влијание. Таков предлог во собраниска процедура доставија пратениците на Социјалистичкото движење, чиј основач е прорускиот потпретседател на Владата на […]

Во Црна Гора 28 пратеници земале над 2.000 евра плата


Од 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора, 28 од нив во ноември добиле над 2.000 евра, покажуваат последните податоци објавени на официјалната веб-страница на Собранието на Црна Гора, јавија црногорските медиуми. Платите на пратениците се повисоки од 1 октомври, а со Предлог-измените на Законот за платите на вработените во јавниот сектор, предложен од Владата, […]

Што се случува во Хрватска: Застрелани две лица, тројца мртви најдени дома, две бебиња закопани во двор?


Хрватска во последните два дена е погодена од невидени трагедии. Имено, попладнево најдени се тела на две лица маж и жена на поширокот подрачје на Лепоглава, а извршен е увид за да се утврдат причините. Полицијата реагирала по дојава дека се слушнале пукотници од куќата. Утрово пак, во семејна куќа во Раштевиќ најдени се три […]

Не успеа ни деветиот обид бугарските пратеници да изберат претседател на Собранието


Софија – Неуспешен беше и деветтиот обид за избор на претседател на бугарското Народно собрание. Пратениците и денеска гласаа за Силви Кирилов од ИТН и Наталија Киселова од БСП. Сепак, никој од нив не ја доби потребната поддршка. Пратениците утре повторно ќе се сретнат за десеттиот обид да изберат претседател на Парламентот. Бугарскиот Парламент веќе четврта […]

Унгарија предложи, но ЕУ одби да го отвори кластерот 3 со Србија


  Земјите членки на ЕУ повторно не постигнаа договор за отворање на кластерот 3 во преговорите со Србија, дознава РТС од дипломатски извори во Брисел. Ниту третата средба на ниво на амбасадори на оваа тема не доведе до потребниот консензус. Унгарија како претседател на ЕУ најавува дека дебатата за ова прашање ќе продолжи следната недела. […]

Западен Балкан е поподготвен да увезува работници отколку да ги подобри работничките права


Земјите од Западен Балкан се поспремни да увезуваат работници отколку да ги подобрат работничките права, изјави денеска на новинарите во Белград Владимир Симовиќ од Центарот за еманципаторски политики. На презентацијата на анализата за параметрите на пристојната работа во регионот, тој рече дека генерално нема штрајкови за подобрување на работничките права во приватниот сектор, а нема […]

Уште еден удар по џебот на туристите! Грција воведува нови мерки и даноци, вака ќе изгледа летувањето во иднина


Туристите кои планираат да ја посетат Грција, од следната летна сезона очекуваат бројни промени. Грција е една од најпопуларните дестинации меѓу Македоинците, но серијата нови правила што ги најави оваа земја и кои ќе стапат на сила ќе го променат досегашниот начин на летување. Грчката влада претстави нов даночен закон со цел зголемување на приходите […]

САД се загрижени од предложениот закон за странски агенти во Србија


  Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени за импликациите што предложениот закон за странски агенти во Србија би можел да ги има врз демократијата, човековите права и основните слободи, вклучително и слободата на изразување и здружување, се вели во одговорот на Стејт департментот за Радио Слободна Европа. „Ваквиот закон може да го стесни просторот за […]

Бугарија нема ни претседател на парламент, ќе гласаат по деветти пат


  Во Бугарија во тек е седница на која ќе се направи уште еден обид, по деветти пат, да се избере претседател на 51. Народно собрание. ПП-ДБ за кандидат за функцијата во име на коалицијата го предложи Атанас Атанасов, додека БСП – Обединета левица уште еднаш ја истакна кандидатурата на Наталија Киселова. Преродба уште еднаш […]

Резервите на злато на Албанија со највисока вредност во историјата


Резервите на злато во Централна банка на Албанија достигнаа вредност од 277,71 милиони евра, што претставува највисока вредност во текот на нејзината историја. Според официјалните податоци на Банката вкупната вредност во текот на минатиот месец е зголемена за околу 20 милиони евра во однос на   август. -Овој пораст дојде како резултат на зголемувањето на неговата […]

Писмото на Тачи за заминување на безбедносните сили на северот на Косово „се уште важи“


 Ветувањето на Косово дека нема да ги распореди своите безбедносни сили на северот на земјата без претходно одобрение од НАТО е се уште на сила, иако мандатот на тие сили во меѓувреме е променет, изјави Бесфорт Рецај, професор по меѓународно право на Универзитетот во Приштина за Радио Слободна Европа. Тој објаснува дека изјавите или декларациите […]

Филип Рикер: Потрошивме многу време на Балканот, сега има и други предизвици


  Четврт век по конференцијата во Рамбује, Филип Рикер, поранешен заменик-помошник на американскиот државен секретар кој беше во тимот на актуелниот американски амбасадор во Белград, Кристофер Хил, на преговорите во Франција беше гостин на Белградскиот центар за безбедносна политика. Иако по напуштањето на Стејт департментот се сврте кон приватниот бизнис, Рикер сѐ уште со значително […]

Бугарските пратеници во нов – деветти обид – да изберат претседател на Парламентот


Бугарските пратеници претпладнево ќе остварат нов обид – деветти по ред за избор на претседател на Парламентот, јави БТА. Минатата недела тие повторно не успеаја да изгласаат шеф на законодавниот дом. Во петокот ГЕРБ-СДС ја смени тактиката – лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов објави дека ја повлекуваат кандидатурата на нивниот кандидат Раја Назарјан и ќе […]

Каја Калас остро до Вучиќ и Курти: Нема членство во ЕУ без нормализација на односите


  Новата висока претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, во Брисел изјави дека единствениот пат за членство во ЕУ е нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. „Единствениот начин за членство во ЕУ е нормализација на нивните односи, врз основа на Охридскиот договор“, напиша Каја Калас на платформата Икс, каде […]

Во Албанија почна исплатата на новогодишниот бонус за пензионерите во износ од 100 и 150 евра


 Почна исплатата на новогодишен бонус за албанските пензионери, за што, владата на премиерот Еди Рама, издвои средства во износ од 100 милиони евра. Премиерот денеска објави дека еднократниот финансиски надоместок веќе го повлекле од банките 51.357 пензионери низ целата земјава. – Во наредните денови целиот фонд од 100 милиони евра ќе биде распределен на 724.933 […]

Пронајдени мртви бебиња закопани кај Вараждин. „Родителите во притвор се молат и ja читаат Библијата“


Кај Вараждин во Хрватска, пронајдени се две тела на бебиња, закопани во дворот на семејната куќа. Родителите се уапсени. Родителите на двете бебиња, кои беа пронајдени закопани во дворот на семејниот дом во Љубље Калнички, на подрачјето на општина Љубешчица, времето го поминаа во притвор, каде што беа однесени, читајќи ја Библијата, не зборувајќи и […]

Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот


Се одржа вонредната седница на Собранието на Град Нови Сад на која беше одбиен предлогот на опозицијата за разрешување на градоначалникот Милан Ѓуриќ поради трагедијата на Железничката станица. Веднаш по почетокот на седницата имаше неколку инциденти, а во еден момент пред градското собрание се собраа граѓани кои се обидоа да влезат на седницата, јави дописникот […]

Вучиќ: Опозицијата во Србија го следи патот на обоената револуција во Северна Македонија


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека целта на протестите во Србија е насилно соборување на демократски воспоставената власт и дека опозицијата во Србија оди по патот на обоената револуција во Северна Македонија. -Мислите дека е генијално тоа што ги обоивте бехатон плочите со црвена боја, кои нема да можат целосно да се исчистат? Дали мислите […]

Милановиќ до хрватската ДИК ја поднесе својата кандидатура за претседател


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го достави својот предлог за кандидатура до Државната изборна комисија (ДИК). Предлагачи се група партии на чело со Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП). Со тоа Милановиќ е првиот кандидат за „Пантовчак“ кој поднесе своја кандидатура. Од 14 потенцијални претседателски кандидати, досега само тројца го најавија своето доаѓање во ДИК. Покрај Милановиќ, […]

Хрватскиот парламент ќе расправа за доверба на премиерот Пленковиќ


По еднонеделен одмор, парламентарците во Хрватска се враќаат и ги очекува многу работа во следните две недели, од донесувањето на државниот буџет за 2025 година и изборот на уставни судии до потврдувањето на нов министер за здравство и расправа за доверба на премиерот, јавија хрватските медиуми. Прашањето за доверба на премиерот Андреј Пленковиќ го отвори […]